КАФЕ ПАУЗА

Поезија: Ноќи кои раѓаат незаборав

Ноќи кои раѓаат незаборав

Автор: Ирена Постолова rnrnНоќи кои раѓаат незаборавrnrnПролетните ноќи раѓаат незаборав,rnја појат душата и очите.rnШепотат… таму некаде под ѕвезденото небоrnблеска чиста љубов посеана,rnопива мирисот од сочните бакнежи.rnТаму некаде расне тревата по која газевмеrnи љубовта ја растевме,rnсè уште влажна од нашите солзи,rnкако штотуку исплакани, пресни.rnТаму некаде дрвјата ги наведнале гранките,rnтажат по нас, по споените срца,rnнајсилните прегратки,rnпо најслатките зборој и утехи.rnТаму некаде пак врне најслаткиот дождrnсо кој ја полевавме љубовтаrnдодека за вечно сакање се колневме.rnТаму некаде пак гали најнежното ветреrnкое го носеше шепотот „те љубам“ до ѕвездитеrnи го враќаше во срцата.rnТаму некаде пак изгрева полната месечинаrnкоја трепереше од нашата страст,rnод ненаситните усни и нивната сластrnи се смешкаше на разбушавените коси.rnИ… сè остана таму некаде,rnи овде и секаде, во срцата и мислите.rnСега, таму некаде потонувам во сонот,rnзаспивам со пролетните ноќиrnсо најубавиот спомен во очите иrnнајсилната љубов во срцето!