ТВ серија за поддршката што меѓусебно си ја даваат пријателите, која понекогаш продолжува и во спалната собаrnrn
Главни улоги: Данил Еклс, Рајан Хенсен, Зак Крегер, Андре Холанд, Џесика ЛукасrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 5 август 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 21 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6rnrnВаша оценка: [ratings]rn
Тие се пријатели кои се секогаш тука еден за друг. Секој од нив е опседнат да ја најде својата сродна душа, но секој од нив има и различна дефиниција за тоа. Трагајќи по совршениот партнер, барајќи психолошки и сексуални совети, некои од нив, на крајот од денот сепак завршуваат во истиот кревет. Во нивното друштво, изгледа како внатрешните интимни врски воопшто да не влијаат на дружбата, која секогаш е на прво место.
Романтичниот ситком, прво беше во рацете на ABC уште во 2009, но откако не добија зелено светло за пилот епизодата, им дозволија на NBC да ја продолжат работата.
rnrn
rnТрејлерот е направен со актерската екипа од пилот епизодата.rnrnДел од продуцентската екипа која работи на серијата учествувала во работата на серијата „Пријатели“ и на филмот „Непоканети гости“, додека како автори и извршни продуценти на пилотот се јавуваат имињата Scott Neustadter и Michael H. Weber („500 денови со Самер“).rnrnВакви серии, кои ги третираат љубовните ситуации во друштвото на неколку млади луѓе, се појавија доста во последно време. Доколку ви се допаѓаа „Пријатели“, „Совршени парови“ и „Модерна фамилија“, можно е да ви се допадне и „Пријатели за секс“. Оваа серија, е некаков спој од основната на приказната во првата, односите и врските во втората и хуморот во третата серија.



rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
