Познатиот персиски лекар, астролог, математичар, астролог и психолог, Авицена, велел: „Лекарот има три алатки во борбата против болеста – зборови, билки и нож“. Често забораваме колкава сила и моќ имаат нашите мисли и зборови, како и какво влијание тие можат да имаат врз нашето психофизичко здравје.rnrn
rnrnВо една од париските болници, младиот психолог, Емили Ки, на сопствена одговорност, ги охрабрувала пациентите да ја повторуваат гласно оваа реченица 10 пати на ден – „Секој ден се чувствувам сè подобро и подобро“. Притоа, било особено важно пациентите да не ја повторуваат таа фраза механички, туку да размислат за неа, да ја усвојат и да ја повторат за да почнат да веруваат во неа. По еден месец, значително се подобрила состојбата на многу пациенти.rnrnНашето здравје е директна последица на нашите мисли. Никој не се сомнева дека постои директна врска помеѓу психичката и физичката состојба на луѓето. Еден од најважните психолошки закони вели: вербалното изразување на љубовта, покажувањето восхит кон она што другите го прават и емпатијата значително можат да ја зголемат виталната енергија на оној кој ги практикува. Од друга страна, негативните и нељубезни зборови ја намалуваат енергијата на оној кој ги изговара.rnrnПостојаното присуство на негативни мисли може да го зголеми ризикот од влошување на менталното и физичкото здравје. Затоа е важно секојдневно да ги „филтрирате“ мислите, да ги отфрлите негативните и да ги задржите оние што ви се позитивни, пријатни и оптимистички. Научете да уживате во животот, без разлика колку е тешко понекогаш.rnrnЗдравјето, животот и судбината на човекот директно зависат од неговите мисли. Добрите мисли ќе ви донесат добри работи во животот. Ако размислувате лошо, тоа може негативно да се одрази на вас.rnrnНегативните мисли не ви носат ништо добро, туку само страв и загриженост.rnrnЗатоа, престанете да се нервирате за оние мали безначајни работи, размислувајте позитивно, уживајте во секој момент и верувајте дека сè ќе биде добро!rnrnОткако прочитавте за поврзаноста меѓу психофизичкото здравје и негативните мисли, можеби ќе сакате да прочитате и кои 7 негативни мисли кои можат да го нарушат вашиот внатрешен мир.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
Category: Совети
-

Никогаш не заборавајте дека негативните мисли влијаат лошо врз психофизичкото здравје!
-

Ве исцрпува интеракцијата со пријателите? Еве како да се справите со оваа состојба!
Денешниов современ свет се карактеризира со сè поголема социјална интеракција од кога било, и во живо и преку социјалните мрежи. Но, едно истражување покажало дека таквата состојба може да доведе до чувство на ментална исцрпеност и преоптовареност! Дури 74 проценти од испитаниците признале дека во одреден момент од нивниот живот се чувствувале преоптоварени од дружењето со нивните пријатели, односно дека го доживеале феноменот на „социјално исцрпување“.rnrn
rnrnНеоспорен е фактот дека дружењето е клучно за нашето целокупно здравје и благосостојба, но од друга страна, социјалното исцрпување може да се појави кога премногу ја поттикнувате интеракцијата со другите луѓе.rnrnТака, симптомите на „социјално исцрпување“ вклучуваат чувство на емоционална и физичка исцрпеност, па дури и раздразливост. Во продолжение прочитајте како да ги избегнете овие симптоми:rn1. Поставете разумни граници
rnЕден од клучните начини за справување со овој феномен е да се постават разумни граници кои ќе ви помогнат да ги зачувате вашите „енергетски батерии“. Така, на почетокот на секоја недела би било добро да ја погледнете вашата агенда, па дури и само вашите пораки и социјалните медиуми, а потоа да одлучите дали и како ќе ја ограничите интеракцијата со другите. Покрај социјалните обврски, размислете за приоритетите во текот на оваа недела, како што се работата и домашните обврски. Освен тоа, можете да размислите и со кои луѓе сакате да се сретнете и колку енергија и труд бара секој од нив.rn
2. Како, кога и колку се дружите со другите?
