КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и цитати

  • Најубавите цитати на Волт Дизни

    Најубавите цитати на Волт Дизни

    Сите го сакаат пионерот на цртаниот филм, Волт Дизни. Неговото наследство денес живее не само преку неговите филмови и ликови, туку и неговите цитати кои сме сигурни дека ќе ви ја разгорат имагинацијата и ќе ве охрабрат да ги остварите своите соништа. Прочитајте ги неговите најубави цитати во продолжение.rnrnНајубавите цитати на Волт Дизниrn

    „Дизниленд е резултат на љубовта. Не го отворивме само за да заработиме пари.“

    rn

    „Блиските човечки односи можат да ни послужат како инспирација, но и да ни дадат сила да ги надминеме тешките моменти кои сигурно кога-тогаш ќе надојдат во животот.“

    rn

    „Го сакам Мики Маус повеќе од која било жена која сум ја запознал.“

    rn

    „Најголемите моменти во животот немаат никаква поврзаност со себичните достигнувања, туку со работите што ги правиме за луѓето кои ги сакаме и цениме.“

    rn

    „Забавно е да се направи невозможното.“

    rn

    „Ако можете да сонувате за нешто, можете и да го остварите тоа.“

    rn

    „Дизниленд никогаш нема да биде целосно завршен. Ќе продолжи да се развива сè дур има имагинација на овој свет.“

    rn

    „Не заборавајте дека целата работа започна благодарение на еден глушец.“

    rn

    „Кога ќе дојдете до добра идеја, не откажувајте се. Обидете се да работите на нејзиното остварување сè додека таа не стане реалност.“

    rn

    „Кога верувате во нешто, верувајте во тоа докрај.“

    rn

    „Смеата е безвременска, имагинацијата нема возраст, а соништата се вечни.“

    rn

    „Еден ден научив дека соништата постојат за да бидат остварени. Од тој ден не спијам за да се одморам. Спијам за да сонувам.“

    rn

    „Соништата, идеите и плановите не се само прибежиште, тие ми ја даваат смислата во животот и храброста да продолжам понатаму.“

    rn

    „Единствениот начин да ги остварите своите соништа е да престанете да зборувате и да се фрлите на работа.“

    rn

    „На денешните млади им порачувам да веруваат во иднината – светот ќе стане подобро место за живеење.“

    rn

    Откако ги прочитавте најубавите цитати на Волт Дизни, ви препорачуваме да прочитате и 20 цитати од Ван Гог кои ќе ве инспирираат.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех

    Цитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успех

    Понекогаш во животот има моменти кога се чувствувате обесхрабрени и сте доведени во искушение да се откажете. Во таквите мигови тешко е да се издржи докрај, иако можностите за успех се чини дека ни се многу блиску. Во продолжение прочитајте ги цитатите што ги одбравме за вас, а имаат за цел да ве мотивираат за да ги надминете сите пречки што ќе ви се појават.rnrnЦитати кои ќе ве мотивираат да не ги пропуштите можностите за успехrn

    „Претворете ги вашите пречки во можности, а вашите проблеми во перспективи.“ – Рој Т. Бенет

    rn

    „Мудриот човек ќе создаде повеќе можности отколку што навидум постојат.“ – Френсис Бејкон

    rn

    „Често ги пропуштаме можностите затоа што ни оддаваат впечаток на премногу работа.“ – Томас А. Едисон

    rn

    „Неуспехот е само можност поинтелигентно да започнете одново.“ – Хенри Форд

    rn

    „Кога работите не одат како што сакате, запомнете дека секој предизвик, секоја неволја, содржи можности за ваш личен развој.“ – Рој Т. Бенет

    rn

    „Наградата за добро завршената работа е можноста да се направи повеќе.“ – Џонас Салк

    rn

    „Можноста не чука, таа се појавува кога ќе ја срушите вратата.“ – Кајл Чендлер

    rn

    „Секој ден е нова можност. Можете да го надградите вчерашниот успех или да ги оставите сопствените неуспеси зад себе и да започнете одново. Таков е животот со секој нов ден, а таков е и бејзболот.“ – Боб Фелер

    rn

    „Можностите се како изгрејсонце. Ако чекате премногу долго, ќе ги пропуштите.“ – Вилијам Артур Вард

    rn

    „Не дозволувајте пропуштените можности од минатото да се мешаат во можностите пред вас.“ – Рајан Робинс

    rn

    „Успехот е таму каде што се спојуваат подготовката и можностите.“ – Боби Унсер

    rn

    „Не чекајте извонредни можности. Искористете ги обичните прилики и направете ги одлични. Слабите по карактер ги чекаат можностите, а силните пак, ги создаваат.“ – Орисон Свет Марден

    rn

    „Ретко можев да видам можност додека таа не престана да биде тоа.“ – Марк Твен

    rn

    „Премногу луѓе мислат на сигурност отколку на можност. Изгледа дека повеќе се плашат од животот отколку од смртта.“ – Џејмс Ф. Бирнс

    rn

    „Тешко е да се препознае можноста, а ние вообичаено чекаме да нè мами со звучни сигнали и билборди.“ – Вилијам Артур Вад

    rn

    „Можноста не го губи своето време со оние кои не се подготвени.“ – Идоу Којеникан

    rn

    „Ако некој ви понуди неверојатна можност, но не сте сигурни дека можете да го направите тоа, кажете „да“, а потоа ќе научите што треба да направите!“ – Ричард Бренсон

    rn

    „Сè што е негативно, сиот притисок, сите предизвици – сето тоа е можност за мене да се издигнам.“ – Коби Брајант

    rn

    „Тајната на успехот е да бидете подготвени кога ќе ви се укаже можноста.“ – Бенџамин Дизраели

    rnДоколку ви се допаднаа овие цитати, ви препорачуваме да прочитате и 10 цитати што ќе ве инспирираат да го пронајдете успехот што ви значи.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 15 цитати за да го преболите љубовното разочарување и да продолжите понатаму

    15 цитати за да го преболите љубовното разочарување и да продолжите понатаму

    Иако после секое разочарување и лошо искуство стануваме посилни, сепак, потребно ни е време да продолжиме понатаму. Тоа е и еден од најтешките моменти во животот на секој од нас. Овие мудри зборови ќе ви помогнат да се ослободите од минатото и да гледате со надеж кон својата иднина.rnrn15 цитати за да го преболите љубовното разочарување и да продолжите понатамуrn

    „Вистината е дека доколку не се помирите со тоа, доколку не си простите себеси, доколку не сфатите дека е завршено, не можете да продолжите напред.“ – Стив Мараболи

    rn

    „Ако оставите некого не значи дека не се грижите веќе за него. Тоа е начин да покажете дека единствената личност над која имате контрола сте вие самите.“ – Дебора Ребер

    rn

    „Понекогаш е потребно скршено срце да нè освести за да сфатиме дека вредиме многу повеќе отколку што сме мислеле.“ – Менди Хејл

    rn

    „Вчера е минато. Ништо не можете да направите за да го вратите. Престанете да мислите дека „требаше“ да направите нешто. Фокусирајте се на тоа што треба и можете да направите во моментот. Денес е нов ден!“ – Стив Мараболи

    rn

    „Можете да потрошите минути, часови, денови, недели, па дури и месеци одново и одново анализирајќи ја ситуацијата, обидувајќи се да ги споите сите парчиња, замислувајќи што би можело да се случи… или можете едноставно да ги оставите парчињата на подот и да продолжите понатаму.“ – Тупак Шакур

    rn

    „Не плачете затоа што е готово, насмевнете се затоа што се случило.“ – Доктор Сус

    rn

    „Првиот чекор за да стигнете некаде е да одлучите дека нема да останете онаму каде што сте сега.“ – Џ. П. Морган

    rn

    „Заборавете на она што ве повредило, но никогаш не заборавајте на што ве научило.“ – Шенон Л. Алдер

    rn

    „Работата не е да се помирите со тоа – би го направиле ако би можеле. Наместо да се помирите, охрабрете се себеси со ‘нека биде’.“ – Џон Кабат-Зин

    rn

    „Една од најхрабрите одлуки што некогаш ќе ги направите е да се ослободите од она што ви го повредува срцето и душата.“ – Б. Никол

    rn

    „Најдобрата вештина за играње карти е да знаете кога да ја фрлите картата.“ – Балтасар Грацијан

    rn

    „Личноста која не ве цени ве спречува да ја сретнете онаа личност која ќе ве почитува. Ослободете се од првата личност.“ – Роберт Ту

    rn

    „Посветете си онолку време колку што ви е потребно за емоционално заздравување. За да продолжите понатаму не е доволен еден ден, потребни се многу мали чекори за да се ослободите од вашето скршено јас.“ – Тере Ариго

    rn

    „Пуштете ги да си одат, во спротивно ќе ве влечат.“ – Непознат автор

    rn

    „Ако минете низ пекол, продолжете да чекорите.“ – Винстон Черчил

    rnДоколку ви се допаднаа овие цитати, ви препорачуваме да ги прочитате и 15-те цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Безвременски цитати кои нè потсетуваат на моќта на љубовта

    Безвременски цитати кои нè потсетуваат на моќта на љубовта

    Љубов… Има ли поубава емоционална состојба? Многумина веруваат дека сме живи само додека љубиме. Едно е сигурно – сите сме желни за љубов, без разлика дали станува збор за партнерот, семејството, пријателите, колегите… Важно е да научиме да се сакаме себеси, а потоа да ги сакаме другите. Љубовта е вечна инспирација и тема на безвременски уметнички дела. Многу познати уметници, историски и современи личности размислувале и пишувале за љубовта, а ние издвоивме за вас неколку безвременски цитати.rnrnБезвременски цитати кои нè потсетуваат на моќта на љубовтаrn

    „Суштината на љубовта е кога човекот се заљубува без причина и желба. Нешто што не може да го предвиди.“ – Харуки Мураками

    rn

    „Љубовта е составена од една душа која живее во две тела.“ – Аристотел

    rn

    „Ние љубиме затоа што тоа е единствената вистинска авантура.“ – Ники Џовани

    rn

    „Не е важно колку работите, важно е колку љубов вложувате во она што го работите и колку им давате на другите.“ – Мајка Тереза

    rn

    „Љубовта што ја даваме е единствената љубов што ја имаме.“ – Елберт Хабард

    rn

    „Животот е цвет, а љубовта е мед.“ – Виктор Иго

    rn

    „Ние сами се раѓаме, сами сме во текот на животот и сами умираме. Само со помош на љубовта и пријателството можеме бар за миг да создадеме илузија дека не сме сами.“ – Орсон Велс

    rn

    „Таму каде што е љубовта, таму е и животот.“ – Махатма Ганди

    rn

    „Ако можете само доволно да љубите, вие сте најмоќната личност на светот.“ – Емет Фокс

    rn

    „Љубовта е најсилната сила што светот може и да си ја замисли, а истовремено и најскромната.“ – Махатма Ганди

    rn

    „Љубовта е игра која може да ја играат двајца без ниту еден од нив да победи.“ – Ева Габор

    rn

    „Нема време за досада. Има време за работа. И време за љубов.“ – Коко Шанел

    rn

    „Цветот не може да цвета без сонце, исто како што човекот не може да живее без љубов.“ – Макс Милер

    rn

    „Најголемото освежување во животот е љубовта.“ – Пабло Пикасо

    rn

    „Вистинската љубов мисли на мигот и вечноста, никогаш на времетраењето.“ – Фридрих Ниче

    rnОткако ги прочитавте овие мали, но моќни цитати, ви препорачуваме да ги прочитате и 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.rnrnИзвор: wannabemagazine.com

  • 15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир

    15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир

    Денешниот начин на живеење сам по себе ни наметнува нездрави навики и секојдневни стресови, па понекогаш е тешко да се справиме со нив. Особено кога станува збор за наоѓањето внатрешен мир – невозможна мисија за повеќето од нас, изгубени во сопствените грижи и стравови. Затоа одбравме неколку цитати од Буда кои веруваме дека барем за миг ќе ја смират вашата душа и ќе ви дадат чувство на мир и хармонија.rnrn15 цитати од Буда што ќе ви помогнат да го пронајдете вашиот внатрешен мир rnrnПонекогаш, доволно е да го смените начинот на размислување за полесно да ги пребродите тешкотиите во животот и да се ослободите од илузиите. Токму овие цитати имаат за цел да ви ја доближат вистината на светот што се наоѓа околу вас, но и во вас.rn

    „Сето она што сме е резултат на нашите мисли.“

    rn

    „За да разберете сè треба да простите сè.“

    rn

    „Ако нешто вреди да се направи, направете го од срце.“

    rn

    „Колку помалку си имате работа со негативни луѓе, толку помирен ќе ви биде животот.“

    rn

    „Без разлика на тоа низ колку маки и тешкотии сте поминале во минатото, секогаш можете да почнете одново.“

    rn

    „Научете како да одговорите, а не како да реагирате.“

    rn

    „Вашиот непријател не може да ве повреди толку колку вашите неконтролирани мисли.“

    rn

    „Не брзајте. Нештата ќе се случат кога ќе им дојде време за тоа.“

    rn

    „Ќе го најдете мирот доколку се ослободите од огорчените мисли.“

    rn

    „Во нашите најтешки мигови мораме да се фокусираме за да ја видиме светлината.“

    rn

    „Не постои пат до среќата – среќата е патот.“

    rn

    „Смислата на човековото постоење е да се биде бестрашен.“

    rn

    „Вие како и сè друго во универзумот заслужувате да бидете сакани.“

    rn

    „Покажете сочувство кон сите суштества – тоа е вистинската религија.“

    rn

    „На крајот само три работи се важни: колку сте сакале, колку сте биле сочувствителни и колку достоинствено сте се откажале од нештата што не ви биле судени.“

    rnОткако ги прочитавте цитатите од Буда, можеби ќе сакате да дознаете и како со помош на тибетскиот хороскоп да го пронајдете својот скриен пат кон внатрешен мир и среќа.rnrnИзвор: yourtango.com

  • 10 интересни факти од кујната

    10 интересни факти од кујната

    Без разлика дали сте уживатели на одредена храна, гурмани или пак следите некоја диета како ваш животен стил, овие 10 факти од кујната со сигурност ќе ве изненадат, а некои можеби и ќе ве згрозат. Подготвени за предизвикот?rnrn10 интересни факти од кујнатаrnrn1. Професионалните готвачи најчесто носат бело благодарение на легендарниот француски готвач Мари-Антоан Карем. Уште во раните години на 19-тиот век, тој почнал да носи бела униформа, сметјаќи дека тоа укажува на чистота. Според него, добриот готвач е чист готвач кој може да работи без да ја извалка облеката.rnrn10 интересни факти од кујнатаrnrn2. Историски гледано, колку капата на готвачот е повисока, толку тој е постручен и поискусен од другите готвачи околу него.rnrn3. Стравот од зеленчук навистина постои и се нарекува лаханофобија.rnrn10 интересни факти од кујнатаrnrn 4. Ентомофагија или исхраната со бубачки е сѐ поактуелна. Се применува поради високиот процент протеини кои го содржат бубачките, нивната крцкавост и карактеристичниот вкус.rnrn10 интересни факти од кујнатаrnrn5. Во Европа, во 17-тиот век, најголемиот број готвачи биле мажи и работеле голи или само со долна облека бидејќи им било многу топло во кујните.rnrn6. Во Античка Грција се користел еден збор за готвач, месар и свештеник. Тоа е зборот mageiros кој води потекло од зборот магија.rnrn7. Американците трошат повеќе време за гледање телевизиски емисии за готвење отколку што готват.rnrn10 интересни факти од кујнатаrnrn8. Познатиот готвач Гордон Ремзи изгубил натпревар во сечкање кромид од затворски готвач. По поразот, Ремзи му понудил работа на затвореникот во еден од неговите ресторани по отслужувањето на затворската казна.rnrnrnrn9. Грст банани се нарекува рака, а една банана е прст.rnrnrnrn10. Најголемата работа која некогаш се нашла на ресторанско мени била полнета камила. Тоа било цела камила полнета со неколку јагниња, 20 пилиња, многу зеленчук и околу 60 јајца.rn

    10 интересни факти од кујната rnАвтор: Катерина Каланоска

  • 10 стоички цитати што ќе ве поттикнат да размислувате за животот

    10 стоички цитати што ќе ве поттикнат да размислувате за животот

    Наместо да се движат кон задоволство и да избегнуваат болка, стоиците знаат дека секој момент треба да се третира според тоа што го носи. Стоицизмот е особено важен за време на предизвици.rnrn10 стоички цитати што ќе ве поттикнат да размислувате за живототrn

    „Вашите први обиди нема да бидат успешни. Ќе ве исцрпат, но енергијата е богатство и секогаш можеме да собереме повеќе. Таа е обновлив извор.“ – Рајан Холидеј

    rn

    „Пречката за акција ја зајакнува акцијата. Она што стои на патот станува патот.“ – Марко Аврелиј

    rn

    „Според мојата проценка вие сте несреќни затоа што никогаш не сте биле несреќни. Сте поминале низ животот без антагонист кој би се соочил со вас; никој нема да знае за што сте способни, дури ни вие самите.“ – Сенека

    rn

    „Пречката на патот станува патека. Никогаш не заборавајте дека во рамките на секоја пречка постои можност да ја подобриме нашата состојба.“ – Зен

    rn

    „Никогаш не ветувајте го двапати тоа што можете да го направите еднаш.“ – Като Помладиот

    rn

    „Кој има `затоа што’ за кое живее, може да се справи со речиси секое `како’.“ – Ниче

    rn

    „Не барајте сè да се случи онака како што сакате, туку посакајте сè да се случи како што навистина ќе биде – тогаш вашиот живот ќе течи добро.“ – Епиктет

    rn

    „На крајот на краиштата, човекот не треба да прашува кое е значењето на неговиот живот, туку мора да признае дека тој е оној што се прашува.“ – Виктор Франкл

    rn

    „Не можете да го одделите знаењето од контактот со земјата. Всушност, не можете да одделите ништо од контактот со земјата. А, контактот со реалниот свет се остварува преку кожата – со изложување на реалниот свет и со плаќање на цената за добрите или лошите последици. Отоците на кожата ги водат вашето учење и вашето откривање.“ – Насим Николас Талеб

    rn

    „Имаме две уши и една уста, затоа треба да слушаме повеќе отколку што зборуваме.“ – Зенон Китиски

    rnПрочитајте ги и овие 15 цитати што ќе ве мотивираат во тешките времиња.

  • 10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

    10-те најдобри цитати на Џенифер Анистон

    Актерката годинава го прослави својот 52-ри роденден, но сепак изгледа младолико, а нејзината главна тајна се сјајната енергија и неверојатната смисла за хумор. Во продолжение ќе ги прочитате најимпресивните цитати од Џенифер Анистон за љубовта, животот, медитацијата и интуицијата.rnrn10-те најдобри цитати на Џенифер Анистонrn

    „Вистинската љубов менува сè. Оставате огледало да стои пред вас секој ден.“

    rn

    „Јас секогаш велам – не работи на планови, туку на опции.“

    rn

    „Никој не мисли за себе дека е секси. Има денови кога мислите: ‘Еј, па денес не сум толку лош.’ Но, ако се обидувате да бидете секси, никогаш нема да бидете секси.“

    rn

    „Ми рекоа да се откажам од глумата поради одбивање. Ми рекоа: ‘Зарем не сакате да имате нормална работа и нормално семејство?’ Претпоставувам дека тоа е добар совет за некои луѓе, но јас сакав да глумам.“

    rn

    „Нема жалење во животот, само лекции.“

    rn

    „Бракот ги вади на виделина сите оние работи што ги турнав во еден агол – стравови, недоверба, сомнежи, несигурности. Тоа е како да ја отворате Пандорината кутија.“

    rn

    „Кога некој ве следи до продавница и ве гледа како купувате ролна тоалетна хартија, знаете дека животот ви се сменил.“

    rn

    „Кога еднаш ќе сфатиш кој си и што сакаш кај себе, мислам дека сè ќе си дојде на свое место.“

    rn

    „Колку е поголем вашиот капацитет за љубов, толку е поголем вашиот капацитет за чувство на болка.“

    rn

    „Ако не сте среќни, можете да бидете среќни. Среќата е прашање на избор.“

    rnПрочитајте ги највредните цитати на Гијом Мисо што секој треба да ги прочита.

  • Зборови што ја содржат суштината на животот: Ненадминливи цитати на Томас Ман

    Зборови што ја содржат суштината на животот: Ненадминливи цитати на Томас Ман

    Томас Ман е писател кој одбележа една книжевна епоха. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1929 година. Делата на Томас Ман се класика во светската литература, а неговите зборови се цитираат и ден денес.rnrnЗборови што ја содржат суштината на животот: Ненадминливи цитати на Томас Манrn

    „Љубовта, а не разумот, е таа што е посилна од смртта.“

    rn

    „Многу луѓе имаат бесмислен живот. Како да се во полусон, дури и кога прават нешто што мислат дека им е важно. Тоа е така затоа што бркаат погрешни работи. Единствениот начин на кој можете да му дадете смисла на животот е да се посветите на љубовта кон ближниот, да ѝ се посветите на заедницата што ве опкружува, да создадете нешто што ќе ѝ даде смисла на вашата животна цел.“

    rn

    „Со голем човек честопати доаѓаат и големи грешки.“

    rn

    „Дури и штетната вистина вреди повеќе од корисни лаги.“

    rn

    „Времето ги прави работите појасни. Ниту еден човек не може да остане непроменет по неколку часа.“

    rn

    „Човечкото однесување добива значење во рамките на своето однесување, потреби и мотиви.“

    rnПрочитајте ги и овие 18 цитати од големиот писател Лав Толстој.

  • 7 интересни работи за автомобилот што го сакаше поранешна Југославија

    7 интересни работи за автомобилот што го сакаше поранешна Југославија

    Лада беше исклучително популарен автомобил во поранешна Југославија. Се шушкаше дека Русите работеа на извоз на автомобили со подобар квалитет од оние што им беа достапни на локалното население. Автомобилите за извоз имаа подебела метална и антикорозивна заштита, подобар стартер и батерија.rnrn7 интересни работи за автомобилот што го сакаше поранешна Југославијаrn

    1. Тој има само педесет и нешто години

    rnАвтоваз го лансираше првиот модел на автомобил на пазарот во 1970 година – ВАЗ 2101, кој беше направен како поцврста верзија на Fiat 124. Првите модели имаа мотор од 64 коњски сили и беа прилагодени на временските услови во Русија.rn

    2. Во Русија го нарекувале „жигули“

    rnВо првите три години од производството беа произведени дури милион автомобили и продадени на рускиот пазар под името „жигули“. Но, името беше напуштено затоа што беше тешко да се изговара во остатокот од светот, а некои сметаа дека тоа премногу потсетува на поимот жиголо. Од милји далеку, тие исто така го нарекуваа „копејка“, по една стотинка од руската руба.rn

    3. Лого на автомобилот со брод

    rnПо совет на експертите, производителите од рускиот Тоtаti во регионот Самара ги преименуваа автомобилите во Лада, што е името на словенската божица на пролетта, љубовта и убавината. Но, таа не беше инспирација за името. Името е всушност позајмено од типот на руски брод – брод, кој исто така се наоѓа на логото на таа марка на автомобили.rn

    4. Популарни и во Англија

    rnРелативно ниската цена на производот ја направи Лада многу популарен автомобил во Русија, но и во добар дел од остатокот од светот. За британскиот пазар, од друга страна, Автоваз е среќен што ги редизајнира моделите со волан од десната страна, кои денес се сметаат за ретко и вредно колекционерско парче.rn

    5. Разликата во квалитетот

    rnСе шушкаше дека Русите работеа на извоз на автомобили со подобар квалитет од оние што им беа достапни на локалното население. Извозните автомобили имаа подебела метална и антикорозивна заштита, подобар стартер и батерија. Затоа некои ја поправаа својата Лада неколку пати неделно, додека други уживаа во автомобил што палеше дури и во најстудено време.rn

    6. Го управувале таксисти и полицајци

    rnНеговата голема предност беше што автомобилот имаше едноставна конструкција што можеше лесно да се поправи во вашиот дом со минимално знаење. Не е ни чудо што стана многу популарен во поголемиот дел од светот – од Русија преку Африка до Куба. Во некои земји стана службено возило на полицајци и таксисти.rn

    7. Лада се произведува и денес

    rnЛада ја изгуби својата планетарна популарност по распадот на СССР, но сè уште се произведува. Денес, Автоваз е составен дел од групацијата Рено и произведува поп модели на Ларгус, Калина, Веста, Грант и Нива.rnrnПрочитајте ги и овие 10 факти што најверојатно не сте ги знаеле.