Тие се подготвени да направат сè за своето семејство… освен да пораснат!
rn
Режија: Денис ДуганrnrnУлоги: Адам Сендлер, Кевин Џејмс, Крис Рок, Дејвид Спејд, Селма ХаекrnrnВреметраење: 101 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 јули 2013rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnДоколку сте го гледале првиот дел, сигурни сме дека веќе знаете што да очекувате и од овој. Четворицата пријатели, по одлично поминатото лето пред неколку години, тргнуваат во потрага по нови начини да западнат во неволја.rnrn
rnrnЛени (Адам Сендлер) одлучува да го донесе семејството во својот мал роден град, со цел да им обезбеди подобар и побезбеден живот. Тие полека ги напуштаат своите навики од големиот град и се приспособуваат на новиот начин на живеење. Приказната започнува за време на последниот училишен ден и токму тогаш Лени и неговите најдобри пријатели ќе почнат да сфаќаат колку нивните деца наликуваат на нив.rnrn
rnrnБидејќи летото започнува, тие решаваат да направат нешто што го правеле од многу мали, но изгледа дека нивното омилено место покрај езерото има нови „сопственици“ – студенти. Ова запознавање нема да заврши добро за возрасните. Но, вистинската војна ќе започне кога студентите ќе дознаат дека нивниот дом е целосно уништен и ќе претпостават дека Лени и неговите пријатели се виновни за тоа што се случило. Додека тие ја подготвуваат одмаздата, родителите се обидуваат да најдат различни начини на кои би можеле да им помогнат на своите деца да се справат со секојдневните проблеми кои ги носи животот и растењето.rnrn
rnrnОвој филм има сè што и е потребно на една комедија за да биде забавна и успешна. Впрочем, зарем може да се очекува неуспех од ретро забава под маски каде што ќе наидете на насилници, возач на автобус со шизофренија, пијан полицаец на скии, опсесивно заљубена девојка и уште многу други комбинации во вистинското време и на вистинско место со цел да создадат една сосема луда и необична ситуација која ќе ве насмее до солзи?rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
