Кофеинска инспирација: Фотографии со кафе што ќе ви го разубават денот

Сподели

Една Јапонка, позната на Инстаграм како Sawa, како и сите нас, го започнува својот ден со една шолја кафе. Но за неа, тоа е повеќе од само потребната дневна доза кофеин. Секој топол пијалак ѝ овозможува да создава прекрасни уметнички дела. Во серијата што сè уште трае, наречена „La Fee De Fleur“, таа реди свежи и суви цвеќиња околу шолја кафе. Тие се толку пријатни за гледање што едноставно нема да можете да го оттргнете погледот. Нејзината мисија е едноставна, но слатка – таа сака да ве потсети да уживате во убавината на утрото. Со секоја фотографија, таа споделува и позитивни мисли, па ако сакате да ве наполни со добра енергија, пронајдете ја на Инстаграм! Во меѓувреме, погледнете дел од нејзините одлични фотографии!

Реклама New Ways Of Travel

Можеби ќе ви се допадне и оваа кофеинска уметност: Слатки животинки, предмети и ликови од поп културата исцртани на кафе.

Популарно

Може ќе ве интересира