Сѐ уште не смисливте како да ги бојадисате јајцата за Велигден? Иако шарените бои се најчестиот избор на многумина, понекогаш е добро малку да ги промените начините на украсување за вашата трпеза да заблеска и да се издвојува од останатите кои се слични едни на други. Нам многу ни се допадна идејата на вака насликаните јапонски Кокеши кукли како еден нов и иновативен начин за украсување, па решивме да ги споделиме и со вас.rnrn
rnrnКокеши куклите се познати во целиот свет, а своето потекло го влечат од северна Јапонија. Изгледаат многу едноставно, се изработуваат од дрво и се карактеризираат со поголема глава на која со тенки линии е исцртано лицето.rnrn
rnrnЗанимливо е тоа што тие немаат ниту раце, ниту нозе, па нивното сликање на јајцето е уште поедноставно. Инспирирајте се со изгледот на вака украсените јајца, и ако ви се допаѓаат, украсете ја вашата празнична трпеза на еден ваков занимлив начин.rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
rnrn
Category: Направи сам
-

Инспирација од јапонската култура: Кокеши кукли на велигденски јајца
-

Направете сами: Креативни велигденски декорации и уникатна атмосфера
Имагинативни, елегантни или модерни? Изберете ги најубавите и најинтересните велигденски декорации за вашиот дом! Исполнете го со среќата и магијата на празникот, а доколку планирате да повикате и гости, ќе ги изненадите со вашата оригиналност. За најмалите, подгответе вистинска велигденска забава!rnrnСин Велигден – атмосфера што зрачи со духовност, кралско достоинство и мудрост. Сината боја го претставува ведрото небо и симболизира среќа, искреност и голем број други позитивни емоции.rnrn
rnrnЖенствен Велигден – обновете го чувството на среќа и романса, така што ќе се инспирирате од декорациите на претходните епохи. Овој Велигден, ставете ги најблиските на прво место.rnrn
rnrnМодерен Велигден – спојте ја жолтата со црната боја. Дизајнерите се согласуваат – оваа комбинација оддава отмена елеганција, чувство на удобност и топлина во домот.rnrn
rnrnКреативен Велигден – постојат толку многу онлајн туторијали што едноставно нема да знаете од каде да почнете. Целта е да направите нешто со своите раце, за да се почувствувате поисполнето.rnrn
rnrnДетски Велигден – не заборавајте на најмалите кои најчесто и најмногу се радуваат на ваквите празници. Направете им специјална работилница за фарбање јајца и оставете ги да уживаат во целодневната забава!rnrn
rnrnПрочитајте повеќе за моќниот спој на жолто и црно: Модерни велигденски декорации! -

Направете сами: Едноставна висечка ламба во само 5 чекори
Оваа едноставна ламба со модерен дизајн е идеален декоративен детаљ за сечиј дом. За нејзината изработка нема да ви биде потребно ниту многу време, ниту многу пари, туку само малку труд и имагинација.rnrn
rnПотребен материјал:
rn
- rn011
- Машински шраф со должина од 6 до 12 милиметри
- Шестоаголни навртки кои одговараат на шрафот
- Маркер
- Скалпел
- Самолеплива лента
- Рамен и флексибилен материјал што не гори (посебни видови хартија, кожа, ткаенина, метална мрежа…)
- Кабел со врат за сијалица
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на изработка:
rn1. Исечете го материјалот за абажурот. Стандардната големина за изработка е 22х28 сантиметри, но можете да експериментирате и со други димензии.rnrn
rnrn2. Свиткајте го материјалот, а потоа со маркер обележете го местото на кое ќе го ставите шрафот. Конусот прицврстете го со самолеплива лента и исправете го доколку е потребно, за да не згрешите при правењето дупка за шрафот.rnrn
rnrn3. Одмотајте го материјалот, ставете го на рамна површина и направете дупка за шрафот. Потоа повторно свиткајте го, но сега околу кабелот.rnrn
rnrn4. Ставете го шрафот на обележаното место, затегнете го материјалот додека не го добиете посакуваниот облик, а потоа ставете ја навртката на шрафот за да го зацврстите дизајнот. Извлечете го кабелот од надворешната страна. Поставете ја сијалицата и задолжително проверете дали го допира абажурот.rnrn
rnrn5. Закачете го кабелот на посакуваното место и вашата нова висечка ламба е спремна за употреба.rnrn
-

