rn
6. „Омразата што ја шириш“ (The Hate U Give), 19-ти октомври
rnhttps://youtu.be/3MM8OkVT0hwrnrnНаправен според истоимената новела на Енџи Томас, овој филм ги истражува расите, класите и можностите. Стар е црна девојка која живее во два света – соседството од пониска класа во кое има најмногу црнци и училиштето за повисоката класа во кое има повеќе белци. Таа сведочи на убиството на нејзиниот братучед од страна на полицаец и се вовлекува во водите на активизмот.rn
7. „Избришано момче“ (Boy Erased), 2-ри ноември
rnhttps://youtu.be/-B71eyB_OnwrnrnОва е вистинска приказна за синот на еден свештеник кој мора да одбере или терапија со која ќе ја „излечи“ хомосексуалноста или да биде избркано од неговото семејство и заедница. Оскаровците Расел Кроу и Никол Кидман ги гледаме во улога на родителите на момчето.rn
8. „Врз основа на полот“ (On the Basis of Sex), 9-ти ноември
rnhttps://youtu.be/28dHbIR_NB4rnrnФелисити Џоунс ја гледаме во улога на член на порота, на кој еден млад адвокат ѝ носи случај за полова дискриминација. Арми Хамер го глуми нејзиниот правен партнер и сопруг. Овој филм е во чест на една икона и прикажува проблем што за жал постои и денес.rn
9. „Можеш ли некогаш да ми простиш?“ (Can You Ever Forgive Me?), 19-ти октомври
rnhttps://youtu.be/UvJIaNsf_bYrnrnМелиса Мекарти ја гледаме во улогата на Ли Израел која гледа како се руши нејзиното богатство. Обидувајќи се да заработи продавајќи ретки книги, таа налетува на лажно писмо и потоа почнува да пишува писма од познати луѓе со нејзиното пенкало.rn
10. „Спокојство“ (Ѕerenity), 19-ти октомври
rnhttps://youtu.be/fz8nNAZ61y0rnrnМетју Меконахи и Ен Хатавеј повторно се здружуваат. Ен е жена која му дава опасен предлог на капетанот на нејзиниот рибарски брод и нејзин поранешен сопруг. Таа го замолува да го земе нејзиниот сегашен сопруг, да го однесе со бродот и да го остави на рибите. Се разбира, нештата тргнуваат на лошо многу брзо.
