rn
5. „Лило и Стич“ – Ние се грижиме еден за друг!
rnЕкспериментот 626 е забранет од својата планета и случајно завршува на Земјата, каде што е посвоен од две сестри кои ги изгубиле своите родители. Од тука ќе научите дека семејството е во вашето срце, а не во вашите гени.rnrn
rn
„Охана значи семејство. Семејство пак значи никој да не биде напуштен или заборавен.“
rn
6. „Барајќи го Немо“ – Не заглавувајте во минатото – продолжете понатаму!
rnЕден татко, риба, го губи својот син Немо, кој има авантура на отворено море. Немо е фатен од страна на еден нуркач и е испратен во канцеларијата на еден стоматолог во Сиднеј. Додека неговиот татко се обидува да го добие, неговиот син се зближува со рипката наречена Дори, која страда од краткотрајна меморија. Тие патуваат големи далечини, наидуваат на големи, опасни морски суштества, сè со една цел, да го спасат Немо од канцеларијата на стоматологот.rnrn
rn
„Кога животот ќе стане тежок, знаеш ли што треба да направиш? Само продолжи да пливаш!“
rn
7. „Рататуј“ – Не е важно од каде доаѓате, туку каде ќе одите!
rnСтаорецот по име Реми, сонува да стане голем француски готвач наспроти желбите на неговото семејство. И покрај очигледната опасност да се биде непосакуван посетител во кујната на еден француски ресторан, страста на Реми за готвењето наскоро ќе му приреди разни возбудливи и смешни ситуации кои ќе го „превртат“ кулинарскиот свет во Париз.rnrn
rn
„Не дозволувајте никој да ги дефинира вашите граници поради местото од каде што доаѓате. Вашата единствена граница е вашата душа.“
rn
8. „Пинокио“ – Верувајте во својата проценка!
rnЏепето создава дрвена кукла по име Пинокио. Самовилата сака да му помогне на Пинокио да стане вистинско момче. Таа го праќа штурчето Џимини Крикет да биде неговата „совест“, но тој не е многу успешен во тоа…rnrn
rn
„Нека вашата совест секогаш биде вашиот водич.“
rn
