КАФЕ ПАУЗА

По овие знаци ќе препознаете дали самите ја одложувате сопствената среќа или не!

По овие знаци ќе препознаете дали самите ја одложувате сопствената среќа или не!

Written by

in

,

Попузнатиот руски психолог, Михаил Лабковски, инспирира со неговите цитати за животот, љубовните врски и храброста да се живее животот. Неговиот совет е насочен и кон синдромот на „одложена среќа“ кој е присутен кај многу луѓе. „Ќе бидам среќен/а кога ќе ослабам; мојот живот ќе биде целосен кога ќе најдам партнер”; „мојот живот ќе биде одличен кога ќе ја променам работата”… Секој ден ја одложуваме среќата, наместо да се осврнеме на она што е реално, да станеме свесни за можностите и убавината што ја имаме моментално – сега и овде.rnrnПо овие знаци ќе препознаете дали самите ја одложувате сопствената среќа или не!rnrnПсихологот наведува пет причини зошто ја одложуваме среќата и нè советува како да се ослободиме од ова саботирачко ветување:rn

1. Навика да се размислува за лошото

rnОва е приказна за чашата која е полупразна. Всушност, вие сте оние кои избирате да мислите дали чашата е полуполна или полупразна.rn

2. Приврзаност кон материјалното

rnСè додека мислите дека среќата зависи од парите, витката линија, убавиот живот или големиот број следбеници, вие самите ѝ го блокирате патот во вашиот живот.rn

3. Незадоволството во вас

rnЛути сте на вашите родители, партнери, пријатели, колеги и генерално на сите околу нас. Несебично ги негувате овие поплаки и на тој начин го живеете животот на жртвата која е „толку несреќна“.rn

4. Завист

rnОва е начин на кој несвесно ги „оцрнувате“ достигнувањата на другите. Заедно со зависта, пак, доаѓа и радоста за туѓите неуспеси. И двете покажуваат дека сте емоционално зависни од оние околу вас. Но, нивните успеси и грешки не треба никако да влијаат на вашиот живот.rn

5. Наоѓање причини да не бидете среќни

rnТоа се случува несвесно, но постојано ви го одвлекува вниманието од нешто: настани во светот, туѓи одлуки и мислења и животни околности.rnrnОткако ги прочитавте овие совети, можеби ќе сакате да прочитате и зошто мораме да научиме да ја прифаќаме тагата за да можеме повеќе да уживаме во среќата.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs