КАФЕ ПАУЗА

Филм: Робокап (Robocop)

Филм: Робокап (Robocop)

Written by

in

,
Кој ја има контролата, човекот или машината?

rnФилм: Робокап (Robocop)Режија: Жозе ПадиљаrnrnУлоги: Џоел Кинаман, Гери Олдман, Мајкл КитонrnrnВреметраење: 117 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 12 февруари 2014rnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПонекогаш навистина изненадува фактот што дел од најуспешните нови филмови се преработки на стари успеси, но Холивуд изгледа дека е добро запознаен со овој феномен, па токму затоа се обидува да го искористи најмногу што може. Овој пат станува збор за познатиот Робокап, полицаецот Алекс Марфи (Џоел Кинаман), кој е половина човек, половина робот.rnrnФилм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)rnrnВо овој филм, дејството се одвива во Детроит, во 2028-та година. Фирмата за производство на роботи, Омникорп, во моментот е на првото место кога станува збор за чување на мирот надвор од Америка. Тие заработуваат милиони долари за машините кои ги праќаат наместо војници во кризните области. Сакајќи да ја зголемат својата заработка, тие почнуваат да се борат и за дозвола за употреба на роботите на американско тло.rnrnФилм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)rnrnНо, изгледа дека луѓето не сакаат заштитници кои немаат срце, кои не знаат за чувства како на пример, за емпатија и за каење. Без разлика на нивната напредност во однос на тактичките способности, тие сметаат дека роботите не би можеле правилно да ја завршуваат својата работа поради недостатокот на човечноста. Поради овој проблем, Омникорп решаваат да направат нов дизајн на робот со надеж дека ќе го променат мислењето на јавноста, за кој ќе им треба жив човек.rnrnФилм: Робокап (Robocop) Филм: Робокап (Robocop)rnrnТие долго време ќе бараат соодветна личност за нивниот нов проект, личност која ќе го има потребниот тренинг, но и која ќе биде психолошки стабилна. За нивна среќа, Алекс Марфи, кој со својот партнер ќе влезат во трага на озлогласени криминалци, ќе заврши во болница, во критична состојба, притоа овозможувајќи им на Омникорп совршен човек за нивниот робот. Сѐ што останува е неговата жена да се согласи на проектот и да го препушти животот на Алекс во рацете на брилијантниот научник д-р Денет Нортон…rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.