КАФЕ ПАУЗА

Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)

Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)

Written by

in

,
Група од интергалактички криминалци се приморани да работат заедно со цел да го спасат универзумот

rnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)Режија: Џејмс ГанrnrnУлоги: Крис Прет, Вин Дизел, Бредли Купер, Зои Салдана, Дејв БаутистаrnrnВреметраење: 121 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 август 2014rnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 9/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnЗарем некој би помислил дека Марвел би направиле лош филм? Станува збор за легендарниот отпадник „Star-Lord“, човек од планетата Земја чие вистинско име е Питер Куил (Крис Прет). Тој како мал бил киднапиран од страна на вонземјани, кои потоа го одгледале како свој и го претвориле во криминалец. Уште во првите неколку моменти ќе можете да забележите дека Питер има уникатна способност да западне во неволја, но исто така и без проблем да се извлече од неа.rnrnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy) Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)rnrnТоа нè води и до настанот кој ќе му го промени животот. Тој ќе успее да украде нешто што доколку западне во погрешни раце, може да значи крај за целиот универзум. Токму оваа кражба и ќе го одведе во затвор, каде што ќе се запознае со уникатна група на криминалци. Овие криминалци многу брзо ќе побудат нова страна во него, онаа човечката, која не мисли само на профит, па токму затоа неговиот живот ќе тргне во нова насока. Кој би рекол дека една група криминалци, кои сами по себе се толку опасни, заедно би можеле да си влијаат да бидат подобри, а со тоа и да станат бранители на целиот универзум?rnrnФилм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy) Филм: Чувари на галаксијата (Guardians of the Galaxy)rnrnЕдинствената причина зошто овој филм нема оценка 10-ка е фактот што на моменти приказната делува малку избрзано. Премногу голем акцент се става на акцијата и специјалните ефекти, па токму поради тоа се добива чувство како да не откриваме сè што ни е потребно за подобро да ги разбереме ликовите и нивните постапки. Од друга страна пак, она што нас нè освои кај овој филм е неверојатниот саундтрак. Питер Куил, кој постојано слуша музика на неговиот вокмен, нè навраќа на прекрасните песни од 60-тите до 80-тите години и токму поради тоа се издвојува од другите филмови од овој жанр.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.