КАФЕ ПАУЗА

Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?

Како недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?

Кога не се сакате доволно себеси не можете да очекувате некој друг да ве сака, па оттука лесно може да дојде до раскинување на врската и уништување на секоја можност за љубов. Ако не можете да најдете љубов и се прашувате што не е во ред со вас – одговорот можеби лежи во тоа дека не се сакате доволно себеси. Во продолжение дознајте дали тоа важи и за вас преку следните ставови и однесувања.rnrnКако недостатокот на љубов спрема себеси ве спречува да ја пронајдете вистинската љубов?rn

1. Скептични сте кон луѓето кои јасно покажуваат интерес кон вас

rnМислите дека тие веројатно сакаат само секс или нешто кријат што ќе излезе на површина по некое време. Тоа покажува дека се сомневате дека некој може да има искрени чувства кон вас.rn

2. Сè сфаќате лично

rnАко некој ве осуди, се чувствувате виновни. Ако некој ве игнорира, исто така мислите дека е ваша вина. Ако на некој не му се допаѓате, повторно сметате дека за тоа сте виновни вие. Според вас, за туѓото негативно однесување кон вас сте виновни само вие и никој друг.rn

3. Претерано анализирате и барате каде сте згрешиле

rnИако состанокот поминал добро, сепак детално ќе го анализирате секој момент сè додека не го најдете она што не било добро. Тоа нема да ги смени работите и ќе ве натера само да се чувствувате лошо.rn

4. Немате високо мислење за себеси

rnСметате дека не сте убави и привлечни (сметате и дека не сте ни грди), но сигурни сте дека не се доволно добри за некој што ви се допаѓа, па затоа заклучувате дека нема смисла да се обидете.rn

5. Се чувствувате поразени

rnЧувствувате пораз кога ќе откриете дека поранешните партнери на личноста која ви се допаѓа изгледаат многу подобро од вас и оставаат подобар впечаток. Тоа ве прави потиштени и повлечени во себе, без можноста да се истакнете.rn

6. Се чувствувате ограничени

rnЧувствувате дека не можете да се изразите себеси. Не можете ни да замислите да привлечете некого ако му дозволите да види колку сте несигурни, па затоа се преправате дека сте среќни. Всушност, се преправате дека сте некој друг, а тоа е единственото нешто што ве спречува да го искажете вистинското „јас“.rn

7. Постојано размислувате за разочарувањата од претходните врски

rnНе можете да се помирите со лошите искуства од минатото, па затоа се плашите дека одново ќе ви се случат истите работи.rn

8. Секогаш сте загрижени за впечатокот што го оставате

rnНаместо да се фокусирате на комуникацијата со некој што ви е привлечен, вие се грижите дали сè е во ред со вас (фризурата, облеката итн.) и на тој начин ја пропуштате можноста да се опуштите и да уживате во флертувањето.rn

9. Праќањето пораки ви задава маки

rnАко не ви одговори веднаш, претпоставувате дека нешто сте згрешиле, не се осмелувате први да контактирате некого затоа што верувате дека тоа би му било непријатно… Крајниот резултат е губење контакт со луѓе и повлекување во себе.rn

10. Ве привлекуваат погрешни типови

rnПотсвесно се саботирате себеси со тоа што се обидувате да им пристапите само на оние кои се недостапни, ладни и далечни бидејќи сметате дека не заслужувате ништо подобро.rn

11. Не умеете да прифатите комплимент

rnАко некој ви каже нешто убаво или ве пофали, вие се срамите.rn

12. Не умеете да ги истакнете своите доблести

rnВо разговорот со другите речиси и никогаш не зборувате за вашиот личен успех и работите што сте ги постигнале во животот. Наместо тоа, избирате неутрални теми при што не дозволувате другата личност да види колку сте успешни.rn

13. Не верувате дека некогаш ќе ја пронајдете вистинската љубов

rnАко продолжите да верувате дека засекогаш ќе бидете сами, најверојатно и тоа ќе се случи. Треба да најдете начин да ја зголемите самодовербата, да ги цените вашите вредности и да ја негувате мислата дека го заслужувате најдоброто.rnrnОткако прочитавте како недоволната љубов кон себеси може да влијае врз вашите љубовни односи со партнерот, можеби ќе сакате да ги прочитате и 30-те знаци дека имате ниска самодоверба и треба да научите да се сакате себеси.rnrnИзвор: wannabemagazine.com