КАФЕ ПАУЗА

Пробувајте нови вкусови за да престанете да бидете пребирливи

Пробувајте нови вкусови за да престанете да бидете пребирливи

Иако се верува дека децата се оние кои не сакаат да јадат ништо друго освен помфрит или пица, некои луѓе никогаш нема да престанат да бидат пребирливи. Според една анкета направена на повеќе од 1.300 личности, дури 18% од учесниците биле пребирливи. Ако секогаш ве вознемирува храната што се наоѓа во вашата чинија и не сакате да пробувате различни вкусови и намирници, ќе пропуштите неколку здравствени придобивки што ќе ве направат поздрави и посилни.rnrnПробувајте нови вкусови за да престанете да бидете пребирливиrnrnПогледнете што пропуштате ако сте пребирливи и како да ја смените оваа навика:rn

Ќе внесувате многу повеќе хранливи материи

rnАко сте отворени за експериментирање и ако се одвикнете од некои лоши навики, тоа ќе ви се исплати многу. Оние што пробуваат и јадат различни видови намирници внесуваат храна побогата со витамини и минерали. Луѓето кои пробуваат нова храна консумираат повеќе протеини, здрави масти и магнезиум од оние кои не сакаат да пробуваат различна храна.rnrnЗа да стекнете нови навики, кога нарачувате храна во ресторан, секогаш обидувајте се да пробате нешто ново од менито или секој пат кога одите во маркет купете нешто што не е на вашата листа со намирници.rn

Поздраво тело

rnЛуѓето кои консумираат повеќе намирници имаат помала веројатност да имаат различни воспалителни процеси во организмот и имаат регулирано ниво на холестерол, како и помал ризик од заболување од дијабетес и од срцеви заболувања во споредба со оние кои не сакаат да пробуваат нови состојки.rnrnЉубителите на храната јадат риби многу почесто, така што внесуваат повеќе омега-3 масни киселини. Ако сте пребирливи, време е да ги замените вашите неделни порции пилешко со лосос.rn

Ќе бидете расположени

rnОтвореноста за пробување на сите видови вкусови носи новост во вашиот секојдневен живот. Лесно е да се подготви истиот појадок или ручек, но кога ќе започнете да ги менувате навиките, ќе уживате во интересни вкусови и комбинации на состојки, вклучително и на зачини кои се полни со антиоксиданти.rnrnПред да започнете со јадењето, восхитувајте им се на боите. Обрнете внимание на вкусот и на мирисот на храната. Кога ќе започнете да го правите тоа, ќе бидете повеќе инспирирани додека готвите.rn

Не биди пребирливи и вашиот организам ќе ја вари храната подобро

rnКога јадете разновидна храна богата со пробиотици и пребиотици, ги снабдувате цревата со потребните бактерии кои ви помагаат да останете здрави. Една од намирниците што треба да ги пробате е питаја, која е полна со пребиотици што ги обновуваат цревата.rnrnПрочитајте кои 11 намирници може да траат со години ако ги чувате правилно.