КАФЕ ПАУЗА

Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

Добриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!

Добриот тајминг на оброците, заедно со конзистентната и урамнотежена исхрана, може да ви помогнат да се изборите со вишокот килограми. Сепак, многу е тешко да се организираат оброци во точно време.rnrnДобриот тајминг на оброците може да ви помогне да се изборите со вишокот килограми!rnrnНауката продолжува да покажува дека тајмингот на оброците може да влијае на нашите цели за слабеење, а ноќните оброци можат особено да го отежнат слабеењето.rnrnЕдно мало истражување открило дека оние кои вечерале во 21 часот во споредба со оние кои јаделе во 18 часот, имале повисоки нивоа на гликоза во крвта следното утро. Друга студија покажала дека јадењето подоцна навечер може да влијае на вашето губење на тежината бидејќи способноста на вашето тело да согорува калории може да биде помала во текот на ноќта отколку во остатокот од денот.rnrnНајновите истражувања покажале дека подоцнежните оброци го зголемуваат чувството на глад, а истовремено ја намалуваат количината на енергија потрошена додека сте будни.rnrnВсушност, јадењето четири часа подоцна од вообичаеното влијае на нивото на вашиот апетит и на брзината со која согорувате калории, како и на складирањето маснотии и потенцијалното губење на тежината.rnrnРезултатите од оваа студија покажуваат колку е важно да одржувате стабилна метаболичка стапка така што ќе консумирате оброци во редовни интервали. Редовен интервал помеѓу оброците од три до четири часа е идеален за одржување на нормално ниво на гликоза во крвта.rnrnОсвен тоа, подоцнежните оброци можат да влијаат врз природната функција на хормоните на телото и може да придонесе за зголемен глад и апетит, а со тоа и да доведе до зголемување на телесната тежина.rnrnСекој човек има различна стапка на метаболизам и има потреба од различен дневен внес на калории и сооднос на макронутриенти. Покрај правилното распоредување на оброците, најдобриот начин за слабеење (или спречување на ризикот од дебелина) е добро балансираната исхрана во редовни, постојани интервали.rnrnОткако прочитавте за правилното распоредување на оброците, можеби ќе сакате да прочитате и како прескокнувањето оброци може да му влијае на организмот.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr