Направете сами: Молив од гранка дрво

Сподели

Со малку креативност и трпение, вие можете да направите молив од гранка дрво, со кој ќе можете навистина да пишувате, но кој исто така ќе ви служи и како украс или интересен поклон за вашите најмили. Тој се прави брзо и лесно, нема да ве чини многу, а со сигурност ќе уживате при неговата изработка.

Реклама

rn

Потребен материјал:

rn

    rn011

  • Гранка со дебелина на еден прст
  • rn011

  • Графит од 2 милиметри
  • rn011

  • Дупчалка и бургија
  • rn011

  • Лепило за дрво
  • rn011

  • Нож за острење
  • rn011

  • Пила (по потреба)
  • rn

rn

Начин на изработка:

rn

Исечете ги гранките со должина од петнаесетина сантиметри. Доколку немате пила, можете да употребите нож.
Со молив означете ја средината на гранката каде што треба да пресечете и да го ставите графитот.
Во средината на гранката направете дупка со дебелина од 3 до 5 сантиметри.
Проверете дали графитот влегува во дупката.
Ставете го долниот дел од графитот во лепило, а потоа веднаш вметнете го во гранката.
Отсечете го вишокот графит и оставете го лепилото да се исуши.
Со нож изрежете ја гранката и изострете го графитот.

rnВеќе го имате вашиот нов и уникатен производ кој ќе ги изненади оние околу вас!

Популарно

Може ќе ве интересира