rnНаместо да чувствувате притисок да останете цела забава, не заборавајте дека не сте принудени да останете таму цела вечер. Можете исто така да се обидете да ги прилагодите вашите постоечки планови со оние на пријателите. На пример, ако вечерате со пријателите секој петок навечер, но ви треба време за одмор од напорната работна недела, обидете се да ја преместите средбата во сабота или да ја прескокнете таа недела.rn
3. Бидете јасни и искрени
rnАко забележите симптоми на „социјално исцрпување“ , споделете им на вашите пријатели дека ви треба одмор. Бидете искрени докрај и оставете им до знаење дека сте уморни во последно време, па затоа би сакале да ја фокусирате сета енергија кон грижата за себе.rnrnОткако прочитавте како да се справите со симптомите на „социјална исцрпеност“, можеби ќе сакате да прочитате и што претставува емоционална исцрпеност.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

12 лекции кои ќе ги научите откако другите ќе ви го свртат грбот!
Почнете да барате одговори во себе наместо да барате одобрување и решенија од другите. Научете да се справувате со осаменоста. Прифатете ги вашите мисли и стравови и само на тој начин ќе станете бестрашни.rnrn
rnrn1. Сфаќате дека луѓето понекогаш нема да го разберат она што се обидувате да им го објасните сè додека не им се случи истото.rnrn2. Кога ќе сфатите дека само вие можете да си помогнете себеси, ќе ви биде полесно да ги решите проблемите.rnrn3. Полесно ви е кога не зборувате за некои работи, бидејќи потсвесно почнувате да очекувате да се случат и се разочарувате доколку не се остварат.rnrn4. Сфаќате дека вистинските пријатели се препознаваат во тешките времиња.rnrn5. Сфаќате дека некои од вашите најдобри пријатели не ја познаваат вашата вистинска личност, туку само дел од вас. Со други зборови, ве сакаат кога сте среќни, но не и кога сте тажни.rnrn6. Почнувате да ја преземате одговорноста за сопствениот живот. Ако работите не се одвиваат како што треба, сфаќате дека вие сте одговорни и не ги обвинувате другите луѓе за вашиот неуспех. Учите како да ги водите битките бидејќи не се сите на ваша страна.rnrn7. Учите да не ги сфаќате работите лично и да бидете силни кога сте сами.rnrn8. Учите да се справувате со осаменоста. Ги прифаќате вашите мисли, вашата конфузија и вашите стравови. На крајот станувате бестрашни.rnrn9. Почнувате да разбирате дека секој има улога во вашиот живот, а некои луѓе и немаат толку важна улога. Некои од нив се тука само привремено и нема да ви бидат пријатели до крајот на животот.rnrn10. Станувате повнимателни кога се во прашање љубовните врски. Веќе немате толку доверба во другите и знаете како да поставите граници во односите со нив.rnrn11. Сфаќате дека понекогаш е подобро да не им кажувате на луѓето сè за себе бидејќи никогаш не знаете како и кога ќе го искористат тоа против вас.rnrn12. Сфаќате дека можете самите да се издигнете по секој неуспех и дека не треба да се потпирате на никого.rnrnОткако прочитавте кои лекции ќе ги научите откако другите ќе ви го свртат грбот, можеби ќе сакате да прочитате и зошто ни се корисни моментите на тишина и осаменост.rnrnИзвор: atma.hr -

Зошто желбите не се остваруваат тогаш кога сакаме да се остварат?
