Многу е лесно да ги саботирате вашите најдобри интереси. Но, со помош на наредниве неколку правила нема да го направите тоа. Сакате вашиот партнер навистина да ве слуша кога зборувате? Имате потреба да бидете слушнати? Тоа што имате да го кажете е толку важно што мора да му се обрне внимание? Но, и покрај сѐ, не успевате во вашата намера. Прочитајте зошто…rnrn
rn
Предолго објаснување
rnБидејќи тоа што имате да го кажете е важно, сигурно ќе бидете во искушение да го објасните детално. Немојте. Многу е полесно да се разбере концизна изјава за проблемот (барем на почетокот) отколку широко објаснување.rn
Повторување на истиот разговор повеќе пати
rnВие го кажавте вашиот проблем и партнерот учтиво ве слушаше. Завршувате со објаснувањето и… не добивате никаков одговор. Вие очекувавте вклучување во разговорот, но не ви е јасно што точно се случува во главата на вашиот партнер, или пак уште полошо, се плашите дека е нешто многу негативно. Обидете се да не почнувате од почеток со објаснувањето, туку едноставно прашајте го/ја неколку прашања како, „Дали се согласуваш?“ или „Што мислиш ти за ова?“rn
Разговарање за приватни теми пред други луѓе
rnМожеби се чувствувате совладани од емоциите, фрустрациите па дури и гневот. Можеби чувствувате огромна потреба да искомуницирате за тоа што се случува во вас, но доколку ги искажете овие нешта на глас, пред други луѓе, има големи шанси вашиот партнер целосно да се затвори, да почне да ве осудува или да биде засрамен наместо да ве слуша.rn
Игнорирање на молбата да се разговара подоцна
rnВие веќе го искажавте својот став (можеби и повеќе пати) и вашиот партнер се обидува да слуша, но поради некоја причина едноставно не е добар момент за тој разговор. Тој/таа ви вели, „Ајде да разговараме за ова наредниот викенд кога ќе имаме повеќе време.“ Но, вие сте убедени дека вашите потреби мора да бидат ставени пред оние на вашиот партнер и продолжувате со зборување. Токму затоа наместо да имате само еден проблем за разговарање, вие ќе направите два. Оригиналниот проблем и новиот кој се однесува на вашето игнорирање на потребите на партнерот. Дури и доколку продолжите со говорење, вашиот партнер сѐ повеќе ќе се лути за начинот на кој се однесувате со него/неа и колку понегативен ќе станува толку полошо ќе одговара во врска со вашиот првичен проблем.rn
Будењето и почнувањето од почеток
rnВие сте толку вознемирени за одреден проблем што не можете ни да спиете добро. Вашиот партнер ја доживува истата ситуација. Наместо да се прегрнете како ништо да не се случило и да продолжите со разговорот наредното утро, навратете се веднаш на темата. Без разлика на часот. Веднаш ќе забележите дека работите ќе почнат да се средуваат.rnrnНа кратко, понекогаш сакаме нешто премногу или пак, чувствуваме нешто толку интензивно што дозволуваме тоа да застане на патот кон нашите најдобри интереси. Но, без разлика на тоа колку силно сакате да разговарате за нешто, вашиот партнер најмногу ќе ве слуша и најдобро ќе одговара доколку истовремено покажувате дека сѐ уште сте свесни и за неговите или нејзините потреби.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.