Тие се тврдоглави и спремни да направат сè со цел да се изборат за оние што ги сакаат. И иако многумина мислат дека се способни за ова, сепак само родените во овој хороскопски знак издржуваат до самиот крај! Станува збор за Стрелците!rnrn
rnrnНив најдобро ги опишува променливото расположение и авантуризмот, поради кои и не се заљубуваат толку лесно. Но, кога еднаш ќе ја пронајдат вистинската личност која целосно ги исполнува и која ја сметаат за сродна душа, Стрелците ќе направат буквално сè за да ја освојат и да ја задржат покрај себе.rnrnТие воопшто не се грижат како ќе изгледаат во очите на другите, бидејќи кога се заљубени, уверени се дека таа личност вреди за секоја нивна постапка. Сепак, поради нивниот незрел карактер, тие имаат потешкотии да го задржат партнерот на подолготраен рок, па и покрај нивната пожртвуваност, понекогаш сепак не успеваат во својата љубовна цел.rnrnДознајте и кои се 20-те животни принципи според кои се води секој Стрелец.
Единствениот хороскопски знак што би направил сè за љубовта!
