Направете сами: 10 интересни начини старите џемпери да ги претворите во нешто ново

Сподели

Џемперите застаруваат, ви стануваат мали или пак се променува модата, но тоа не значи дека треба да ги фрлите. Овозможете им нов живот така што ќе ги претворите во нешто сосема друго. Во продолжение погледнете неколку идеи.rn

Реклама

1. Зимски свеќници

rnЗамотајте дел од стариот џемпер околу обичниот стаклен свеќник или тегла и ќе имате прекрасна атмосфера. Најдобро е за оваа намена да ги искористите ракавите.rn

2. Перници

rnНаместо да го фрлите, стариот омилен џемпер претворете го во нова, мека перница. Ова е едноставен процес, а ќе ви овозможи голема удобност.rn

3. Ракавици

rnРакавиците се уште еден лесен, но корисен начин да ја рециклирате старата облека. Со помош на машина за шиење, вие брзо ќе имате нов пар ракавици кои ќе ве затоплуваат оваа зима.rn

4. Абажур

rnДури и најобичната ламба можете да ја претворите во атрактивна и уникатна ако го „облечете“ абажурот во плетен џемпер. Доволно е да сошиете едно парче кое ќе одговара за посакуваното место.rn

5. Чување топол пијалак

rnОвој украсен детаљ ќе ви овозможи да го сочувате топол пијалакот во чашата. Исечете едно парче од џемперот, а на крајот ставете копче за да може лесно да се закачува.rn

6. Обложување на кутија

rnОваа интересна кутија за складирање е направена од обичен картон и стар џемпер. Додајте ѝ и неколку детали за да ја украсите.rn

7. Пакување за пијалак

rnНаместо во хартиена кеса, подарете шише пијалак во уникатно пакување. Искористете го ракавот од џемперот за да го обложите шишето, ставете украсни детали и ќе бидете подготвени.rn

8. Мини новогодишни елки

rnНема подобро време за рециклирање од празниците, кога можете да заштедите и некој денар ако самите направите декорации за вашата куќа.rn

9. Уникатни нараквици

rnНе само што со нив ќе привлечете внимание, туку со самото тоа што се обложени со материјал, тие се многу удобни за носење.rn

10. Грејачи за нозе

rnМногу едноставно ќе ги направите овие грејачи за нозе од двата ракави на стариот џемпер. Исто така ќе ви бидат потребни и две украсни ленти кои ќе ги ставите на долниот дел.

Популарно

Може ќе ве интересира