Секој човек кој има гениталии би кажал дека е голем фан на сексот. Но како и да е, постојат неколку нешта на оваа планета кои се подобри од оргазмот. Да, колку и да е тешко да замислите поубаво чувство од оргазмот, сепак има! Најдобриот дел е што за да ги доживеете тие чувства не е потребна дрога, крадење, ниту пак добивка од милион евра на лотарија. Ако вашата рака е уморна, а немате трпение да убедувате некого да легне со вас во кревет, еве листа од нешта кои се подобри од сексот.rnrn
rn
1. Исплаќање на долгот од кредитната картичка
rnНе постојат зборови со кои може да се опише чувството кога целосно ќе го исплатите долгот од кредитната картичка. Ако сте имале таков долг, знаете дека истиот секоја вечер легнува со вас во кревет и ве притиска, не дозволувајќи ви мирно да спиете. Кога конечно ќе дојде денот кога ќе се ослободите од последната рата, чувството е како да доживувате илјада оргазми одеднаш.rn
2. Членство во фан група
rnПрашајте ги фановите на филмот „Војна на Ѕвездите“ како се чувствувале кога биле на премиерата пред триесетина години и како се чувствуваат сега кога заедно со своите деца биле на премиерата на најновото продолжение на овој добро познат серијал.rn
3. Совршен прв состанок
rnКога сте на прв состанок во воздухот се чувствува нова надеж. Често се прашувате „Дали е ова почетокот на нешто важно во мојот живот?“ После совршениот прв состанок се чувствувате подобро отколку после секс затоа што постои еден вид надеж над хоризонтот која ви покажува дека почнува нова и убава епизода од вашиот живот.rn
4. Унапредување на работното место
rnМалку нешта на светот се подобри од чувството кога вашиот шеф конечно го препознал трудот кој го вложувате на работното место. Без разлика дали претходно сте биле на дното од хиерархијата или конечно сте добиле своја канцеларија, вие ќе се почувствувате како конечно да сте успеале во животот.rn
5. Убав коктел после напорен ден
rnПосле долгиот ден на работа каде што сте имале расправија со шефот, прекрасно е чувството кога ќе се напиете силен и вкусен коктел кој ќе го смири вашето тело, но и вашиот ум.rn
6. Првиот бакнеж со некој кој навистина ви се допаѓа
rnСамото сознание дека му се допаѓате подеднакво на човекот кој ви се допаѓа вам е убаво исто како и сексот, а понекогаш можеби дури и поубаво.rn
7. Првиот ден од одморот
rnЗатоа што чувствувате дека одморот е полн со можности и дека сѐ може да се случи.rn
8. Завршување на трогателна книга
rnАко кажете дека крајот на последната книга од серијалот за Хари Потер не ве насмеа, расплака и натера триумфално да ги кренете тупаниците, тогаш сигурно лажете.rn
9. Првото гледање на филмот „Добри Момци“
rnБез разлика дали ви се допаднал или го мразите, чувството после првото гледање на филмот е како да ве заплискале со ладна вода во лицето и сте почувствувале нешта за кои не сте знаеле ни дека можат да постојат.rn
10. Кога вашите родители ви кажале дека се гордеат со вас
rnЧудно е кога на листата на подобри нешта од секс ќе прочитате родители, но сигурно го знаете ова чувство. Станува збор за онаа супериорност дека сте постигнале нешто големо, кога луѓето кои се грижеле за вас повеќе не ве гледаат како дете и почнуваат да се гордеат со личноста во која сте израснале.rn
11. Божиќна вечера
rnЗатоа што цела година сте го чекале денот кога целото семејство ќе се собере покрај богатата божиќна трпеза.rn
12. Купување на нешто за кое напорно сте работеле
rnИма малку чувства подобри од моментот кога конечно сте купиле нешто за кое долго сте штеделе. Без разлика дали се работи за автомобил, куќа или едноставно за маичка со кратки ракави која со месеци сте ја меркале низ излогот, чувството кога ќе ја исполните оваа цел е подеднакво убаво како и сексот.