Зачинете ги есенските ноќи со забавни приказни кои овие денови можете да ги најдете на Нетфликс. Во продолжение следуваат 7 ТВ серии кои ќе ве опуштат за време на ладните есенски вечери.rnrn
rn
1. „Народот против О. Џ. Симпсон“ (The People vs. O.J.Simpson)
rnСлучајот за познатиот американски спортист Симпсон уште подобро ќе го разберете преку оваа мини серија снимена според вистински случувања. Светот го познава како сјаен играч на голф, а потоа цела кариера му е прикриена со сенка поради убиство кое ја потресе цела американска јавност. Баш поради тоа, ви ја препорачуваме оваа серија.rnrnhttps://youtu.be/A0_22acfWJ8rn
2. „Портокаловото е ново црно“ (Orange is the New Black)
rnСедмата, воедно и последна сезона на совршен начин ја заклучува серијата во која видовме многу необични пријателства во еден американски женски затвор. Иако последната сезона најмногу се фокусира на Пајпер и нејзиното излегување од затвор, како што тече приказната, така ги откриваме и судбините на останатите ликови.rnrnhttps://youtu.be/vY0qzXi5oJgrn
3. „Почудни нешта“ (Stranger Things)
rnТретата сезона на суперпопуларната серија веќе некое време е достапна на Нетфликс, и ако сѐ уште не сте ја гледале, дефинитивно треба да почнете. Симпатичната екипа повторно е собрана во борбата против новото чудовиште. Ова е една од оние серии кои ве освојуваат уште од првата епизода, па затоа не се чудете ако се заразите со неа.rnrnhttps://youtu.be/XcnHOQ-cHa0rn
4. „Што/Доколку“ (What/If)
rnЌе ја видите Рене Зелвегер во сосема поинаква улога од она на што сте навикнати. Во оваа серија таа ја глуми моќната и застрашувачка Ен Монтгомери. Станува збор за трилер кој најмногу се фокусира на Рене, но е секако одличен избор доколку барате серија која ќе ве заинтригира уште од почетокот.rnrnhttps://youtu.be/AFnI887xhBErn
5. „Руска кукла“ (Russian Doll)
rnСјајната Наташа Лион одлично се снајде во улогата на Нади која секојдневно умира и повторно се враќа меѓу живите, и баш нејзината глума ја прави оваа серија посебна. По малку провокативна, а во исто време неверојатно смешна, оваа серија се гледа во еден здив и е една од оние приказни кои ќе ви ги тргне мислите од секојдневните грижи.rnrnhttps://youtu.be/YHcKoAMGGvYrn
6. „Секс едукација“ (Sex Education)
rnБарате едноставна, забавна серија која во центарот ги става средношколските проблеми? Ова е вистинската серија за вас. Освен што ќе ве насмее, на моменти ќе ве потсети и на вашите први сексуални искуства.rnrnhttps://youtu.be/o308rJlWKUcrn
7. „Бирмингемска банда“ (Peaky Blinders)
rnСигурно веќе некој ви ја препорачал оваа ТВ серија, а ние се вклучуваме со препораките. Дури и да не сте фан на историски приказни, опасните дечки од Бирмингем ќе ве натераат да ја изгледате цела сезона во еден здив. И потоа ви остануваат уште останатите осум.rnrnhttps://youtu.be/oVzVdvGIC7UrnrnПогледнете ги и овие серии кои мора да ги изгледате заедно со вашата најдобра пријателка.