Тајна владина организација ги регрутира најозлогласените негативци за да ги елиминираат натприродните закани во замена за намалување на затворската казна
rn
Режија: Дејвид АјерсrnrnУлоги: Вил Смит, Виола Дејвис, Маргот Роби, Џаред Лето, Кара ДелевинrnrnВреметраење: 130 минутиrnrnПремиера: 4 август 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrn„Одредот на отпишаните“ започнува онаму каде што „Бетмен против Супермен“ заврши – светот сѐ уште има потреба од добра одбранбена единица која ќе застане во првите борбени фронтови во битката против сите натприродни сили односно мета-луѓето.rnrnЗа таа цел владиниот агент, а воедно и најсуровиот и најнемилосрдниот лик во филмот – Аманда Валер, (Виола Дејвис) верува дека има дарба да ги натера луѓето да работат спротивно на нивните интереси и предлага наместо добри војници, да се регрутираат „најлошите од најлошите“.rnrn
rnrnЗа својот проект таа ги избира најдобриот платен убиец во DC универзумот – Дедшот (Вил Смит), девојката на Џокер – Харли Квин (Маргот Роби), монструозниот убиец крокодил (Адевејл Акиноје-Агбаџе), пиро-кинетичарот Ел Диабло (Џеј Хернандез), австралискиот крадец Капетан Бумеранг (Џаи Кортни), најдобриот искачувач со јаже – Слипнот (Адам Бич) и Маѓесницата, чии способности излегуваат надвор од границите на (не)возможното (Кара Делевин).rnrn
rnrnЗа да ги држи под контрола, Валер им става мали експлозивни направи во нивните вратови кои ќе се детонираат доколку одбијат послушност или се обидат да избегаат. За дополнителна помош, во бандата на убијци и психопати го вклучува и почитуваниот војник Рик Флег (Џоел Кинаман) и неговата десна рака – Катана (Карен Фукухара).rnrnСо фантастична актерска екипа и уште подобра музика, „Одредот на отпишаните“ е филм кој го брка нихилистичкиот стил на „Дедпул“ и безредниот каприц на „Чувари на галаксијата“ и своето брзо темпо го оправдува со интересните дијалози, хуморот, костимографијата и истражувањето на метачовечката психологија.rnrn
rnrnКулминацијата настапува кога Маѓесницата решава да ги преземе работите во свои раце и одлучува да направи машина со која ќе го донесе крајот на светот. Нејзиното алтер его, археологот д-р Џун Мун (Кара Делевин) е една исплашена девојка која е свесна за злото кое го носи во себе и бара помош од човекот кој безусловно го сака – Рик Флег.rnrn
rnrnКако поларна спротивност на нивната љубовна приказна, тука е лудата љубов помеѓу поранешниот психијатар во лудницата „Аркам“ – д-р Харлин Квинзел (Маргот Роби), подоцна позната како Харли Квин и најголемиот антагонист во Бетменовите приказни – Џокер (Џаред Лето), која и покрај сѐ останува цврста и необорлива.rnrn
rnrnСценариото не дава голем простор за изградба на карактерната длабочина на ликовите што веројатно се должи на прескокнувањето на неколку клучни драмски етапи и неистакнатата турбуленција на финалните мигови, но затоа неодоливата харизма, шарм и досетливост на секој лик поединечно ќе ве натера да ја засакате нивната психопатска и криминална природа и да навивате за нивната победа.rnrn
rnrnСо прикажувањето на животниот пат на секој негативец, „Одредот на отпишаните“ ќе ве натера да се запрашате дали правилниот избор, моралот, човечката ултимативна добрина, милост и одлучност се должат на разликата помеѓу антагонизмот и протагонизмот, помеѓу злото и херојството, или можеби на нивната огромна и на крајот неизбежна сличност.