Зошто одредени желби не се остваруваат кога вие сакате туку неколку месеци или години подоцна, кога веќе сте ги заборавиле?rnrn
rnrnЕдно од објаснувањата е дека понекогаш чувствуваме очајна потреба за исполнување на одредени желби, па преку одредени постапки го форсираме нивното исполнување. Се фокусираме на желбата, но не обраќаме внимание на патот кој може да нè одведе до нејзиното реализирање.rnrnГолема пречка на патот кон остварување на желбите е очајната потреба да се има нешто. Дали некогаш сте успеале да присилите некого да ве сака? Или да ја натерате личноста да биде весела? Желбите функционираат на истиот начин. Не можеме да ги принудиме да се остварат!rnrnСамо кога вашите лични вибрации ќе излезат од состојбата на очајна потреба и кога ќе почнете да се чувствувате опуштени и релаксирани, ќе ви биде полесно да ги остварите вашите желби.rnrnОбидете се да ги најдете малите животни радости на патот кон желбата, наместо постојано да размислувате за стратегиите како да ја остварите вашата желба.rnrnНе заборавајте дека понекогаш желбите не се остваруваат затоа што можеби не е дојдено времето за нив. Ова не значи дека треба да седите и да не правите ништо за да ја остварите вашата желба. На тој начин, пак, ќе ги намалите шансите за нејзиното остварување. Доволно е да им се посветите на желбите со радост, без стресови и очекувања, а потоа ќе видите како можностите ќе се зголемуваат сами по себе. Бидете трпеливи и никогаш не откажувајте се од вашите соништа!rnrnОткако прочитавте за остварувањето на желбите, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие 7 правила за остварување на желбите.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

Кои 4 зборови привлекуваат негативна енергија доколку често ги изговарате?
Негативната енергија најчесто се создава како резултат на вашите сопствени мисли, зборови и дела и од вас зависи дали ќе ја прифатите како дел од вашиот живот или ќе ја отфрлите. Замената на негативна енергија со позитивна значи да ги замените лошите мисли со позитивни. И тука не е важно само што мислите, туку и што кажувате. Затоа, добро би било да размислите дали одредени зборови кои често ги изговарате привлекуваат лоши вибрации или не.rnrn
rnrnНегативната енергија ја носат зборовите кои предизвикуваат лоши емоции кај нас или кај другите – лутина, страв, незадоволство… Тоа не значи дека треба да се плашите да кажувате зборови кои имаат негативна конотација, туку дека треба да се фокусирате на тоа колку често ги изговарате, под каков емотивен набој и какво влијание имаат тие врз вас. Еве кои 4 изрази можат да привлечат негативна енергија доколку постојано ги изговарате:rn1. „Тоа е невозможно!“
rnОва го велите кога сметате дека е невозможно да направите нешто и кога не верувате дека ќе се случат некои добри работи и промени. На овој начин самите си ги поставувате пречки и си ги ограничувате можностите.rn
2. „Нема да успеам“
rnАко постојано повторувате „нема да успеам“, можно е навистина да не успеете. Наместо да повторувате дека нема да успеете, дури и кога навистина ќе доживеете пораз, користете зборови кои можат да ве мотивираат да преземете акција.rn
3. „Проблем“
rnПодобро би било да го замените овој збор со „ситуација“ или „предизвик“. На тој начин можете да размислувате попозитивно и побрзо да се справите со ситуацијата која не ви се допаѓа.rn
4. „Омраза“
rnОва е тежок и токсичен збор што не треба да биде во нашите животи, мисли и срца. Наместо омраза, подобро е да се каже: „Загрижен/а сум, ајде заедно да ја решиме оваа ситуација“.rnrnОткако прочитавте кои четири изрази и зборови привлекуваат негативна енергија, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 знаци ќе ви укажат дека несвесно ширите негативна енергија.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата!
