Освен што ви е од особена важност за сушење на вашата коса додека сте во брзање, или пак за обликување на вашата фризура, фенот ви нуди многу неверојатни придобивки за кои досега сигурно не сте слушнале. Во продолжение проследете ги овие трикови кои ќе ви бидат од голема помош при извршување на некои домашни работи.rnrn
rn
Чистење на тешко достапните места
rnМожеби најпрво ќе ви звучи чудно тоа што фенот може да ви помогне при чистењето на домот, но со него можете многу лесно да ја отстраните прашината од тешко достапните места. Вклучете го на студен воздух и насочете го кон посакуваните места. Прашината ќе падне на друга површина која полесно ќе можете да ја исчистите.rn
Чистење на пастелни бои
rnАко вашето дете користело пастелни бои и притоа оставилo траги од нив, не грижете се, затоа што овој проблем лесно можете да го решите со помош на фенот за коса. Вклучете го на топол воздух и насочете го кон местото каде што се наоѓа дамката. Потоа поминете со влажна крпа и за секунда сте готови.rn
Отстранете го восокот
rnВосокот од свеќите можете да го отстраните на тој начин што прво ќе го стопите со фенот за коса, а потоа ќе го соберете растопениот восок со сунѓер натопен во детергент за миење садови.rnrn
rn
Израмнете ја пластичната прекривка за маса или завесата
rnАко ве нервираат стутканата пластична прекривка за маса или завесата, лесно можете да ги израмните со помош на фенот. Наместете го да дува топол воздух и поминете преку нерамните делови. Но, внимавајте да не го задржувате фенот премногу долго, за да не ги растопите.rn
Одлепете ги фотографиите
rnАко имате албум со лепливи страници, фотографиите можете лесно да ги одлепите така што ќе го насочите топлиот воздух од фенот кон нивната задна страна, а од предната ќе ги одлепувате фотографиите.rn
Фенот ви помага и за совршена глазура
rnАко сакате совршена глазура на вашите колачи и торти, употребете го ладниот воздух од фенот. Така, насочете го додека ја нанесувате глазурата, а потоа пуштете го на топло за да ги поправите сите нерамнини.