КАФЕ ПАУЗА

Зошто среќните парови не зборуваат за нивната врска на социјалните мрежи?

Живееме во чуден свет каде што статусот на Интернет може да има поголемо значење од она што се случува во реалниот живот. Го оценуваме животот на некој според сликите и објавите на социјалните мрежи, а многу често грешиме во проценувањата. Еве неколку интересни причини зошто среќните парови не ги споделуваат целите нивни животи на социјалните мрежи.rnrnzosto-sreknite-parovi-ne-zboruvaat-za-nivnite-vrski-na-scocijalnite-mrezhi-kafepauza.mkrn

Кога луѓето се во среќна врска, тие живеат во сегашниот момент

rnКога сè оди по планот во нечиј живот, таа личност не гледа причина да троши време објавувајќи го својот живот на социјалните мрежи. Не дека тие личности никогаш не се фотографираат или не ги проверуваат нивните профили, туку нивните животи ги прават доволно среќни што немаат потреба да бидат одвратени од Интернетот.rn

Секој пар што ги споделува проблемите на Интернет за сите да ги видат, нема да добие ништо со тоа

rnОткривањето на вашите проблеми на секој пријател на социјалните мрежи е најмалку ефективен начин да ги решите истите. Ова само може да ја влоши ситуацијата во вашата врска.rn

Вистинската среќа доаѓа од среќната врска со некој што го сакате

rnНема да добиете ништо доколку објавувате „докази“ за вашата среќа на социјалните мрежи. Радоста е во тоа да бидете заедно, а не да објавувате за тоа дека сте заедно. За луѓето кои го разбираат ова, постојаното објавување на социјалните мрежи не е од голема важност.rn

Никој не мора да докажува ништо

rnЛуѓето кои се во вистински среќна врска немаат потреба да го користат тоа за да докажуваат колку се среќни. Тие се заедно бидејќи сакаат, и воопшто не им е грижа дали на нивниот Интернет профил пишува „во врска“ или не.rn

И најважното нешто…

rnИстражувањата покажале дека оние кои не користат социјални мрежи се многу посреќни од оние кои редовно ги користат. Ова се случува бидејќи луѓето кои не ги користат не се споредуваат постојано со нивните пријатели и колеги, кои некако секогаш изгледаат посреќни. Многу често забораваме дека она што е важно се нашите вистински животи, нашите врски, нашите искуства и нашите чувства, а не популарноста на социјалните мрежи.rnrnПрочитајте повеќе информации на оваа тема: Зошто среќните парови не ја „споделуваат“ својата љубов на социјалните мрежи?