Ако постојано се споредувате со другите, постои ризик од појава на незадоволство и нервоза кои можат да ве спречат да го живеете животот што го посакувате. Колку и да се трудите ,се појавува често токсичната мисла – „Зошто не сум како него/неа?” Тоа не секогаш се појавува како резултат на завист, туку едноставно е самокритика и порака до самите себе дека не сте успеале доволно. Еве на кој начин можете да престанете да се споредувате со другите:rnrn
rn
Работете на самодовербата
rnНајчесто проблемите со споредувањето се јавуваат во ситуации кога страда нашата самодоверба. Се чини дека секој кој постигнал нешто и може да се пофали со големи достигнувања е многу подобар од нас. Се разбира, тоа не е така и дефинитивно не вреди да се откажете од вашите цели.rn
Вие сте единствени на свој начин
rnСекој од нас има силни страни со кои другите не можат да се пофалат, но толку сме фокусирани на своите слабости што целосно забораваме на нашите силни страни. Психолозите инсистираат на тоа дека е важно да откриете што правите најдобро и да се фокусирате на таа област. Обидете се да бидете свесни за вашите добри страни и да ги користите – можеби имате некои таленти кои сè уште не сте ги откриле!rn
Недостатоци? Сите ги имаат!
rnКако што веќе рековме, повеќето од проблемите со самодовербата се засноваат на фактот дека не се прифаќате онакви какви што сте. Сепак, секој има слабости, никој од нас не е совршен. Но, борбата против слабостите и недостатоците може да ви помогне и она што не го сакате во вас да го смените во предност.rnrnОткако прочитавте како да престанете да се споредувате со другите, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја препознаете емотивната манипулација.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs
