КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и цитати

  • Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

    Најдобрите цитати на Вил Смит за успехот и животот

    Вил Смит е еден од најпознатите актери во светски рамки, но и еден од малкуте уметници кои се подеднакво успешни како во филмската, така и во музичката индустрија. Преку неговите филмови и говори тој е инспирација за милиони луѓе ширум светот. Во продолжение прочитајте дел од неговите инспиративни цитати кои ќе ве поттикнат да го живеете максимално животот.rnrnНајдобрите цитати на Вил Смит за успехот и живототrn

    „Првото нешто што морате да го направите е да си кажете дека можете да го сторите тоа.“

    rn

    „Голем дел од луѓето ги трошат парите што не ги заработиле за да купат работи што не ги сакаат со цел да ги импресионираат луѓето кои не им се допаѓаат.“

    rn

    „Секое утро се будам со помислата дека денес ќе биде подобро од вчера.“

    rn

    „Стравот не е вистински. Единственото место каде стравот може да опстојува е во нашите мисли за иднината. Тоа е производ на нашата имагинација што прави да се плашиме од нештата кои не постојат во моментов и можеби никогаш нема да постојат. Не ме сфаќајте погрешно, опасноста е вистинска, но стравот е само избор.“

    rn

    „Реалистичкото однесување води кон патот на медиокритетот.“

    rn

    „Доколку не се изборите за она што го посакувате, не плачете за она што сте го изгубиле.“

    rn

    „Престанете да им дозволувате на луѓето кои прават толку малку за вас да ги контролираат вашите мисли и чувства.“

    rn

    „Не знам кој е мојот призив, но сакам да верувам дека постојам поради поголема причина. Моето постоење тежнее кон тоа да биде рамо до рамо со најголемите луѓе кои некогаш живееле.“

    rn

    „Нема потреба да имате план Б бидејќи тоа само ќе ви го одвлекува вниманието од планот А.“

    rn

    „Во моите мисли јас отсекогаш сум бил еден од најдобрите холивудски актери само што вие сè уште не го знаевте тоа.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Вил Смит, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: goalcast.com

  • 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри

    10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри

    Опра Винфри е една од најмоќните жени во светот со оглед на нејзините многубројни успеси и достигнувања. Во продолжение прочитајте ги нејзините најинспиративни цитати.rnrn10-те најинспиративни цитати на Опра Винфриrn

    „Нека вашите рани ве направат помудри.“

    rn

    „Причината поради која успеав да бидам успешна на финансиски план е дека никогаш, ниту за миг не ми беа во фокусот парите.“

    rn

    „Ако сè уште не сте откриле која е вашата страст во животот, тогаш сфатете дека една од причините за вашето постоење на планетата Земја е да ја откриете токму неа.“

    rn

    „Ничие патување не е беспрекорно. Сите ние наидуваме на пречки и порази во животот. На овој начин животот ни порачува дека е време да се промени насоката.“

    rn

    „Величете го сопствениот живот најмногу што можете бидејќи вие сте она што верувате дека сте.“

    rn

    „Не верувам во порази. Доколку сте уживале во целиот процес не значи дека сте доживеале пораз.“

    rn

    „Кон што и да се стремите, можете да ја остварите сопствената цел само доколку сте желни за работа.“

    rn

    „Без мака нема издржливост.“

    rn

    „Опкружете се со луѓе кои ќе ви бидат инспирација за да ги постигнете вашите цели.“

    rn

    „Доколку сте благодарни за она што го имате, ќе добиете повеќе. Доколку пак, се фокусирате само на она што го немате, никогаш нема да ви е доволно она што го поседувате.“

    rnОткако ги прочитавте најинспиративните цитати на Опра Винфри, можеби ќе сакате да ги прочитате и цитатите кои ќе ве уверат дека не треба да се откажувате од вашите цели.rnrnИзвор: allwomenstalk.com

  • Најдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднината

    Најдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднината

    Малколм Икс е еден од најистакнатите водачи на движењето за граѓанските права во Америка. Се борел против расизмот рамо до рамо со Мартин Лутер Кинг иако неговите стратегии биле малку поагресивни. Сепак, овие цитати покажуваат зошто тој зазема големо место во историјата на движењето за човекови права.rnrnНајдобрите цитати од Малколм Икс во поглед на образованието, правдата и иднинатаrn

    „Јас сум за вистината, без разлика кој ја кажува. Јас сум за правдата, без разлика за кого или против кого е. Јас сум човечко суштество пред сè и како таков, го поддржувам она што му е од корист на човештвото како целина.“

    rn

    „Образованието е нашиот пасош за иднината, бидејќи утрешнината им припаѓа на оние кои денес се подготвуваат за неа.“

    rn

    „Луѓето не сфаќаат како само една книга може да им го промени целиот живот.“

    rn

    „Не можеме да очекуваме другите да нè прифатат доколку прво самите не се прифатиме себеси.“

    rn

    „Вистината е на страна на угнетените.“

    rn

    „Не избрзувајте да осудите некого затоа што тој не го прави истото што и вие го правите, или не мисли исто како вас. Порано и вие не сте биле свесни за некои работи за кои сте свесни денес.“

    rn

    „Верувам дека на крајот ќе дојде до судир меѓу угнетените и угнетувачите. Верувам дека ќе дојде до судир меѓу оние кои сакаат слобода, правда и еднаквост за сите и оние кои сакаат да продолжат со експлоатација. Верувам дека ќе има таков судир, но мислам дека нема да биде врз основа на бојата на кожата…“

    rn

    „Треба да шириме повеќе светлина еден кон друг. Светлината води кон разбирање, разбирањето создава љубов, љубовта создава трпение, а трпението пак води кон единството.

    rn

    „Верувам во човечките суштества и во фактот дека сите човечки суштества треба да бидат почитувани како такви, без разлика на бојата на нивната кожа.“

    rn

    „Доколку му се молите некому да ве ослободи, никогаш нема да бидете слободни. Слободата е нешто за кое вие самите треба да се борите.“

    rn

    „Без образование нема да постигнете ништо во животот.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите од Малколм Икс, можеби ќе сакате да ги прочитате и цитатите од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

    Цитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денес

    Иако „Матрикс“ за прв пат беше прикажан пред 21 година, сепак постојат одредени цитати кои се сè уште релевантни. Имено, „Матрикс е научно-фантастичен акционен филм кој прикажува дистописка иднина каде човештвото е заробено во програмата наречена Матрикс. Оваа програма претставува симулација на реалноста создадена од машини направени со цел да го одвлечат вниманието на луѓето додека нивните тела се користат како извор на енергија. Сите три продолженија на „Матрикс“ истражуваат теми поврзани со заканата од технолошка контрола. Како што технологијата напредува секој ден, овие цитати од „Матрикс“ понекогаш нè тераат да чувствуваме дека животот е одреден вид симулација.rnrnЦитати од „Матрикс“ кои се сè уште актуелни и денесrnrn rn

    „Си почувствувал ли некогаш дека не си сигурен дали си буден или сонуваш?“

    rn

    „Не ми се допаѓа помислата дека не можам да го контролирам сопствениот живот.“

    rn

    „Единствениот начин на кој можете да преживеете е да се преселите на друго место. Постои уште еден организам на оваа планета што ја следи истата шема. Дали знаете што е тоа? Вирус. Човечките суштества се болест, рак на оваа планета.“

    rn

    „Што е она што го посакуваат сите моќни луѓе? Повеќе моќ.“

    rn

    „Дали некогаш си сонувал сон Нео, каде сè се чинело толку реално? Што ако не си можел да се разбудиш од тој сон? Како би ја знаел разликата меѓу сонот и јавето?“

    rn

    „Се плашиш од промени. Не знам како ќе изгледа иднината. Не дојдов овде за да ти кажам како ќе заврши сето ова. Дојдов да ти кажам како ќе започне.“

    rn

    „Не можеш да го објасниш она што го знаеш, но го чувствуваш. Цел живот чувствуваш дека нешто не е во ред со светот. Не знаеш што е тоа, но чувството е тука, како делче во мозокот, и те полудува.“

    rn

    „Секој цицач на оваа планета инстинктивно развива природна рамнотежа со околината, но вие луѓето не го правите тоа. Наместо тоа, се размножувате и размножувате сè дури не ги потрошите сите ресурси.“

    rn

    „Се обидувам да ти го ослободам умот, Нео. Но, можам само да ти ја покажам вратата. Ти си оној кој треба да помине низ неа.“

    rn

    „Постои разлика помеѓу тоа да го знаеш патот и да чекориш по патот.“

    rn

    „Ако реалноста е сето она што можете да го почувствувате, вкусите, помирисате и видите, тогаш реалноста е само куп електрични сигнали кои вашиот мозок се обидува да ги протолкува.“

    rnОткако ги прочитавте најпознатите цитати од „Матрикс“, можеби ќе сакате да прочитате и за  дистописката серија во која човечките вредности не постојат.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Моќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан

    Моќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Хан

    Познатиот зен монах Тич Нат Хан кој го ширеше будизмот и неговите постулати ширум светот, почина на 22 јануари на 95-годишна возраст. Тој работеше цел живот на ширење на будистичката филозофија за сочувство и мир и го посвети својот живот на учењето за свесноста. Благодарение на неговата работа, зен-будизмот денес е подеднакво прифатен како на Истокот така и на Западот. Во продолжение прочитајте некои од неговите најпознати цитати.rnrnМоќни цитати за животот од зен учителот Тич Нат Ханrn

    „Чекорите како со стапалата да ја бакнувате Земјата.“

    rn

    „Сè е можно токму бидејќи сте живи.“

    rn

    „Многумина сметаат дека среќата се заснова на возбудата… Но, кога сте возбудени, не чувствувате мир. Вистинската среќа се заснова на мирот во себе.“

    rn

    „Понекогаш вашата радост е извор на вашата насмевка, но понекогаш вашата насмевка може да биде извор на вашата радост.“

    rn

    „Да се биде убав/а значи да се биде свој/а. Не ви е потребно прифаќањето од другите. Самите треба да се прифатите себеси такви какви што сте.“

    rn

    „На луѓето им е тешко да се откажат од сопствените страдања. Поради страв од непознатото, претпочитаат да страдаат од познатото.“

    rn

    „Откажувањето од нештата ни дава слобода, а слободата е единствениот услов за среќа. Ако во нашето срце сè уште се држиме до нашите чувства – лутина, вознемиреност или материјални работи, не можеме да бидеме слободни.“

    rn

    „Вистински духовен сопатник е оној кој ве охрабрува да погледнете длабоко во себе доколку сте во потрага по љубов и убавина. Вистинскиот учител е оној кој ви помага да го откриете учителот во себе.“

    rn

    „Сите чувства – вклучувајќи ја љубовта, омразата и страдањето – треба да бидат нахранети за да продолжат да опстојуваат. Ако страдањето продолжува, тоа е затоа што ние продолжуваме да го храниме нашето страдање.“

    rn

    „Морате да љубите на начин што љубената личност ќе се чувствува слободно.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите на еден од најпознатите будистички монаси во светот, можеби ќе сакате да прочитате и 15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • 10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магија

    10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магија

    За многумина зимата е најубавото годишно време благодарение на празничната атмосфера доловена преку празничните закуски, зимските колачи, божиќниот филмски маратон. Секако, снегот е незаменлив дел од зимската магија. Во продолжение прочитајте ја нашата листа со „снежни“ цитати кои ќе ви ја доловат снежната идила.rnrn10 цитати за снегот кои ја доловуваат зимската магијаrn

    „Првиот снег не е обичен настан туку е испреплетен со магија. Си легнувате во еден свет за да се разбудите во сосема поинаков. Ако ова не е волшебништво, тогаш што е?“ – Џон Пристлиrnrn„Дури и најсилната снежна виулица започнува со една снегулка.“ – Сара Рашrnrn„Има нешто посебно во чекорењето по снегот по кој никој друг не ги оставил своите стапки. Прави да чувствувате дека сте посебни.“ – Керол Рифкаrnrn„За да ја почувствувате убавината на снегулката доволно е да застанете надвор на снегот.“ – Аристотелrnrn„Го сакам снегот заради истата причина поради која го сакам Божиќ. Ги обединува луѓето, но и создава свет во кој времето застанало мирно.“ – Рејчел Конrnrn„Добрината е како снег – таа разубавува сè што ќе покрие.“ – Халил Џибранrnrn„Зимата не е годишно време, туку е време за прослава.“ – Анамика Мишраrnrn„Првиот снег е како првата љубов. Се сеќавате ли на вашиот прв снег?“ – Лара Бијутсrnrn„Тивко, како мисли кои доаѓаат и си одат, паѓаат снегулките, а секоја од нив е скапоцен камен.“ – Хамилтон Гибсонrnrn„Советот е како снегот. Колку помеко паѓа толку подолго се задржува и тоне подлабоко во умот. “ – Семјуел Тејлор Колериџ

    rnОткако ја прочитавте нашата листа со цитати за снегот, можеби ќе сакате да прочитате и што се случува со вашиот мозок кога наутро ќе видите снег низ прозорецот.rnrnИзвор: purewow.com

  • 6 цитати за да го започнете денот со позитивна мисла

    6 цитати за да го започнете денот со позитивна мисла

    Одличниот почеток на утрото ви е загарантиран не само со воспоставената рутина за спиење, туку и со некои од најдобрите цитати за сите времиња. Прочитајте ја нашата листа на цитати во продолжение.rnrn6 цитати за да го започнете денот со позитивна мислаrn

    „Ова е прекрасен ден. Никогаш порано не сум видела толку убав ден.“ – Маја Ангелоу

    rnПоздравете го денот со ширум отворени раце и со она чувство на очудување во поглед на самиот живот. Препуштете се на моментот и на она што ве прави среќни, како на пример спомените од вашето детство. Никој ден не е ист, а секој нов ден претставува ветување и нова надеж, прашањето е само дали ќе го препознаеме кога ќе го видиме.rn

    „Само една мала позитивна мисла наутро може да ви го разубави целиот ден.“ – Далај Лама

    rnТоа е сè што ви е потребно. Размислувајте за само една позитивна работа во вашиот живот додека се пресоблекувате или го правите утринското кафе.rn

    „Дајте му шанса на овој ден да биде најубавиот ден во вашиот живот.“ – Марк Твен

    rnРеалноста е секако, дека понекогаш може да заврне дожд и дека не секој ден може да биде убав или совршен. Но, секојпат кога ќе ѝ отстапите простор на позитивна мисла и ќе бидете исполнети со позитивни чувства, тогаш ја отворате вратата за можноста за убав ден.rn

    „Можеби наредната година на овој ден ќе посакате да започнавте токму денес.“ – Карен Лемб

    rnНаредната година ќе бидете за една година постари. Зошто не ја искористите оваа година за да постигнете нешто што е важно за вас и што ќе ве исполни? Наш совет е да си ги запишете вашите приоритети и да откриете што треба да направите за да ја постигнете целта, така што нема да започнувате одново секоја година.rn

    „Патувањето од илјада километри започнува со еден чекор.“ – Лао Це

    rnСекој од нас доживеал моменти исполнети со грижа во поглед на тоа дали некогаш ќе успееме да ги оствариме нашите цели. На метафорички начин, овој цитат ќе ви помогне полесно да се приближите до целта. Направете листа на приоритети и започнете да работите на нив, чекор по чекор. На тој начин ќе бидете фокусирани на секоја од помалите задачи кои се дел од големата слика – целта која сакате да ја достигнете.rn

    „Отсекогаш ме воодушевувала идејата за нов ден, нов почеток, можеби проткаена со магија таму некаде во утринските часови.“ – Џон БојтонrnПристли

    rnДоколку го цениме секој нов ден, ние всушност ќе ги цениме и новите можности за кои не би биле свесни поинаку. Искористете го секој ден како уште една шанса да ги решите проблемите или едноставно да научите како да го живеете животот. Чуда се случуваат секој ден, затоа осигурете се дека срцето и умот ви се отворени за да ги примаат.rnrnДоколку ви се допаднаа нашите цитати за позитивен почеток на денот, можеби ќе сакате да прочитате и кои 10 навики ќе направат да размислувате позитивно секој ден.rnrnИзвор: myimperfectlife.com

  • Инспиративни цитати за 2022 година

    Инспиративни цитати за 2022 година

    Сите сме свесни за фактот дека промените не се случуваат преку ноќ. Иако секоја година си ветуваме себеси дека наредната ќе бидеме подобри и дека ќе работиме на својот развој, сепак не секогаш го исполнуваме ветувањето. Затоа одлучивме да споделиме со вас инспиративни цитати кои веруваме дека ќе ви помогнат во 2022 година да дадете сè од себе и да го промените својот живот на подобро.rnrnИнспиративни цитати за 2022 годинаrn

    „Оваа година сакам животот да ми биде полн со авантури. Да се поврзам со другите и да научам нови работи. Да се спознаам себеси и да поработам на личниот раст и развој.“ – Непознат автор

    rn

    „Никогаш не сте премногу стари за да се изградите како нова личност.“ – Стив Харви

    rn

    „Доколку ме прашате која е мојата новогодишна одлука, тогаш би ви одговорил дека тоа е задачата да откријам кој сум.“ – Кирил Кјузак

    rn

    „Бидете среќни со она што го имате додека работите на она што сакате да го постигнете.“ – Непознат автор

    rn

    „Поразот не е спротивно од успехот. Поразот е дел од успехот.“ – Непознат автор

    rn

    „Нека сите ваши мисли бидат исполнети со љубов кон вашиот живот без да им остават простор на омразата, жалењето и стравот.“ – Непознат автор

    rn

    „Ако чекавте за некаков знак, тогаш ова е знакот.“ – Непознат автор

    rn

    „Не е важно колку бавно чекорите сè додека не престанете да чекорите.“ – Непознат автор

    rn

    „Пристапете кон новата година со решителност да ги најдете скриените можности што ги носи секој нов ден.“ – Мајкл Џозефсон

    rn

    „Направете нешто денес за кое вашата иднина ќе ви биде благодарна.“ – Непознат автор

    rn

    „Исплашени сте? Тоа е добро. Не можеме да растеме и да се развиваме како личности доколку останеме заробени во нашата удобна зона.“ – Непознат автор

    rn

    „Не мора да ги гледате сите скалила за да го направите првиот чекор.“ – Мартин Лутер Кинг

    rn

    „Вербата во себе ќе ве направи непобедливи.“ – Непознат автор

    rn

    „Ако не ви се допаѓа нешто, променете го. Ако не можете да го промените, сменете го вашиот став.“ – Маја Ангелоу

    rn

    „Ако тоа што го правите не ви е предизвик, тогаш нема да ве промени.“ – Непознат автор

    rnДоколку ви се допадна нашата листа со инспиративни цитати за 2022 година, можеби ќе сакате да ги прочитате и најубавите цитати на Волт Дизни.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Најпознатите цитати на Џејн Остин

    Најпознатите цитати на Џејн Остин

    Џејн Остин е една од најпознатите британски романсиерки чии романи содржат дел од најубавите љубовни приказни на сите времиња. Преку нејзините дела, Остин се залагала за еднаква социјална положба на жената во бракот и воопшто, во општеството. Иако овие романи се одвиваат во минатото, сепак нивните ликови ги имаат истите грижи и соништа како и луѓето денес. Во продолжение прочитајте дел од најубавите и најпознатите цитат на Џејн Остин.rnrnНајпознатите цитати на Џејн Остинrn

    „Ако те сакав помалку, ќе можев повеќе да зборувам.“ – Ема

    rn

    „Не постои шарм кој може да се рамни со нежноста на срцето.“ – Ема

    rn

    „Бракот е навистина маневрирачка работа.“ – Менсфилд Парк

    rn

    „Пријателството е најдобриот мелем за болките од разочарувањето во љубовта.“ – Опатијата Нортангер

    rn

    „Мојата идеја за добро друштво се паметни, добро информирани луѓе кои имаат многу теми за дискусија – тоа е она што јас го нарекувам добро друштво.“ – Убедување

    rn

    „Нема ништо што не би направил за оние кои ми се вистински пријатели. Не можам да ги сакам луѓето на половина, тоа не ми е по природа.“ – Опатијата Нортангер

    rn

    „Но, запомнете дека сите кога-тогаш ќе ја почувствуваат болката од разделбата со пријателите, без оглед на нивното образование или сталеж.“ – Разум и чувства

    rn

    „Мажот ја има предноста на изборот, жената пак, ја има само моќта да одбие.“ – Опатијата Нортангер

    rn

    „Можеби го загубив своето срце, но не и самоконтролата.“ – Ема

    rn

    „Постои некаква тврдоглавост во мене поради која никогаш не можам да поднесам нечија волја да ме исплаши. Секој обид да ме заплашат ме прави похрабра.“ – Гордост и предрасуди

    rnОткако прочитавте дел од најпознатите цитати на Џејн Остин, можеби ќе сакате да ги прочитате и најубавите цитати на Волт Дизни.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето

    5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето

    Сите знаеме дека љубовта е едно неверојатно, прекрасно чувство. Еден од најубавите начини да ја почувствуваме магијата на животот е да бидеме вљубени. Сепак, психолозите откриле дека љубовта е многу посложена отколку што веруваме, а ова се дел од фактите за љубовта кои сигурно ќе ви се чинат изненадувачки.rnrn5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето rn

    1. Љубовта е сложена

    rnОна за кое верувате дека се должи како резултат на љубовната магија, всушност е комбинација од страст, привлечност и приврзаност која може да доведе до различни емоции почнувајќи од задоволство па сè до болка. Според истражувачите, хормоните серотонин, допамин и адреналин контролираат кого нè привлекува преку регулирање на нашето однесување во мозокот, придонесувајќи да се чувствуваме возбудено. Мозочните хемикалии или невропептиди како окситоцин и вазопресин од друга страна, ја регулираат нашата врска со друго лице.rn

    2. Љубовта може да го намали апетитот

    rnСте се запрашале ли зошто понекогаш пеперутките во стомакот ве тераат да заборавите на секакво чувство на глад? Факт е дека кога сте заљубени не се чувствувате гладни како вообичаено. За време на фазата на привлечност, во мозокот се ослободуваат во големи количини хормонот на среќата или допамин, хормонот на љубовта или окситоцин и хормонот на стрес норепинефрин. Овие хормони го потиснуваат вашиот апетит и придонесуваат да се чувствувате еуфорично и мрзеливо. Тоа понекогаш може да резултира и со губење на тежината и несоница.rn

    3. Љубовта е зависност

    rnНаучниците покажале дека љубовта може да биде позитивна зависност. Според едно истражување од 2016 година, симптомите на раната фаза на интензивна, романтична љубов како еуфорија, желба, зависност, повлекување, се слични со симптомите на зависност од дрога. За среќа, овие симптоми исчезнуваат како што напредува љубовната врска.rn

    4. Љубовната болка може да биде вистинска

    rnНе можете да се однесувате нормално секогаш кога ви недостига партнерот? Кога сте вљубени, се зголемува нивото на хормонот на стресот кортизол кој од друга страна може да доведе до занемарување на имунитетот. Истражувања покажале исто така дека партнерите можат да си влијаат еден на друг во поглед на менталното и физичкото здравје, па така здравствените проблеми на едниот можат да влијаат врз целокупната благосостојба на другиот.rn

    5. Љубовта е лек

    rnДали знаевте дека интензивното чувство на страсна љубов може да помогне при ублажувањето на болката? Љубовта може да ја зголеми или намали нашата перцепција за болка во зависност од нашата индивидуална психолошка регулација на чувствата. Љубовта е поврзана со функционалната врска на мозокот и помага да се контролира болката.rnrnОткако откривте дел од фактите за љубовта и привлекувањето, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок.rnrnИзвор: themindsjournal.com