Тагата е чувство од кое луѓето често се обидуваат да побегнат, да го игнорираат, па тоа најчесто останува потиснато во многу срца. Сепак, постојат денови и ситуации кога тагата може да влијае лошо врз нашето здравје доколку и понатаму продолжуваме да ја игнорираме и потиснуваме.rnrn
rnrnМногумина од нас забораваат дека тагата е нормална човечка емоција, како и среќата. Тоа е нормален одговор на нашиот мозок на различни аспекти во нашиот живот, околина, на одредени настани, искуства и луѓе. Сосема е нормално да бидеме тажни и затоа не треба да се плашиме како другите ќе гледаат на нас ако ги покажеме нашите емоции, ниту да се трудиме да бидеме насмеани и добри ако не се чувствуваме така.rnrnПсихолозите исто така истакнуваат дека тагата е важна емоција. Сепак, според нив е особено важно да се направи разлика меѓу тагата и депресијата. Тагата, како и сите наши емоции, е здрава и треба да ни помогне подобро да се спознаеме себеси, другите и светот околу нас.rnrnСпоред Карл Јунг, луѓето мора да ја ценат и почитуваат тагата за да уживаат во среќата. Прифаќањето на тагата е навистина важен дел од нејзиното надминување и враќање во нормална состојба.rnrnВажно е никогаш да не ја гледаме тагата како знак на слабост. Луѓето кои имаат развиено емпатија и покажуваат тага се ослободуваат од ова чувство на природен начин, но можат да им помогнат и на другите кои се плашат да ги покажат своите емоции и да им кажат – „во ред е да си тажен/а“.rnrnДруг мит е дека ако некој се препушти на тага, тој ќе остане тажен засекогаш. Емоциите се минливи состојби бидејќи тие се одговор на моменталната состојба. Тоа што моментално чувствувате тага не значи дека сте слаби, ниту дека секогаш ќе бидете тажни, туку дека реагирате синхронизирано со вашата емотивна состојба, во согласност со настаните што ве опкружуваат.rnrnДозволете си да бидете тажни, поврзете се со ова чувство, покажете го отворено и тагата ќе го најде својот пат.rnrnНапомена: Доколку често се чувствувате тажно и несреќно, а тоа влијае на квалитетот на вашиот живот, важно е да побарате помош од стручно лице.rnrnОткако прочитавте за тагата која е сосема нормална емоција, можеби ќе сакате да прочитате и за 4-те разлики помеѓу привремената тага и депресијата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs -

7 совети за подобрување на вашите комуникациски вештини!
Дали сакате да ги подобрите вашите комуникациски вештини? Без разлика дали понекогаш ви претставува вистински проблем да ја пренесете вашата порака или само сакате да бидете подобар слушател, сметаме дека ќе ви бидат корисни овие совети.rnrn
rnrnНо, најпрвин да разјасниме што претставува „ефективна комуникација“. Ефективната комуникација е процес на размена на идеи, мисли и информации на јасен, прецизен и лесно разбирлив начин за слушателот или публиката. Тоа вклучува не само ефикасно зборување и пишување, туку и внимателно слушање и разбирање на перспективата на другата личност.rnrnЕфективната комуникација може да биде клучен елемент за градење посилни односи и избегнување на недоразбирања или конфликти. Во продолжение ви споделуваме неколку совети за подобрување на вашите комуникациски вештини.rn1. Бидете внимателен слушател
rnВежбајте така што ќе им посветите целосно внимание на другите кога тие зборуваат, на начин што ќе воспоставите контакт со очите, ќе поставувате релевантни прашања и ќе давате повратни информации за да покажете дека разбирате.rn
2. Зборувајте јасно
rnЗабавете го говорот, изговарајте ги полека зборовите и зборувајте со соодветна јачина. Кога ќе научите да комуницирате подобро преку појасен говор, на другите ќе им биде полесно да ве разберат.rn
3. Контакт со очи
rnГледајте ги луѓето во очи кога зборувате за да изградите доверба, да покажете искреност и да го задржите вниманието. Контактот со очи е моќен, но едноставен начин да ги подобрите комуникациските вештини.rn
4. Користете го говорот на телото
rnНасмевнете се, кимнете со главата во знак на согласност и користете соодветни гестови за да го засилите вашиот говор и да им покажете на другите дека сте вклучени во разговорот.rn
5. Поставувајте прашања од отворен тип
rnНаместо прашања со да/не одговори, поставувајте прашања кои почнуваат со „што“, „зошто“ или „како“ за да го поттикнете соговорникот на разговор.rn
6. Покажете емпатија
rnСтавете се на местото на другите размислувајќи за нивните чувства и перспективи. Ова покажува дека се грижите и ја поттикнува отвореноста и искреноста во разговорот.rn
7. Бидете прецизни
rnПреминете на поентата, избегнувајте ги непотребните зборови за максимално да ја искористите секоја можност да зборувате. Прецизната комуникација е знак за самодоверба и ефикасност, а тоа се клучните елементи на ефективните комуникациски вештини.rnrnОткако ги прочитавте нашите совети за подобрување на вашите вештини, можеби ќе сакате да прочитате и на кој начин можете да ги развиете вашите интуитивни вештини.rnrnИзвор: themindsjournal.com
-

Животот ќе ви биде полесен и посреќен кога ќе ги сфатите овие работи!
