Автор: Ема ЈакимовскаrnrnСкапана храна, мастила во различни бои, совршено наострени моливи – ова се само некои од суеверијата и чудните навики на познатите писатели.rnrnСветските писатели се познати по ваквите свои интересни обичаи за кои веруваат дека позитивно влијаат врз креативниот процес и им ја будат инспирацијата. Иако некои се близу границата на опседнатост, сепак сите се интересни и уникатни. Во продолжение ги издвојуваме оние највпечатливите.
Џејмс Џојс речиси секогаш пишувал во својот познат бел костум. Поради сериозни проблеми со видот и многуте очни операции низ кои минал, бил принуден да пишува исклучиво со дречливи бои на мастило, и тоа на огромни парчиња картон.rnrnВирџинија Вулф пишувала со најразлични бои на пенкала: зелено, сино, виолетово. Виолетовото ѝ било омилено, наменето за пишување писма и водење на личниот дневник.rnrnЏон Стејнбек првичните верзии од своите дела сакал да ги пишува исклучиво со молив и од таа причина секогаш на бирото имал точно 12 совршено изострени моливи.rnrnФридрих Шилер во фиоката од бирото чувал скапани јаболка. Како што Гете кажал во една прилика, тоа го правел намерно, поради специфичната арома која се создавала и без која тој не можел да живее и работи.rnrnЧарлс Дикенс пишувал само со сино мастило. Не поради некакво суеверие, туку затоа што се сушело побрзо од мастилата во други бои и правело напишаното да изгледа посредено и почисто.rnrnЏек Лондон пак, секој ден пишувал по точно 1.000 зборови. Ни повеќе, ни помалку.rnrnТоа се само некои од навиките на познатите писатели. Се чини дека ваквите необични примери уште еднаш потврдуваат дека креативноста и чудните навики напати одат заедно.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
