Знаете како велат, што се случува во Вегас, останува во Вегас? Но, што ако имате можност со целосна дискреција да погледнете во тајниот живот на луѓето околу вас? „Исповеди“ е јавен артистички проект кој ги повикува луѓето анонимно да ги споделат своите исповеди и да ги разгледаат оние на луѓето околу нив во срцето на Лас Вегас.Како стажист во хотелот Космополитен во Вегас, Кенди живеела таму еден месец и за тоа време ја претворила нивната галерија во место каде што секој ќе може да ги сподели своите најдлабоки мисли и грижи. Инспирирана од проектот „Post Secret“, светите Шинто ѕидови за молитви и католицизмот, таа создала место каде што луѓето ќе можат да ги напишат своите исповеди на дрвени плочи, приватно во исповеднички кабини. Потоа таа ги закачува анонимните плочки на ѕидовите во галеријата и дел од нив ги црта на големи платна. Во галеријата исто така е пуштена оригинална мисловна музика од Оливер Бленк. При крајот на изложбата, преку 1.500 исповеди биле изложени на ѕидовите кои рефлектирале најразлични видови емоции:rn
- rn011
- Твоето име е истетовирано на мојот задник.
- Сè уште ја сакам. И по 2 девојки и 5 години.
- Сакам порно филмови повеќе од мојот маж.
rn011
rn011
rn
- rn011
- Му продавав хероин на мојот пријател и тоа му го уништи животот.
- Се плашам дека ќе умрам млада како мајка ми.
- Јадам премногу кашкавал.
rn011
rn011
rn
- rn011
- Имам 30 години и никогаш не сум доживеала оргазам.
- Украдов преку 15.000 долари од компанијата во која работам.
- Не знам што правам, а времето ми истекува…
rn011
rn011
rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

