Дали треба целосно да се откажете од шминкањето?rnrn
rnrnСе разбира дека не!rnrnЗа повеќето дами, шминката е средство за истакнување на природната убавина и на цртите на лицето, за прикривање на недостатоците, за подигнување на самодовербата.rnrnСепак, како што тврдат многу дерматолози, дневната шминка ја оптоварува кожата на различни начини.rnrnЗатоа, обидете се да не носите шминка најмалку една недела и ќе забележите разни придобивки како што се природен сјај на кожата, помали пори и помалку мрсна кожа.rnrnДруг начин е поретко да користите „тешки“ производи и да ја намалите употребата на шминка сведувајќи ја на лесни и иновативни производи.rnrnЗа да се откажете од течната пудра, од палетата за контурирање, кармините и сенките за очи, истражете како ќе изгледа вашата кожа ако престанете да се шминкате.rnrnСе разбира, тоа не значи дека треба да го исфрлите вашиот несесер засекогаш – напротив, периодите како викенди или одмори се одлична можност за природен изглед без шминка.rnrnИсто така, потрудете се секојдневно да го намалувате притисокот врз вашата кожа, па изберете маскара со добар квалитет, многу лесна пудра, добар кармин.rnrnВо продолжение прочитајте што ќе се случи со вашата кожа ако не се шминкате одреден временски период.rn
1. Порите ќе изгледаат помали
rnТечната пудра, руменилото и бронзерот изгледаат убаво на кожата, но под површината, овие микрочестички се акумулираат во вашите пори по секое нанесување.rnrnСо загадувањето на воздухот, нечистотијата се собира во порите, така што тие се полнат и се шират со текот на времето.rnrnИако вашите пори нема да се намалат ако не користите шминка, ако престанете со шминкањето, ќе го намалите полнењето на порите, а со редовно чистење, тие ќе бидат потесни, а лицето ќе биде помазно.rn
2. Ќе имате помалку мозолчиња
rnКолку повеќе шминка користите, толку повеќе токсини нанесувате на вашата кожа. Особено ако не ги чистите четките редовно, бидејќи така се насобираат уште повеќе бактерии.rnrnОваа нечистотија во комбинација со бактерии не само што ги затнува порите, туку може да предизвика и воспаление, што доведува до болни мозолчиња.rnrnПотоа ќе сакате тие мозолчиња да ги покриете со шминка и така постојано во круг. Затоа, ќе забележите дека лицето ќе ви се исчисти ако не користите шминка најмалку една недела.rn
3. Ќе ја спасите сувата кожа
rnСо отстранување на шминката барем краток период, ќе ѝ помогнете на вашата сува кожа да се хидрира и да се одмори.rnrnИмено, шминката го нарушува природниот процес на обновување на клетките на нашата кожа. Освен тоа, знаете колку е штетно кога заспивате со шминка.rnrnКај сувата кожа, процесот на отстранување на мртвите клетки на кожата е побавен, а шминката дополнително го забавува, оставајќи ги мртвите клетки на кожата подолго да останат на површината.rnrnНекористењето шминка значи чиста површина на кожата која може непречено да се обновува.rn
4. Помалку алергиски реакции
rnШминката содржи надразнувачки супстанции како парабени, сулфати, метали, парфеми и пигменти, што може да бидат предизвикувачи на алергиски реакции.rnrnМеѓу нив е и контактниот дерматитис, кој се манифестира со црвени и суви делови на кожата, што може да доведе до воспаление.rnrnАко сте склони кон иритација и црвенило на кожата, некористењето шминка е најдоброто нешто што можете да го направите за вашата кожа.rn
5. Помалку брчки
rnДерматолозите се согласуваат за најпознатата контроверзија за шминката: истата шминка со која ги покривате брчките, всушност ги прави повидливи.rnrnСо текот на времето, шминката се наталожува во ситните линии и брчки, привлекувајќи внимание на знаците на стареење што упорно сакате да ги скриете.rnrnСите старееме, па наместо да ги покривате брчките со слоеви течна пудра, сакајте го голото лице и ќе бидете изненадени колку помладо изгледате без шминка.rn
6. Кожата ќе ви биде помалку мрсна
rnСо исфрлањето на шминка од вашата рутина за разубавување, ќе ѝ дозволите на вашата кожа да дише и да биде помалку мрсна.rnrnСлојот течна пудра измешан со себум во никој случај не изгледа привлечно: изгледа како да имате слој масло на лицето. Затоа, ќе забележите дека вашата кожа е помалку мрсна и подобро ќе можете да ја контролирате состојбата на вашата кожа.rn
7. Кожата ќе ви биде сјајна
rnПо периодот на адаптација на кожата на своите природни процеси кои не се нарушени со шминка, ќе забележите дека вашата кожа изгледа свежо и одморено со природен сјај.rnrnТака, ќе добиете ефект сличен на тој што го добивате со помош на хајлајтер, но комплетно без шминка, под услов да ја храните кожата правилно, со соодветно чистење и хидратација.rn
8. Поголеми оштетувања од сончевите зраци
rnИако избегнувањето на шминката има многу предности, таа всушност ја штити вашата кожа од сонцето.rnrnПоточно, повеќето течни пудри содржат заштитен фактор, дејствувајќи како одбрана на кожата против штетните ефекти на УВ-зрачењето.rnrnЗначи, исфрлањето на пудрата ќе го зголеми ризикот од оштетување на вашата кожа од сончевите зраци. Затоа, пред да излезете од дома, нанесете крем со заштитен фактор, особено ако не се шминкате.rn
Дополнителни придобивки од намалувањето на употребата на шминка:
rn
- rn 011
- Ќе имате повеќе време наутро за подготвување – нема да доцните бидејќи правевте контури;
- Ќе заштедите пари ако не купувате шминка – пренасочете ги парите кон некои други женски задоволства;
- Ќе се зголеми вашата самодоверба – ќе се чувствувате добро во сопствената кожа.
rn 011
rn 011
rn
rnСепак, никој не сака целосно да се ослободи од шминката, но интересно е да се знае ова за да можете да го одморите лицето околу една или две недели во текот на летото. На крајот на краиштата, трендот „No make up“ е многу популарен на социјалните мрежи и меѓу познатите.rnrnМожеби сакате да откриете и што можат шминката и килограмите да направат од жените?rn