Животот често е поедноставен отколку што мислиме, нема универзални правила, нема можност за враќање назад, животот е она што се случува овде и сега. Секој здив е знак дека сме живи и присутни. Понекогаш, во трката по материјалните работи, забораваме на некои обични, но вредни работи. Оние кои се можеби мали, но кои значително го олеснуваат животот.rnrn
rn1. Не претерувајте
rnПред да започнете да правите промени во вашиот живот, ќе разберете дека малите чекори се оние што на крајот ќе ве доведат до вашата цел. Ако се обидете да направите еден голем чекор наеднаш, големи се шансите дека едноставно ќе паднете. Олеснете си ја работата и одете напред со мали чекори.rn
2. Направете список на она што ви е важно
rnЕдноставниот живот започнува со едноставни работи. Сè што ви треба е да разберете што е важно и значајно за вас и од што е време да се откажете.rn
3. Чиста куќа
rnСега кога знаете што ви треба и што треба да оди во ѓубре, време е да ја направите првата од многуте промени – исчистете го вашиот дом. Ослободете се од сè што ви носи само негативна енергија, а оставете го она што е навистина вреди и корисно. Ослободете се од работите што не сте ги користеле со години како облека која ви е премала, неискористена спортска опрема, стар телевизор, видео игри, скршени ролери…rn
4. Почнете со шаховски начин на размислување
rnПочнете да гледате на вашиот живот како на шаховска игра. Направете потези размислувајќи три или четири чекори напред. Имајте на ум дека импулсивните постапки можат да ве одведат до заблуда, а со тоа да ве натераат да донесете погрешни одлуки за чии последици подоцна ќе се каете.rn
5. Останете доследни на сопствените принципи
rnЕден од најважните начини да си го олесните животот е да престанете да „се вклопувате“ во сè. Не барајте дополнителни извори на стрес. Правете го она што сакате да го правите. Почнете да кажувате „не“ на работи и луѓе кои ви ја одземаат енергијата и не се вклопуваат во вашата животна цел.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да ги прочитате и овие совети кои ќе ви помогнат да се фокусирате на вашите цели и страсти во животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Како да се справите со чувствата на анксиозност и паника додека сте на работа?
Кога анксиозноста надвладува, се јавуваат негативни мисли кои нè спречуваат да функционираме на вообичаен начин и ни наметнуваат глас во главата кој ни шепоти дека „сè е лошо“. Ако се соочувате со оваа ситуација, обидете се да застанете, длабоко вдишете и размислете. Ова може да биде предизвик кога сакате да завршите многу задачи одеднаш, па ве обзема анксиозност и паника доколку не можете да ги завршите навреме.rnrn
rnrnКога се чини дека не знаете како да се справите со предизвиците, тоа е сигурен знак дека ве нападнале негативни чувства. Затоа, вреди да го направите првиот чекор и да започнете дијалог со себе. Неопходно е да се запрашате зошто ви е потребна оваа работа, што ве тера да се чувствувате лошо и дали би било подобро доколку бидете трпеливи и размислете за миг што е тоа што тргнало наопаку?rnrnВеднаш штом ќе ги поминете првите чекори, работата престанува да изгледа толку невозможна и напорна. Освен тоа, чувството на контрола ќе ве смири и ќе ви помогне да го завршите она што сте го започнале. Доволно е да ги следите овие 3 совети:rn1. Направете список со обврски
rnЗа да не се одвоите од реалноста, потребно е да ја почитувате дисциплината и да имате одреден редослед на обврски во вашата глава. За да не бидете збунети и да ги намалите стравот и вознемиреноста дека нема да направите нешто добро, секое утро правете листа на работи што треба да ги направите, дури и секојдневни со цел да ги намалите што е можно повеќе негативните мисли. Започнете со запишување ситници, од местење на креветот и пеглање алишта, до одење на работа и должности што ве очекуваат таму. Подоцна, кога ќе ја проверите листата и ќе сфатите дека сте завршиле голем дел од вашите обврски, тоа ќе ви остави до знаење дека сте биле продуктивни во текот на денот.rn
2. Поедноставете го вашиот процес
rnЗа да останете продуктивни и смирени во исто време, треба да си ја создадете најудобната средина. Пред сè, тоа се однесува на работата. Идентификувајте ги слабите точки: што ви го одвлекува вниманието и ве тера да одолговлекувате, а што ве исцрпува и не ви дозволува да се одморите. Запомнете дека мора да постои рамнотежа и на работа и во слободно време.rn
3. Поминувајте време со саканите
rnНајчесто, кога сме осамени им подлегнуваме на негативните мисли. Затоа, обидете се поголемиот дел од слободното време да го поминете со оние кои ве поддржуваат и прават да се чувствувате добро. Ова може позитивно да влијае врз вашата ментална состојба.rnrnЗабелешка: Ако се соочувате со анксиозност која негативно влијае врз квалитетот на вашиот живот, консултирајте се со стручно лице.rnrnОткако прочитавте како да се справите со чувствата на анксиозност и паника во работната средина, можеби ќе сакате да прочитате и како да ги намалите стресот и анксиозноста со помош на техниката 5-4-3-2-1.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
-

Кои се најчестите токсични однесувања поради кои луѓето ве одбегнуваат?
Често забележуваме токсично однесување кај другите луѓе, но дали сме доволно свесни да го забележиме тоа и кај нас? Важно е да знаеме што е тоа што треба да промениме кај нас, дали нешто лошо влијае врз нас или врз другите луѓе, со кого да се збогуваме, а кому да му простиме…rnrn
rnrnТоксичното однесување може да се стекне уште од детството, а понекогаш и не сте свесни дека одредени ваши однесувања се токсични. Еве кои се најчестите однесувања поради кои другите ве одбегнуваат.rn1. „Јас сум подобар/а од тебе“
rnМногу луѓе, кога ќе запознаат некого, почнуваат да се споредуваат со таа личност. Повисок сум, понизок, во подобра или полоша форма, побогат, посиромашен, посреќен и на крајот… подобар. Нашето его е тоа што нè тера да се фокусираме на она кое мислиме дека нè прави супериорни во однос на другата личност, освен ако тоа не е некој на кој навистина му се восхитуваме и сакаме да ја имитираме таа личност, да научиме нешто од неа. За да престанете да се споредувате, оставете ги настрана разликите и наместо тоа фокусирајте се на заедничките работи и сличностите.rn
2. „Не те осудувам, но, всушност, те осудувам“
rnОва е ситуација кога цврсто се држите за вашите ставови и верувања, или она што го налага општеството, а потоа ја гледате таа личност низ тие очила на илузија – без да размислувате што има внатре. Тоа се ситуации кога коментирате за туѓиот изглед, изборот на облека, автомобилот, образованието, начинот на комуникација, животниот избор. Решението за ваквата токсична реакција е да застанете пред огледалото и да се потсетите како изгледа кога некој ве осудува, како се чувствувате, дали е тоа пријатно искуство… Едно од најважните правила на животот е да не им го правите на другите она што тие не би сакале да ви го прават вам.rn
3. „Не ти обраќам внимание“
rn„Премногу си самобендисан/а“; „Не ме слушаш“; „Не ми обраќаш внимание“… Дали често сте добивале вакви реакции од други луѓе? Дали мислите дека сè што ќе кажете, правите, мислите или планирате е поважно од она што другиот го споделува со вас во тој момент? Ова токсично однесување е особено видливо во романтичните врски. Ги отфрламе оние со кои сме блиски и за кои тврдиме дека ги почитуваме, бидејќи не ги третираме нивните мисли, идеи или потреби како подеднакво важни или вредни со нашите. Еден начин да престанете да го правите ова е да размислите за сите моменти кога другата личност покажала вистински интерес за вас. Потсетете се дека е важно да слушате и да сфатите дека љубовта е меѓусебно почитување и разбирање.rnrnОткако прочитавте за најчестите токсични однесувања поради кои луѓето ве одбегнуваат, можеби ќе сакате да прочитате и за 10-те типови луѓе кои токсично влијаат на вас и вашиот живот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs