Луѓето ја бараат вистинската љубов, а кога ќе стапат во врска имаат чувство дека им се остварил сонот и дека ја пронашле вистинската сродна душа. Но, дали сè се одвива онака како што тие посакуваат? Постепено, личноста што ја сакате излегува дека е некоја што е сосема поинаква од онаа што првично ја запознавте. Ова е време кога „вистинската љубов“ добива форма на „токсична љубов“. Затоа, пред да стапите во врска, треба да ја знаете разликата меѓу вистинската и токсичната љубов.rnrn
rn
1. Љубовта кон себе наспроти важноста на врската
rnВо вистинската љубов развојот на себе е најважен. Двете страни го посакуваат најдоброто една за друга. Во токсичната љубов примарниот фокус е на самата врска каде двете страни се „опседнати“ со начинот на кој се поврзуваат една со друга.rn
2. Одделни интереси наспроти зависност
rnВо вистинската љубов двајцата партнери имаат слобода да им се посветат на сопствените интереси. Така, тие можат да имаат свои пријатели и надвор од нивните романтични врски. Можат да ги следат интересите и идеите без страв од укор. Во токсичната љубов двајцата партнери се целосно вклучени во животот на еден на друг. Едниот не може да оди никаде без другиот.rn
3. Слобода наспроти тенденција да го смените партнерот во друга личност
rnВо вистинската љубов нема борба во прифаќањето на индивидуалноста на вашиот партнер бидејќи го прифаќате партнерот таков каков што е. Во токсичната љубов постои екстремен порив да го промените вашиот партнер во некој со кој повеќе би сакале да бидете наместо да го сакате онаков каков што е.rn
4. Взаемна интимност наспроти принудна интимност
rnВо вистинската љубов интимноста е резултат на длабоката љубов, грижа и наклонетост. Почитта доминира меѓу партнерите во вистинската љубов. Во токсичната љубов интимноста е нешто поради кое се чувствувате под притисок и тоа најчесто поради страв, несигурност од тоа како треба да се усогласите со сексуалните желби на вашиот партнер.rn
5. Пријателски разговор наспроти расправија
rnВо вистинската љубов разговорот е конструктивен. Секој партнер се обидува да ги разбере емоциите и чувствата на другиот. Партнерите се обидуваат да ги надминат разликите и недоразбирањата преку разговор и комуникација. Во токсичната љубов разговорите започнуваат со тривијални расправии кои на крајот се претвораат во префрлање на вината и манипулација.rnrnОткако прочитавте за разликата помеѓу вистинската и токсичната љубов, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 видови хемија се неопходни за да имате вистинска љубов.rnrnИзвор: themindsjournal.com









