КАФЕ ПАУЗА

Кој е најромантичниот град во Европа?

Кој е најромантичниот град во Европа?

Кога станува збор за најромантичните дестинации во Европа, најчесто ни паѓаат на ум неколку европски метрополи како на пример Рим, Лондон, и, се разбира, неприкосновениот град на љубовта и светлината, Париз.rnrnКој е најромантичниот град во Европа?rnrnСепак, едно истражување ги рангирало најромантичните метрополи во Европа врз основа на специфична анализа на податоци и било спроведено од страна на компанијата Catamaran Charter Croatia која изнајмува катамарани на јадранскиот брег.rnrnГрадовите на листата се рангирани според бројот на ресторани и хотели опишани како романтични. Според студијата, хотелот или ресторанот е „романтичен“ доколку така е опишан на веб-страницата TripAdvisor, каде што корисниците имаат можност да остават свои оценки и впечатоци за нивните патувања.rnrnНа врвот на листата е Лисабон, па ако барате романса, главниот град на Португалија очигледно е местото за вас. Лисабон има 588 романтични ресторани и 152 романтични хотели, што е најголем процент по жител од сите европски метрополи.rnrnСледен на листата е Монако, делумно поради неговата мала големина во однос на бројот на „романтични“ места, додека Париз го зазема третото место.rnrnВо продолжение погледнете како изгледа комплетната листа на 10-те најромантични метрополи во Европа:rnrn1. Лисабон, Португалијаrnrn2. Монако, Монакоrnrn3. Париз, Францијаrnrn4. Сан Марино, Сан Мариноrnrn5. Рим, Италијаrnrn6. Андора ла Веља, Андораrnrn7. Амстердам, Холандијаrnrn8. Атина, Грцијаrnrn9. Прага, Чешкаrnrn10. Рејкјавик, ИсландrnrnОткако прочитавте за најромантичниот град во Европа, можеби ќе сакате да прочитате и кои се најромантичните острови во светот: Идеални за патување со партнерот.rnrnИзвор: citymagazine.danas.rs