Извлечени тројцата добитници на главната награда: 4 дневен престој во престолнината на Бразил и билет за финалниот натпревар на легендарната Маракана
rn
rnrnДенес Македонски Телеком официјално ги додели главните награди од наградната игра „Со MaxTV на светското првенство во Бразил“ на тројцата среќни добитници кои ќе имаат можност да патуваат во Бразил на финалето од Светското првенство во фудбал.rnrnТројцата добитници: Диме Поповски, Радомир Димитриевиќ и Катерина Јованоска покрај повратен авионски билет добиваат и платено сместување за четири дена во хотел со 4 ѕвезди, платени трошоци за патната виза и билет за финалниот натпревар кој ќе се одигра на 13. јули на легендарниот стадион Маракана во Рио де Женеиро.rnrn
rnrnНаградите ги додели Густав Малер – Главен оперативен директор за приватни корисници во Македонски Телеком и Т-Мобиле, кој на добитниците им честита и им посака среќен пат.rnrnПраво на учество имаа сите постојни корисници на еден од пакетите 3Max или 3Max Optic, како и сите нови корисници кои се одлучија за овој пакет. Влечењето се реализираше по случаен избор, со компјутерска програма, од базата на корисници.rnrn
rnrnПокрај главната награда, исто така беа извлечени и добитници на 20 Sony LCD телевизори, кои беа доделувани секој петок, од започнувањето на наградната игра, 25 април, 2014 година па се до нејзиното завршување.rnrnMaxTV е најдобрата дигиталната телевизија која на своите корисници им нуди едно поинакво телевизиско доживување, ексклузивни ТВ содржини, супериорен квалитет на ТВ сигналот, но и опции кои стандардната телевизија не е во можност да ги понуди.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.