Бидете малку креативни и дајте им подароци на вашите најмили што ќе ги направите вие самите. Доколку познавате личност која сака растенија, со оваа идеја дефинитивно нема да погрешите! Она што ви е потребно нема да ве чини многу, затоа што сигурно го имате во вашиот дом, а е еден уникатен подарок кој многу ќе ги изненади оние околу вас.rnrn
rn
Еве што ви е потребно за оваа подготовка:
rn
- rn011
- Сад по ваш избор
- Маркер базиран на масло
- Сукуленти
rn011
rn011
rn
rn
Начин на подготовка:
rn1. Користете ги маркерите базирани на масло за да нацртате лице на садот. Најпрво е препорачливо да го извежбате цртањето на ликот на лист хартија или пак да „жртвувате“ еден сад каде што ќе се тестирате.rnrn
rnrn2. Откако ќе се исуши бојата, за да се осигурите дека таа ќе трае подолго, ставете го садот во рерна на околу 180 степени и печете триесетина минути. Исклучете ја рерната и оставете ги садовите сосема да се изладат за да го спречите нивното пукање.rnrn
rnrn3. Потоа, додајте мали камења на дното од вашиот сад и ставете ги сукулентите или папратот. Користете земја за да ги пополните празнините.rnrn
rnrnПа, веќе сте спремни да ги изненадите вашите најмили!