КАФЕ ПАУЗА

Филм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v Superman: Dawn of Justice)

Written by

in

,
Најголемите херои на планетата и пошироко застануваат на двете спротивни страни на фронтот во битката за опстанокот на човештвото

rnФилм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice) Режија: Зек СнајдерrnrnУлоги: Бен Афлек, Хенри Кавил, Ејми Адамс, Џереми Ајронс, Гал Гадот, Џеси АјзенбергrnrnВреметраење: 153 минутиrnrnПремиера: 23 март 2016rnrnJазик: англискиrnrnЖанр: акција, авантура, научна фантастикаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnТемниот витез или челичниот човек? Кој ќе извојува победа во идеолошката битка помеѓу двајцата најголеми титани во поп културата е прашање кое долго време се дебатира од училишните дворови до големите бизнис сали за конференции. Додека едниот е човек кој верува дека со своите ресурси може самостојно да ја донесе правдата во светот и да го спаси од корупција, другиот е една виртуелно неуништлива фигура на спасител, вселенски месија чие име стои како синоним за силата, истрајноста и одговорноста.rnrnФилм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice)rnrnВо долго очекуваното продолжение на „Челичниот човек“ ја следиме приказната на најголемите херои од DC Comics, кои наместо да ги соединат своите сили и заедно, како последна надеж на човештвото, да застанат против светското безредие, тие се вртат еден против друг и мотивирани од своите емоционални импулси, буквално ги преобликуваат градовите со нивните лица. „Бетмен против Супермен: Зора на правдата“ е филм кој структурално и содржински се обидува да го достигне триангуларното дејство на маестралниот „Темниот витез“ од режисерот Кристофер Нолан кој до ден денес го држи златниот стандард за суперхеројските филмови.rnrnФилм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice) rnrnАктерската екипа дава солиден перформанс, каде најголемите пофалби ги носи Бен Афлек кој ни ја покажува онаа монструозна, неистражена страна на Брус Вејн, кој и покрај неговата одлучност, генијалност и издржливост, сепак не останува имун на кошмарите и психичката длабочина која го обликува неговиот повеќе од потребен херој. Хенри Кавил го покажува својот Супермен како метачовек поделен помеѓу идеологиите на Кларк Кент и Кал-Ел, кој се обидува да му докаже на човештвото дека неговата суштина не смее да стои како симбол на неуништливоста и стравот, туку како симбол на правдата. Дека идејата на неговото исконско име не смее да се гледа како оружје за масовно уништување, туку како заштитник на мирот.rnrnФилм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice) rnrnЧовекот кој уште од самиот почеток ги држи конците во рацете, манијакалниот манипулатор кој си игра со животите на другите и главниот антагонист во приказната олицетворен во психотичниот Лекс Лутор (Џеси Ајзенберг), иако малку претеран, сепак прикажува еден технолошки гениј кој верува дека божественото е всушност човечко и кој, достојно на секоја психопатска особина, е способен да го жртвува целиот свет за да ја постигне својата цел. Во филм каде секој сака да се доискаже, Гал Гадот ни претставува една Дијана Принц која ја цени и практикува дарбата на молчењето и ни дава солиден приказ на храбрата амазонка која отсекогаш се двоумела дали нејзината моќ е навистина потребна за луѓето.rnrnФилм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice) rnrnМузиката е повеќе од фантастична, што е и очекувано, доколку се земе предвид фактот дека станува збор за Ханс Цимер кој ја има таа ретка композиторска вештина да направи да заборавите дека постои музика која го прати филмот, бидејќи таа совршено соодветствува со дејството. Сценариото е на моменти конфузно и има недостаток на хумор и конструктивен дијалог, но, она што може да се каже дека е вистинскиот криптонит за филмот е режијата на Зек Снајдер, кој слично на своите претходни проекти, го става фокусот на визуелната естетика, наместо на наративата и карактерното развивање. Но, и покрај неговата техника повеќе да размислува во слики и кадри, отколку во текст, гледаме еден огнен спектакл во кој филозофијата не игра голема улога, но својата вистина и својата убавина ги крие во универзум на вистински тероризам каде есенцијалниот контекст не се гледа во победата, туку во падот на херојот.rnrnФилм: Бетмен против Супермен: Зора на правдата (Batman v. Superman: Dawn of Justice)