rn
9. „Неверојатните“ – Бидете присутни!
rnГосподинот Неверојатен и неговата жена биле најдобрите суперхерои кои се бореле против криминалот пред петнаесет години. Денес тие се принудени да ги прифатат цивилизираните идентитети и да се повлечат во предградието каде што ќе живеат „нормален живот“ заедно со своите три деца: Виолета, Даш и Џек-Џек (која тајно е родена со супермоќ). Копнеејќи да се врати назад во акција, Боб добива шанса кога ќе добие мистериозен повик со кој го канат на еден остров со врвна тајна задача.rnrn
rn
„Јас никогаш не гледам назад душо. Ми го одвлекува вниманието од сегашноста.“
rn
10. „Растури ги Ралф“ – Сакајте се себеси!
rnВо „Растури ги Ралф“ еден негативен лик сака да биде обожаван како совршено добриот лик од неговата игра „Поправачот Феликс“. Никој не ги сака лошите момци, па затоа Ралф гледа прилика да стане јунак. Тој се вовлекува во играта со една цел – да освои медал – но наскоро, уништува сè и по грешка ослободува смртоносен непријател кој им се заканува на сите игри во флиперницата. Но, дали тој ќе сфати навреме дека е доволно добар за да биде херој пред да заврши играта за целата флиперница?rnrn
rn
„Не би сакал да бидам никој друг, освен себе.“
rn
11. „Финис и Ферб“ – Единствените граници се границите на вашата фантазија!
rnДвојниот живот на Пери како таен агент е откриен, но кога ќе се здружат браќата и нивните пријатели за да му помогнат на Пери, не постои проблем кој нема да биде решен.rnrn
rn
„Единственото нешто што е невозможно е невозможноста.“
rn
12. „Кунг Фу Панда“ – Поради стресот и стравот задачата потешко се завршува!
rnМрзливата панда од Лос Анџелес, По, е најголемиот фан на кунг фу. Ненадејно баш тој е избран за да го исполни древното пророштво. Соништата на По стануваат реалност, па тој се приклучува на часовите по кунг фу заедно со неговите идоли. По со целото свое срце – но и со дебелина – се вложува за да ја исполни задачата, и на крајот ќе заклучи дека неговите најголеми слабости се претвориле во негови најсилни страни.rnrn
rn
„Сè е возможно кога имате внатрешен мир.“
rn
