Овој колач од смокви и бадемово брашно е добро урамнотежен, благ, но не премногу, сочен, а сепак цврст. Смоквите одозгора му даваат интересен рустикален изглед. Благодарение на состојките од кои се прави, погоден е за безглутенската и палео исхрана, како и за исхраната без житарици и млечни производи. Доволно е здрав за да се јаде и за појадок, а не само како десерт.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 3 големи јајца
- 60 мл кокосово масло
- 120 јаворов или агава сируп
- 1 ½ лажичка екстракт од бадем
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 1 лажичка јаболков оцет или лимонов сок
- 240 грама бадемово брашно
- ½ лажичка сода бикарбона
- 6 зрели сечкани смокви
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnЗагрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови и обложете го калапот за торта со хартија за печење.rnrnСтавете ги сите состојки освен смоквите во блендер и матете на силно. Смесата ќе биде многу густа.rnrnВо подготвениот калап сипете го тестото. Одозгора наредете ги смоквите, благо притискајќи ги во тестото.rnrnСтавете го колачот во претходно загреана рерна и печете 20-25 минути додека тестото не добие златно-кафена боја.rnrnИсклучете ја рерната, но оставете го колачот да седи внатре уште 10-15 минути.rnrnОставете го колачот да се олади 30 минути пред да го извадите од калапот.rnrnПослужете го со свежи смокви и по желба додајте ореви, прелив од мед или нешто слично.rn
Напомени:
rn
- rn 011
- Ако не сте љубители на вкусот на бадем, можете да го изоставите бадемовиот екстракт и за сметка на тоа да додадете повеќе екстракт од ванила.
- Кокосовото масло може да се замени со растопен путер или маслиново масло.
- Наместо свежи смокви може де се искористи кое било друго овошје како праски, кајсии, круши, јагоди или боровинки.
rn 011
rn 011
rn
rnЕве уште еден вкусен десерт: Пита со праски и цимет.