КАФЕ ПАУЗА

Category: Љубов и секс

  • Зошто не треба да се откажете од љубовта?

    Зошто не треба да се откажете од љубовта?

    Авантурата наречена „љубов“ може да биде навистина возбудлива. Но, понекогаш потрагата по партнер може да биде навистина фрустрирачка. Од друга страна, за да имате одлична врска, треба да бидете подготвени да вложите труд. Но, што треба да направите кога ќе посакате да се откажете од љубовта? Прочитајте во продолжение.rnrnЗошто не треба да се откажете од љубовта?rn

    1. Љубовта може да ви помогне да научите одредени лекции

    rnНеуспешната врска може да биде фрустрирачко, потресно и депресивно искуство. Но, запомнете дека ако сте ставиле крај на вашата врска, не значи дека љубовта е завршена за вас. Наместо да ја гледате вашата неуспешна врска како губење време, направете листа на сите работи што сте ги научиле од таа врска. Ако врската била токсична, можеби сте научиле дека сте посилни отколку што мислите и сте сфатиле што нема да толерирате во вашите идни врски.rn

    2. Сега е време за вас

    rnНајдобриот момент за максимално да се посветите на вашите приоритети е додека сте сингл. Сега е време да направите чекори кои ќе ве одведат до кариерата од соништата, да патувате и да се фокусирате на вашиот социјален живот. Се разбира, можете да ги правите овие работи кога сте во врска, но љубовта понекогаш може да биде ограничувачка.rn

    3. Работите што вреди да ги правите не се воопшто лесни

    rnНајдобрите работи во животот – работите што ве прават да се чувствувате успешни, горди на себе и мотивирани да бидете уште подобри се секогаш тешки. Истото може да се каже и за потрагата по вистинската сродна душа. За да одлучите да чекате некој што ве исполнува, наместо да започнете врска со првата личност што ќе ја запознаете само затоа што сте осамени, потребна ви е сила. Потребна е храброст и да ставите крај на токсичната врска. Но, еден ден ќе ви биде мило што сте го направиле тоа.rnrnОткако прочитавте зошто не треба да се откажете од љубовта, можеби ќе сакате да прочитате и за најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Кои знаци ќе ви покажат дека наскоро ќе ја сретнете вашата сродна душа?

    Кои знаци ќе ви покажат дека наскоро ќе ја сретнете вашата сродна душа?

    Постои личност која е предодредена да биде вашата сродна душа. Но, како да ја препознаете? Ова се знаците кои ќе ви покажат дека вашата сродна душа наскоро ќе влезе во вашиот живот.rnrnКои знаци ќе ви покажат дека наскоро ќе ја сретнете вашата сродна душа?rn

    1. Имате романтични соништа.

    rnПред да се развие оваа романса во вашата реалност, можеби ќе ја доживеете прво во вашите соништа. Можеби нема да се сеќавате на живописните детали од вашиот сон, но добрите чувства што тој ќе ви ги донесе ќе бидат со вас во текот на целиот ден.rn

    2. Почнувате јасно да ја гледате вашата цел во животот.

    rnБлизината на вашата сродна душа ве тера навистина јасно да ја видите целта на вашиот живот. Се чувствувате живи и возбудени затоа што имате можност да ја увидите вистинската насока по која треба да се движите во животот. Токму овие позитивни емоции ќе ја привлечат вашата сродна душа.rn

    3. Почнувате да ја забележувате љубовта насекаде околу вас.

    rnКаде и да одите гледате љубовници како се држат за рака или се гушкаат како целиот свет да им припаѓа само нив. Ова може да ве иритира на почетокот, но можете да го сфатите како знак дека љубовта наскоро ќе се појави и во вашиот живот.rn

    4. Подготвени сте за нови можности.

    rnБидејќи се чувствувате подготвени да ја дочекате новата љубов во вашиот живот, полесно ги прифаќате новите можности за запознавање нови луѓе. Дружењето и напуштањето на удобната зона ќе ви даде повеќе шанси да ја запознаете вашата вистинска љубов бидејќи таа ретко тропа на вашата врата.rn

    5. Се чувствувате поенергични од вообичаеното.

    rnФактот дека сте исполнети со многу повеќе енергија од вообичаеното може да го навести присуството на вашата сродна душа. Можеби се будите наутро и чувствувате поголема енергија од вообичаеното. Можеби се чувствувате среќни без посебна причина.rn

    6. Конечно ги сфаќате лекциите од претходните љубовни врски.

    rnРаботите ви стануваат јасни и повеќе не им дозволувате на грешките од вашите минати врски да ве кочат. Наместо тоа, почнувате да ги гледате како искуства од кои можете да извлечете поуки. Знаете дека повеќе нема да ги правите истите грешки. Се чини дека ги знаете вистинските работи што треба да ги правите доколку влезете во нова врска со вистинската личност. Ова е знак дека сте излечени од минатите неуспешни љубовни врски и дека можете повторно да се заљубите.rnrnОткако прочитавте кои се знаците кои ќе ви укажат дека набрзо во вашиот живот ќе се појави вашата сродна душа, можеби ќе сакате да прочитате и зошто сè уште не сте ја сретнале вашата сродна душа.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска

    Најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска

    Вашата врска би требало да биде вашето безбедно засолниште, свет во кој ќе се чувствувате сигурно, безбедно и среќно. Но, кога сте со манипулативна личност, тоа е речиси невозможно. Проблемот е што најчесто е тешко да сфатите дека сте манипулирани затоа што партнерот е некој кој го сакате и кому му верувате. Во продолжение прочитајте ги најчестите примери за манипулативен однос што можат да се сретнат кога станува збор за љубовната врска.rnrnНајчестите примери за манипулативен однос во љубовната врскаrn

    1. „Секогаш претеруваш!”

    rnКога вашиот партнер ги знае сите ваши слаби точки, тој ја користи оваа манипулативна изјава за да ги истакне и за да го има главниот збор за време на расправијата. И нормално, кога ќе го слушнете ова, се вознемирувате уште повеќе и се чувствувате навредени и понижени.rn

    2. „Зошто измислуваш работи? Ова никогаш не се случило!“

    rnОва е една од најманипулативните работи што се кажуваат во врската и веројатно една од најлошите. Кога вашиот партнер ја преиспитува вашата реалност и се преправа дека измислувате работи или не се сеќавате што всушност се случило, тој ве тера да се преиспитате себеси и сопствената меморија. Во овој случај, знајте дека манипулира со вас.rn

    3. „Дали секогаш мораш да драматизираш?“

    rnУште еден класичен пример на вербална манипулација кој навистина може да ве натера да се преиспитате себеси и вашите чувства. Кога вашиот партнер прави нешто што навистина ве вознемирува или ве повредува, а вие му го оставате тоа до знаење, тој почнува да ве обвинува вам дека ги драматизирате нештата.rn

    4. „Ти си причината поради која се однесувам вака.“

    rnКога партнерот смета дека вие сте причината поради неговото/нејзиното лошо однесување, тогаш треба да знаете дека станува збор за токсична личност бидејќи префрлувајќи ја вината врз вас, партнерот, всушност, се обидува да го оправда своето лошо однесување.rn

    5. „Не сакам да зборувам со тебе/Не мора да зборуваме за ова.“

    rnОва е една од посуптилните манипулативни фрази во врската, но сепак е многу токсична. Кога манипулаторот сфаќа дека го терате да биде одговорен за своите постапки и дека не наседнувате на неговите лаги и приказни, тој го избегнува разговорот со вас. Ќе направи сè за да избегне сериозен разговор со вас, а ако инсистирате, веднаш ќе почне да глуми дека е жртвата. Ќе ви каже работи како: „Имав навистина тежок ден денес. Сакав само да се вратам дома и да се опуштам малку, но ти едноставно не ми дозволуваш.“ или „Нема да зборувам за ова само затоа што ти го сакаш тоа“.rn

    6. „Не е моја вина што ти се чувствуваш вака.“

    rnДруга класична стратегија за префрлање на вината. Манипулаторот знае што направил и знае колку тоа ве повредило, но никогаш нема да преземе одговорност за тоа. Ниту за секунда. Мрази ако го преиспитувате неговото однесување или се сомневате во него на кој било начин, па едноставно очекува да го промените начинот на кој размислувате и чувствувате.rnrnОткако ги прочитавте најчестите примери за манипулативен однос во љубовната врска, можеби ќе сакате да ги прочитате и 13-те знаци кои покажуваат дека вие сте токсичниот партнер во врската.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 8 женски особини кои најмногу ги привлекуваат мажите!

    8 женски особини кои најмногу ги привлекуваат мажите!

    Секој маж е различен и го привлекуваат различни работи кај жената. Но, вообичаено, ова се најчестите особини кои мажите ги бараат кај жените.rnrn8 женски особини кои најмногу ги привлекуваат мажите!rn

    Самодоверба

    rnМажите сакаат нивните жени да бидат самоуверени; некој кој без страв влегува во соба полна со луѓе и воспоставува контакт со очите е многу привлечна личност.rn

    Добра смисла за хумор

    rnНикој не сака да биде со некој кој е секогаш сериозен. Мажите сакаат жена која се смее на нивните шеги, која знае да се шегува и ужива да се смее. Не сакаат некој кој е песимист и секогаш има негативно мислење за сè и не знае да ужива. Жените кои се весели и позитивни повеќе им се допаѓаат на сите, не само на мажите.rn

    Независност

    rnНезависноста е привлечна особина за повеќето мажи – им се допаѓаат жени кои имаат свој живот. Иако мажите уживаат во женското внимание, оние жени чиј живот се врти исклучиво околу нивните мажи ќе бидат нападни. На мажите им треба внимание и грижа, но во исто време им е потребен простор само за нив.rn

    Разбирање

    rnМажите сакаат жена која ги разбира. Таа треба да го прифати мажот таков каков што е (и обратно). Покрај тоа, иако спротивностите можат да привлечат, мажот сака жената да ги почитува неговите верувања и по можност да сака исти или слични работи како него.rn

    Искреност и лојалност

    rnСекако дека мажот сака жена која нема да лаже и која ќе му биде лојална. Најчестите особини што мажите ги бараат кај жените се верноста и доверливоста. Сакаат некој кој ќе биде на нивна страна без разлика на сè.rn

    Зрелост

    rnМажите генерално сакаат жени кои се однесуваат зрело и соодветно на возраста.rn

    Грижа

    rnМажите дефинитивно сакаат жени кои се грижат за нив и кои вложуваат мали напори да ја покажат својата грижа.rn

    Поддршка

    rnМажите бараат жени кои ги поддржуваат, особено кога се заинтересирани за долготрајна врска. За маж кој, на пример, сè уште „се бори со кариерата“, поддршката од партнерката му е многу важна. Му треба некој што ќе го слуша, без да го исмева или омаловажува. Некој кој ќе му дава објективен совет и во чие друштво ќе се чувствува добро и полн со самодоверба.rnrnОткако прочитавте за женските особини кои најмногу ги привлекуваат мажите, можеби ќе сакате да ги прочитате и 3-те причини зошто повеќето мажи веќе не се заљубуваат.rnrnИзвор: atma.hr

  • Кои се најчестите изговори на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска?

    Кои се најчестите изговори на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска?

    Дали некогаш сте биле сведоци на тоа како одредени луѓе се обидуваат да ја оправдат нивната токсична љубовна врска, а притоа ги жртвуваат здравјето и среќата? Во продолжение прочитајте кои се нивните најчести изговори.rnrnКои се најчестите оправдувања на луѓето кои одлучуваат да продолжат со токсичната љубовна врска?rn

    1. „Знам дека мојата љубов може да го смени партнерот.“

    rnКога сакаме некого, сакаме да го видиме најдоброто во него. Дури и ако партнерот ни предизвикува болка, сакаме да веруваме дека благодарение на љубовта, партнерот ќе го подобри своето однесување, па затоа правиме сè за да ја спасиме врската.rn

    2. „Работите беа толку добри на почетокот.“

    rnПочетокот на секоја врска е прекрасен. Поминуваме часови разговарајќи за најразлични теми, поврзувајќи се на начин на кој веруваме дека никогаш претходно не сме се поврзале. Но, како што односите се продлабочуваат, честопати тие чувства се менуваат. Дури и во здрава врска, понекогаш може да се случи интензивните чувства кои биле присутни на почетокот да почнат да бледнеат.rn

    3. „Ако можам да се променам, ќе бидеме среќни!“

    rnМногумина сметаат дека токсичната врска е нивна вина. Но, причината поради која тие веруваат во тоа е затоа што партнерот им вели дека тоа е така. Како резултат на тоа, тие сметаат дека ако можат да направат промена, ако можат да бидат поубави, попаметни или понезависни, работите би се подобриле. Дали ова навистина функционира? Ако личноста се претвори во нешто што не е со цел нејзиниот партнер повторно да ја засака, дали нивната врска ќе биде среќна? Одговорот, за жал, е негативен. Луѓето кои бараат од вас да се промените само бараат изговори за нивното лошо однесување – тие навистина не очекуваат од вас да се промените. И, кога ќе го направите тоа, тие можат само да чувствуваат поголем презир кон вас.rn

    4. „Никогаш повеќе нема да најдам партнер ако заминам.“

    rnИ ова е една од неточните работи што луѓето си ги кажуваат за да го оправдаат престојот во токсична врска – дека никогаш повеќе нема да сакаат или да бидат сакани. Сите сакаме да бидеме во врска и се плашиме дека ако ставиме крај на оваа, никогаш повеќе нема да сакаме или да бидеме сакани. Дека оваа личност е единствената личност за нас и ако ја оставиме ќе се осудиме на живот полн со самотија. Сепак, не дозволувајте верувањето дека никогаш повеќе нема да сакате или да бидете сакани да ве држи во врска која лошо ви влијае. Сигурно постои личност која некаде ве чека во меѓувреме – доволно е да си пружите нова можност.rnrnОткако прочитавте за оправдувањата во токсичната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и за разликата меѓу вистинската и токсичната љубов.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска?

    Зошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска?

    Дали некогаш сте се запрашале кои се најважните елементи за здрава љубовна врска? Покрај љубовта, почитта и поддршката се клучните детали кои можат да ви помогнат да се чувствувате среќно и исполнето.rnrnЗошто меѓусебната поддршка е еден од најважните елементи за здрава љубовна врска? rn

    Зошто е тоа така?

    rnНеопходно е да му доставите до знаење на партнерот дека ви е потребна неговата поддршка. Но, од друга страна, потребно е и вие, во иста мера, да му пружите подеднаква поддршка. Со други зборови, меѓусебната поддршка придонесува не само за постабилна љубовна врска туку може и да го подобри ментално здравје на двајцата партнери.rnrnОсвен тоа, едно истражување покажало дека не само примањето туку и давањето поддршка може да игра важна улога во целокупното здравје на единката. Така, истражувачите откриле дека кај оние испитаници кои биле подготвени да им пружат поддршка на своите блиски или пријатели постоел намален ризик од појава на хронични заболувања. Ова е уште еден доказ за потребата од меѓусебната поддршка во рамките на љубовната врска.rn

    Како да научите да давате поддршка, а не само да ја добивате

    rn1. Станете свесни за вашите сопствени чувства, желби и цели — непосредни и долгорочни — во рамките на вашата врска.rnrn2. Станете свесни и за чувствата, желбите и целите на партнерот – непосредни и долгорочни – во вашата врска. Излезете надвор од себе и обидете се да продрете во внатрешниот свет на партнерот.rnrn3. Набљудувајте и идентификувајте го влијанието што го имате врз партнерот. Тоа може да биде вербално или невербално или дури да биде поврзано со физичкиот изглед. Во работна средина, тоа може да биде поврзано со улоги. Земете ги предвид сите реакции. Бидете слободни да прашувате.rnrn4. Набљудувајте и идентификувајте го влијанието на партнерот врз вас. Слично на тоа, може да биде вербално, невербално или да станува збор за одредени аспекти во поглед на физичкиот изглед или однесување.rnrnОткако прочитавте зошто поддршката е еден од најважните елементи во љубовната врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои 8 лекции можете да ги добиете од потенцијалната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • На кој начин доживеаната траума може да ви биде пречка за да започнете здрава љубовна врска?

    На кој начин доживеаната траума може да ви биде пречка за да започнете здрава љубовна врска?

    Започнувањето нова љубовна врска особено доколку имате трауми од претходната може да биде навистина тешко и честопати повеќето луѓе не можат да го сфатат тоа. Тоа е така бидејќи тие речиси и не знаат за битката што се случува во вас бидејќи очајно сакате да се чувствувате сакано, но не можете да се ослободите од стравот и траумата. Еве кои знаци можат да укажат на фактот дека доживеаната траума може да биде пречка за започнување нова љубовна врска.rnrnНа кој начин доживеаната траума може да ви биде пречка да започнете здрава љубовна врска?rn

    1. Никогаш не се чувствувате безбедно во ниедна врска, дури и ако вашиот партнер е навистина добра личност.

    rnСекогаш кога влегувате во нова врска, едноставно не можете да се натерате да бидете среќни и мирни во неа. Вашиот партнер можеби е многу добра личност и искрено ве сака такви какви што сте, но не можете да ги заборавите вашите минати трауматски искуства и да му верувате. Постојано се сомневате во намерите и зборовите на партнерот како резултат на вашата претходна токсична врска.rn

    2. Вистинската љубов ја барате во погрешни луѓе.

    rnБарањето љубов во погрешен тип на луѓе е еден од најголемите знаци дека имате проблем да ја прифатите љубовта после траума. Без разлика дали се работи за трауматски искуства од детството или минати токсични врски, бидејќи сте научиле дека љубовта „треба“ да биде поврзана со болни искуства, ја барате кај оние кои не ви ја возвраќаат.rn

    3. Не можете да се ослободите од минатото.

    rnНе е лесно да се ослободите од минатото, особено кога сте имале многу трауматични искуства. Ако сте пораснале со насилни родители, може да биде особено предизвик да се извлечете од таа трауматична јамка бидејќи на крајот на краиштата тоа се вашите родители. Не можете да заборавите како се однесувале со вас бидејќи тоа е единствениот вид „љубов“ што сте го познавале откако сте дошле на овој свет. Токсичната врска може исто така да го уништи вашето ментално и емоционално здравје. Продолжувате да размислувате за тие лоши времиња и тоа ве држи во маѓепсан круг на трауматични и болни спомени.rn

    4. Имате тенденција да се самоповредувате.

    rnКога е премногу тешко да се справите со болката од минатото, се предавате на штетните навики, надевајќи се дека тие ќе ви помогнат да се справите со сето тоа. Без разлика дали станува збор за физичко самоповредување или емоционално самоповредување, влијанието е исто – завршува со самоуништување.rnrnОткако прочитавте кои се знаците дека не можете да ја прифатите љубовта во вашиот живот, можеби ќе сакате да прочитате како да се справите со траумата од претходната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Наместо да ја барате, оставете ја љубовта да ве пронајде вас!

    Наместо да ја барате, оставете ја љубовта да ве пронајде вас!

    Честопати се чини дека луѓето ја бараат љубовта и стануваат очајни доколку не успеат да ја пронајдат. Сепак, дали знаевте дека е поверојатно да ја пронајдете кога најмалку очекувате? Еве зошто е тоа така.rnrnНаместо да ја барате, оставете ја љубовта да ве пронајде вас!rn

    Престанете да ги оценувате новите познанства како „потенцијални“ партнери

    rnНикој не сака да чувствува дека го оценуваат како потенцијален животен партнер, особено на првиот состанок. Освен тоа, на тој начин на личноста ѝ оставате до знаење дека сте очајни за нечие внимание.rnОчајот може да биде протолкуван како знак на слабостrnrnОчајот и потребата од партнер можат да бидат протолкувани како знаци на слабост и ниска самодоверба, што може да ја згасне искрата уште пред таа да се распламти. Кога некое лице очајно сака да најде партнер најверојатно ќе падне во искушението да ја раскаже сопствената животна приказна кога прв пат ќе запознае некого. Не заборавајте дека и мистериозноста понекогаш може да биде една од главните причини за тоа дали една личност ви е привлечна или не.rn

    Љубовта се појавува кога ќе престанете да ја барате

    rnДали сте забележале дека кога немате никаква намера да „барате“ нови познанства или нова врска, тогаш се појавуваат нови познанства кои понекогаш имаат тенденција да прераснат во нешто друго? Едноставниот факт дека сте се фокусирале на сопствениот животен раст не само што ве прави подобра личност, туку ве прави и подобар потенцијален животен партнер. Тоа е нешто што зрачи од вас и ве прави полни со самодоверба во очите на другите.rn

    Трпението ќе ја донесе вистинската личност

    rnТрпението е клучниот елемент кога станува збор за заљубувањето и наоѓањето вистинска личност. Брзањето и потрагата по потенцијалниот партнер можат само да го зголемат ризикот да наидете на погрешна личност која ќе ве повреди. Затоа, следниот пат кога ќе излезете со пријателите, опуштете се, вдишете длабоко, забавувајте се и бидете свои.rnrnОткако прочитавте за љубовта и наоѓањето потенцијален партнер, можеби ќе сакате да прочитате и кои 6 негативни мисли ве спречуваат да ја раскинете љубовната врска иако партнерот не ве заслужува.rnrnИзвор: lifehack.org

  • Не смеете да ги занемарите овие знаци доколку сакате здрава љубовна врска!

    Не смеете да ги занемарите овие знаци доколку сакате здрава љубовна врска!

    Здравата врска вклучува доверба, почит, отворена комуникација и искреност меѓу партнерите. Сепак, покрај овие постојат и други подеднакво важни елементи кои не смеете да ги занемарите особено доколку сакате да имате среќна врска.rnrnНе смеете да ги занемарите овие знаци доколку сакате здрава љубовна врска!rn

    1. Престанавте да разговарате еден со друг.

    rnРазмислете кога последен пат разговаравте со партнерот за нешто друго освен за децата или за работата? Кога последен пат зборувавте за некоја значајна тема? Сепак, важно е не само да се разговара за „прашањата“, туку и да се зборува за добрите работи. Работите што прават да се чувствувате поврзани, што ве тера да се чувствувате заинтересирани еден за друг. Она што отсекогаш ве терало да се смеете заедно. Така, ако забележите дека вие повеќе не разговарате еден со друг, ако вашите разговори се состојат само од зборување за децата и/или карање, тогаш дефинитивно ова е една од оние работи што никогаш не треба да ги игнорирате доколку сакате здрава врска.rn

    2. Ги игнорирате заедничките проблеми.

    rnТенденцијата да ги игнорирате проблемите и наместо тоа да се фокусирате на помалку важните работи може да придонесе за влошување на вашата врска. Понекогаш можеби и се залажувате двајцата дека кога-тогаш тие ќе се решат и дека е потребна трпеливост. Имајте на ум дека нема да постигнете ништо доколку продолжите да го одложувате нивното решавање и дека колку побргу се справите со нив толку подобро.rn

    3. Сами донесувате одлуки.

    rnЕдностраниот процес на донесување одлуки е дефинитивно една од оние работи кои никогаш не треба да ги игнорирате доколку сакате здрава врска.rn

    4. Врската не е на вашата листа на приоритети.

    rnНа кое место од вашата листа со приоритети би ја поставиле вашата врска? Дали би ја ставиле на првото, третото или петтото место? Обидете се да размислувате за вашата врска како да ја работите својата работа. Мора да одите на работа секој ден и да се фокусирате на работните задачи за да бидете продуктивни и добро да ги завршите. Можете ли да ја имате истата перспектива и во вашите односи? Можете ли да запомните дека е важно да работите на нив секој ден за тие да бидат подеднакво продуктивни?rnrnОткако прочитавте кои се знаците на нездравата љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и кои се 6-те фази на закрепнување од токсичната љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 8 лекции кои можете да ги добиете од потенцијалната љубовна врска

    8 лекции кои можете да ги добиете од потенцијалната љубовна врска

    Понекогаш сè што ви треба е партнер со кој можете да се забавувате и да се поврзете без никаква обврска што може да произлезе од официјалната врска. Обичната врска е одличен начин да ги пронајдете задоволствата во животот, но и да се спознаете подобро себеси како личност. Но, што се случува кога ќе почнете да развивате чувства кон потенцијалниот партнер? Сепак, од секоја потенцијална врска можете да добиете по некоја вредна лекција.8 лекции кои можете да ги добиете од потенцијалната љубовна врскаrn

    1. Само затоа што некој постојано ве брка не значи дека бара нешто сериозно.

    rnТоа е едноставна теорија, но најчесто точна. Ако некој сака да биде со вас, тој/таа ќе биде директен/а и ќе ви каже дека е подготвен/а да се посвети. Сепак, не заборавајте дека некои луѓе се неодлучни и дејствуваат без многу размислување. Нема подлабоко значење за нивните постапки освен фактот дека тие се заинтригирани или донекаде се интересираат за вас.rn

    2. Ако на некој му се допаѓате доволно, тој/таа или ќе го каже тоа или ќе го покаже.

    rnЗборовите не значат ништо, но постапките зборуваат многу. Ако сè што сте добиле од некого се само зборови во врска со тоа што му значите, тој точно ви покажал кој е тој без разлика што ви рекол.rn

    3. Тајмингот е важен, но не е неопходен.

    rnПонекогаш се случува да сретнете некого со кој сте компатибилни, па така и двајцата сакате тоа да функционира, но што и да правите или колку напорно да се трудите, исходот не е онаков каков што сте очекувале. Тајмингот е важен за тоа како се одвива една врска, но не е причина да ја прекинете ако сè оди добро и двајцата сте заинтересирани еден за друг. Ако и двајцата навистина сакате да го остварите тоа, секогаш постои начин тоа да функционира. Во спротивно, тајмингот е само уште едно оправдување партнерот да не сака да стапи во сериозна врска со вас.rn

    4. Да се биде искрен на почетокот може да ве спаси од повреда.

    rnИ покрај тоа што личноста била отсекогаш отворена за нејзините чувства и цели во врската, поставувањето прашања е една од најдобрите работи што можете да ги направите за да не се повредите. Ако личноста не може да се справи со едноставен разговор и директно да комуницира со вас, тоа доволно зборува за нејзината емоционална нестабилност и недостаток на зрелост.rn

    5. Не дозволувајте вашите емоции да ве заслепат.

    rnПонекогаш одбивате да се откажете од врската затоа што се плашите да останете сами. Толку сте навикнати на партнерот што помислата да ставите крај ви предизвикува болка во градите. Меѓутоа, не дозволувајте вашите емоции да ве заслепат и да не сфатите дека некој не се однесува со вас како што треба. Освен тоа, не барајте изговори за да го оправдате однесувањето на партнерот, кога знаете дека заслужувате подобро.rn

    6. Не можете да натерате некого да биде со вас, само поради љубовта што вие ја чувствувате.

    rnДури и ако сте најгрижливата личност на планетата, не можете да натерате некој што не ве сака да биде во врска со вас.rnИмајте на ум дека без разлика колку сте одлични или колку и да се трудите, никогаш нема да можете да го промените неговото/нејзиното мислење.rn

    7. Понекогаш ви се допаѓа предизвикот, а не личноста.

    rnПонекогаш идејата да придобиете некој кој ви е емотивно недостапен ве држи заглавени во врската, а понекогаш вашето его ви кажува дека треба да го добиете она што го сакате.rn

    8. Ако сакате врска, ќе мора да се залагате за она што го сакате.

    rnАко имате одредени очекувања или сакате повеќе од врската, морате тоа да го побарате од партнерот наместо да го прифатите само она што тој може да ви го пружи. Ако негувате лажна надеж дека вие двајца ќе бидете нешто што не сте, тоа ќе ве натера подоцна да му замерите за нешто што тој никогаш не ви го ветил. Поставете граници и одбијте да се задоволите со нешто што во вашето срце знаете дека не е соодветно за вас. И ако и двајцата не ги сакате истите работи, подобро е да се откажете пред да биде предоцна.rnrnОткако прочитавте за лекциите на потенцијалната љубовна врска, можеби ќе сакате да прочитате и како да ја подобрите вашата љубовна врска.rnrnИзвор: themindsjournal.com