КАФЕ ПАУЗА

Како да се смирите кога имате стресен и напорен ден?

Како да се смирите кога имате стресен и напорен ден?

Written by

in

,

Сите ние, одвреме-навреме, доживуваме стресен ден. Вашиот мозок е трениран да реагира на предизвикувачите на стрес со вашиот инстинкт за преживување. Не можете да го избришете стресот од животот, но можете да го вратите вашиот внатрешен мир.rnrnКако да се смирите кога имате стресен и напорен ден?rnrnНаместо да го потиснувате и стресот кога имате стресен ден, испробајте ги овие работи за да го подигнете расположението и да го смирите умот:rn

1. Вратете си го мирот со повеќе смеење

rnКога последен пат добро се насмеавте? Најдете повеќе можности за смеење. Гледајте една од вашите омилени комедии или споделете смешни спомени со пријател. Забавата и смеењето можат да ви го опуштат мозокот и да ви донесат моментална радост.rn

2. Научете да управувате со стресот

rnКои се работите што ви предизвикуваат стрес? Мора да ги препознаете овие стресни фактори за да ја намалите вашата анксиозност и да го вратите вашиот мир. Можете ли да направите некои промени во животниот стил за да го намалите стресот дома? Можеби ви пречат одолговлекувањето и лошото управување со времето. Препознајте ги работите што ви предизвикуваат стрес и најдете начин како да се справите со нив.rn

3. Танцувајте, играјте, слушајте музика

rnСекогаш кога се чувствувате под стрес, слушнете некоја од вашите омилени мелодии. Ќе се чувствувате подобро, а музиката може да ја поттикне и вашата креативност.rn

4. Намалете го времето што го поминувате пред екранот

rnГолем дел од вашиот свет зависи од технологијата. Вашиот телефон,, телевизор и компјутер доминираат во вашите секојдневни активности. За жал, не сите информации што медиумите ги внесуваат во вашиот ум се позитивни. Една од најдобрите секојдневни навики за враќање на мирот е да се исклучите од технологијата некое време. Исклучете ги телефонот и компјутерот и ограничете го времето поминато на екранот навечер.rn

5. Бидете благодарни за сето она што ви го подарил животот досега

rnКои се благословите во вашиот живот за кои сте благодарни? Почнете да правите список со работи за кои сте благодарни и запишете сè што ќе ви падне на ум.rn

6. Научете да простувате

rnГорчината е подмолен отров кој само му штети на оној што го носи. Простувањето, пак, не ја оправдува или заборава болката предизвикана од другите. Ниту, пак, тоа значи дека треба да ја пуштите таа личност да се врати во вашиот живот, но имајте на ум дека простувањето ја облагородува душата.rn

7. Талкајте на отворено по стресен ден

rnОслободете ги тие стресни моменти така што ќе отидете на прошетка во шума или во маалскиот парк. Вдишете свеж воздух и изразете благодарност за дрвјата, растенијата, водата и малите шумски суштества.rnrnОткако прочитавте кои навики можат да ви помогнат да се справите со стресниот ден, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 работи треба да ги правите наутро за да имате одличен ден.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs