Група поранешни студенти, веќе сите докажани во својата кариера, се договориле да одат да го посетат нивниот стар професор од факултет.rnrnОтишле таму и набрзо разговорот се претворил во поплаки за стресот кој им го предизвикува работата и општо животот.rnrnПрофесорот им понудил кафе на своите гости, па отишол до кујната и се вратил со голем бокал и различни шолји: порцелански, пластични, стаклени, некои кои изгледале обично и други кои изгледале скапо. Им кажал да се послужат самите.rnrn
rnrnКога сите студенти земале шолја кафе во рака, професорот им рекол:rnrn
„Ако забележавте, сите убави и скапи шолји се земени, останаа обичните и евтините. Иако е нормално да го сакате најдоброто за себе, тоа е изворот на сите ваши проблеми и стресови. Бидејќи сите вие всушност сакавте кафе, а не шолја, но свесно посегнавте по подобрите шолји и сега меѓусебно гледате во шолјите на другите.rnrnЕ сега, животот е кафе, работата, парите и позицијата во општеството се шолјите. Тие се само алатки кои треба да ги користите за да го издржувате животот, но квалитетот на животот со нив не ви се менува. Понекогаш, концентрирајќи се само на шолјата, не успеваме вистински да уживаме во кафето што се наоѓа во неа.“
rnЗатоа пријатели, не дозволувајте да ве води шолјата. Наместо тоа, уживајте во кафето.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
