КАФЕ ПАУЗА

Ако барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работи

Ако барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работи

Кога барате личност со која ќе го поминете остатокот од вашиот живот, треба да обрнете внимание на овие две работи. Овие два правила ќе ви заштедат многу енергија, а можеби и многу време.rnrnАко барате доживотен партнер, важни се само овие 2 работиrn

1. Сè треба да биде едноставно уште од самиот почеток

rnОд моментот кога ќе се запознаете, сè треба да биде едноставно и лесно. Ако чувствувате дека можете да ѝ кажете сè на таа личност и ако лесно се согласувате за повеќето работи, не испуштајте ја таа личност.rnrnЕдноставното значи добро. Комплицираното значи лошо.rnrnАко покрај вас имате личност која бара од вас да се менувате, да се приспособувате или да правите работи што не ви одговараат, тогаш правите голема грешка. Порано или подоцна ќе ви здодее да се менувате или на партнерот ќе му здодее да ве менува вас. Ако постојано треба да му се докажувате на партнерот, тој не е за вас.rn

2. Врската треба да донесе радост

rnАко во врската не се чувствувате среќно, задоволно и исполнето, бегајте веднаш! Ако страдате и ако плачете заради него, тој не е за вас. Не размислувајте премногу бидејќи таквото однесување не е нормално.rnrnАко само едниот партнер се труди врската да биде исполнета со смеа и со задоволство, тогаш таа врска е бесмислена. Многу луѓе со години остануваат и страдаат во врска што не ги исполнува. Тие чекаат нешто да се смени, но таа промена нема да се случи никогаш.rnrnАко неговите зборови ве растажуваат или ве вознемируваат, време е да го напуштите партнерот.rnrnОдносот со партнерот треба да биде нешто што ќе ве направи среќни и партнерот треба да биде некој на кого ќе можете да се потпрете кога имате некој проблем. Вашата друга половина треба да биде некој што ќе знае да ве насмее и да ве сослуша.rnrnПрочитајте зошто е подобро да ја послушате вашата мајка ако таа ви рече дека не ѝ се допаѓа вашето момче.