Направете сами: Слатки идеи за освежување на пролетната облека
Доаѓа пролетта, а со тоа ќе имаме подолго слободно време за себе и нашето хоби. Доколку ја сакате модата и „направи сам“ проектите, тогаш за денес ви подготвивме неколку корисни идеи. Принајдовме занимливи туторијали за тоа како да ја украсите или преобликувате вашата пролетна облека, а некои од нив ги споделуваме со вас во продолжение. Сѐ што ви е потребно за овие проекти е стара облека и материјали за украсување, како што се чипка, нитни, копчиња и слично. Со малку волја и креативност, вашата стара блуза или панталони ќе изгледаат како нови.rn
1. Точкасти хеланки
rn

rn
2. Блуза со скапоцености
rn
rnrnПреминете на следната страница за повеќе идеи…rn -

Направете сами: Миризливи и шарени кугли за бањање
Шумливите купки стекнаа доста голема популарност, но за жал нивните цени се навистина високи. Сепак тоа не значи дека треба да се откажете од топла и пенлива бања која толку многу пријае после тешкиот и напорен работен ден. Денес ви откриваме како самите да направите свои природни миризливи и шарени кугли за бањање и тоа со помош на само неколку состојки кои најверојатно веќе ги имате во вашиот дом. Па, да започнеме.rnrn
rnПотребни состојки:
rn
- rn011
- 240 грама сода бикарбона
- 120 милилитри лимонска киселина
- 120 грама нерафинирана сол
- 1 лажица вода
- Неколку капки етерично масло по желба
- 3 лажици маслиново масло
- Природна боја за храна
- Калап за топки
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Сите суви состојки ставете ги во сад и добро измешајте ги.rnrn
rnrn2. Во друг сад измешајте ги сите течни состојки (масло, бои).rnrn
rnrn3. Потоа, полека течните состојки сипете ги во сувите, притоа мешајќи со лажица цело време.rnrn
rnrn4. Откако добро ќе ги измешате, додајте ја смесата во калапот за топки. И тоа е тоа, вашата топка за бањање е подготвена.rnrn
-

Интересни декорации на храна што ќе ви го направат готвењето позабавно
Храната е неизбежен дел од секојдневието. Но, зошто да дозволите таа секогаш да ви биде како еден вид „обврска“? Наместо тоа, можете да се обидете да ѝ дадете една малку поинаква форма, во чиешто приготвување ќе уживате и вие. Направете ги вашите оброци малку поинтересни, со помош на овие лесни и креативни начини за декорирање.rn
1. Направете сами свој сладолед, по ваша желба и ваш вкус
rn
rn2. Парчињата леб може да бидат поинтересни со помош на овој трик
rn
rn3. Изненадете ги вашите сакани со појадок во ваков вид
rn
rn4. Виршлите може да добијат и една поинаква форма
rn
rn5. Појадок кој вашите малечки со сигурност ќе го обожаваат
rn
rn6. Необичен, но креативен начин за подготвување на кромидот
rn
rnrnВи се допаднаа? Погледнете уште идеи на наредната страница.rn -

Неколку начини секојдневните предмети да ги искористите покорисно и попаметно
Многу секојдневни предмети, покрај нивната основна употреба, може да имаат и друга корисна страна. Понекогаш, некои мали предмети може да направат голема разлика во вашето секојдневие. Погледнете ги овие корисни трикови кои ќе ви бидат од голема помош.rn
1. Гумената лента околу конзервата со боја може да ви послужи за отстранување на вишокот боја од четката
rn
rn2. Ставете го ѓерданот во мала цевка за да го спречите неговото заплеткување. Ова е одлично решение додека сте на патување, а можете да го ставите во кутија од четка за заби
rn
rn3. Спојницата на внатрешниот дел на вашите ногавици ќе го спречи електрицитетот
rn
rn4. Стиснете пластично шише од вода и искористете го како вакуум за да ги одвоите јајцата
rn
rn5. Користете копче за да ги заштитите вашите обетки од губење
rn
rn6. Гумата за бришење е одлична за отстранување на трагите од обувките на дрвото и светлата кожа
rn
rnrnПогледнете уште креативни начини, на наредната страница…rn -

Направете сами: Фотографија пренесена на дрвена површина
Дали ви е здодеано од фотографиите во обични рамки кои стојат на вашите полици? Ако вашиот одговор е потврден, тогаш одвојте малку од своето време и изразете ја вашата креативна страна. Фотографијата пренесена на дрвена површина изгледа необично, дава подобар ефект, а сигурно и ќе ги изненади сите околу вас.rnrn
rnЗа нејзина изработка, потребно ви е:
rn
- rn011
- Фотографија по ваш избор
- Дрвена површина
- Шмиргла
- Гел за дрво
- Масло за дрво
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rnЗа да ја создадете оваа необична креација, погледнете кои чекори треба да ги преземете.rnrn
rnЧекор 1: Изберете дрво
rnПред да ја изберете фотографијата, треба да знаете на какво дрво сакате истата да ја пренесете, па да можете да ја прилагодите нејзината големина и форма. Некои практикуваат ова да го направат врз нивната гитара, мебелот или други дрвени предмети, но доколку сакате нешто поедноставно, тогаш изберете некое обично, чисто парче дрво. Можеби ќе треба малку да го обликувате, но сепак, имајте ја предвид големината на хартијата на која ќе печатите.rnrn
rnЧекор 2: Подгответе ја фотографијата
rnТреба да пронајдете некоја фотографија што ви се допаѓа. Доколку ѝ треба некоја обработка (на пример ротирање, сечење или слично), можете да користите различни апликации. Препорачливо е да ѝ додадете на фотографијата потопли бои, така што ќе изгледа подобро кога ќе ја поставите на дрвото. Трудете се да ги избегнувате светлите и фотографиите кои содржат повеќе боја, затоа што кога ќе се пренесат на дрвото не изгледаат толку добро.rnrn
rnЧекор 3: Испечатете ја вашата фотографија
rnОткако веќе ја избравте фотографијата и соодветно ја уредивте, потоа треба да ја испечатите, а за подобри резултати можете да користите ласерски печатач.rnrn
rnЧекор 4: Подгответе го дрвото
rnИсчистете го дрвото со шмиргла со цел да ги отстраните сите нечистотии, маснотии или нерамнини. Потоа нанесете гел и распоредете го рамномерно.rnrn
rnrnПреминете на наредната страница за да ги видите преостанатите чекори и видеото со детално објаснување за ова постапка.rn -

Направете сами: 14 декорации за Денот на вљубените кои ќе ги воодушеват сите околу вас
Се приближува Денот на вљубените, ден кога многу парови одлучуваат да го поминат заедно во романтична атмосфера. Но, доколку веќе ви е досадно постојано да го повторувате истото, а имате малку слободно време, дефинитивно нема да погрешите доколку изберете некои од овие проекти кои можете да ги направите самите, а да уживате со вашите најсакани.rn
1. Омбре декорација за на ѕид
rn
rnrnИзберете неколку соодветни гранки од дрво, составете ги во облик на срце и обојте ги во четири нијанси на боја за да ја направите оваа интересна декорација.rn2. Полици
rn
rnrnСтавете нежни розови цвеќиња врз полиците во вашиот дом и дополнете ги со слатки пораки за Денот на вљубените.rn3. Нежни рачно направени подметки
rn
rnrnОвие рачно изработени подметки можете да ги составите во вид на венец и да ги закачите онаму каде што најмногу одговараат во вашиот дом.rn4. Цвеќиња кои висат на ѕидот
rn
rnrnБидете креативни и направете интересни декорации кои ќе висат на вашиот ѕид и ќе ви направат романтична атмосфера.rn5. Картички со пораки во омилената боја
rn
rnrnНаправете неколку картички и обојте ги во омилената боја, а потоа напишете некоја слатка порака.rnrnПогледнете уште креативни декорации на наредната страница…rn -

Интересни и корисни трикови со чорапи кои може да ви помогнат во многу ситуации
Секому му е познат феноменот на губење на едниот чорап, па честопати луѓето не знаат што да прават со оној кој им останал. Но, тој не е толку бескорисен колку што мислите. Постојат многу начини на кои можете да го искористите, а во продолжение погледнете некои од нив.rn
1. Мирис за обувки
rn
rnrnНаполнете го чорапот со сода бикарбона или кафе, па оставете го да стои во обувките кои имаат непријатен мирис. Наредното утро ќе бидете изненадени.rn2. Ладна облога
rn
rnrnКога ќе ве касне некој инсект, важно е да го разладите отечениот дел на кожата. Бидејќи директното ставање лед на кожата не е здраво, а може да биде и многу болно, чорапот со лед совршено ќе ве заштити, а истовремено ќе ви користи како облога.rn3. Чување на накитот
rn
rnrnОвој начин можете да го користите за складирање на накитот кога ќе заминете некаде на патување, но одличен е и да го користите дома. Со ова тој ќе биде и заштитен и организиран.rn4. Заштита од топлиот метален дел на појасот во автомобилот
rn
rnrnВо летните денови, металниот дел од појасот во автомобилот може да стане премногу топол, при што лесно е да се изгорите. Ставете чорап преку тој дел и ќе бидете заштитени.rn5. Изолација на пијалаците
rn
rnrnБез разлика дали е топол или студен, пијалакот долго ќе ја одржува својата температура!rn6. Пакување подароци
rn
rnrnНаредниот пат кога ќе сакате да однесете вино како подарок, замотајте го во некој интересен чорап кој ќе ја направи атмосферата поинтересна.rnrnПогледнете уште 6 корисни алтернативни употреби на чорапите на наредната страница…rn