Динамичен трилер за потрагата по сопствениот загубен идентитет, во буквална смисла на зборотrnrn
Режија: Џаума Колет-СераrnrnУлоги: Лијам Нисон, Дајан Кругер, Ејдан Квин, Џенуери ЏонсrnrnВреметраење: 113 минутиrnrnЈазик: англиски, германскиrnrnПремиера: 18 февруари 2011rnrnЖанр: трилер, мистеријаrnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 6/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn————————————————————————————————————————————————————————rnДа ги немаше сите тие изненадувања, новиот трилер „Непознат” многу брзо ќе потонеше во заборав. Трилер како милиони пред него и како милиони по него. Но, единственото нешто што го прави овој филм поинаков од другите, се постојаните неочекувани случувања кои те држат „на штрек“. Искрено, можеби и на моменти не е претерано реалистичен, нормално доколку сакаш да гледаш во ситници и да чепкаш во детали. Сепак, ако едноставно сакаш да се изрелаксираш со приказна која ќе те „вози” и на чиј крај нема ни да се понадеваш, тогаш „Непознат” е сосема добар избор.rn ————————————————————————————————————————————————————————-rn
rnПриказна: Мартин и Елизабет Харис се брачен пар кои доаѓаат во Берлин поради конференција за биотехнологија. За да не ве заморувам со серијата на причинско-последични настани, скокам пет минути напред до моментот кога Мартин (Лијам Нисон) има сообраќајка и паѓа во кома од која се буди по четири дена. Оттогаш неговиот живот е свртен наопаку. Неговата жена не е крај него, а кога почнува да се обидува да се врати во нормала, сè е поинаку. Елизабет е со друг Мартин Харис крај себе и воопшто не го познава, додека тој не може да го докаже својот идентитет поради што влегува од една во друга ситуација во потрага по тоа кој е и што е. Филмот е преполн со изненадувања и ситуации поради кои и вие како гледач веќе не знаете што да мислите. Како долгогодишен следач на трилери, по дифолт, со секоја нова информација може да си поставите своја приказна, но таа најчесто се покажува како неточна. Токму во тоа е и убавина на овој филм, што се базира на неочекуваното.
Актерските остварувања се сосема солидни, тргнувајќи, пред сè, од Лијам Нисон кој одлично портретира човек што ја бара вистината за себе и на кој сите сеќавања за сопствениот живот му се покажуваат како неточни. А рамо до рамо со него е и неговата филмска партнерка, Дајан Кругер („Неславни копилиња“ и „Национално богатство“), која ја игра улогата на партнер во злосторството, односно таа е таксистката која го вози Мартин кога се случува несреќата, а потоа станува негов соработник против лошите момци.
Кинематографија: Комплетното дејство се случува во Берлин кој е студен, снежен, темен и некако мачен. Иако фотографијата е добра, останува чувството дека, сепак, не е доволно искористен градот за да го долови чувството дека дејството се случува токму таму. Сосема слободно можеше да биде во Париз, Лондон или некој друг европски град и да се добие сосема истиот ефект.
Кога да го гледате? Погледнете го во трилер-периодот, навечер. Филмот сепак подобро си легнува во друштво за да можете и да си прокоментирате некоја од можните опции за развој на дејството, сè додека не ве изненади нешто ново.
———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
