КАФЕ ПАУЗА

Category: Факти и цитати

  • Најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта

    Најдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовта

    Кијану Ривс е еден од најпознатите, но и најсаканите актери во филмската индустрија. Во продолжение прочитајте дел од неговите најпознати цитати за животот, љубовта и кинематографијата.rnrnНајдобрите цитати на Кијану Ривс за животот и љубовтаrn

    „Секогаш ќе бидам вљубен во љубовта.“

    rn

    „Тагата ја менува формата, но никогаш не завршува.“

    rn

    „Најдобар начин да се промените е да згрешите. Доволно е да научите од вашите грешки пред да продолжите понатаму.“

    rn

    „Парите не ми значат ништо. Заработив многу, но сакам да уживам во животот и да не чувствувам стрес поради банкарската сметка. Сите знаеме дека здравјето е многу поважно.“

    rn

    „Не сакам да живеам во свет каде љубезноста се смета за слабост.“

    rn

    „Обидете се да ги почитувате другите. Обидете се да го извлечете максимумот од животот, но и најдете начин да се поврзете со другите. Ако можете. Доволно е…. за да преживеете.“

    rn

    „Мразам да давам совети.“

    rn

    „Сакам да го живеам животот колку што е можно поедноставно.“

    rn

    „Доколку има нешто што ве повредува, запрашајте се зошто е тоа така и како може тоа да се промени.“

    rn

    „Сметам дека доколку би се одлучил за сината пилула, ќе продолжев да спијам и никогаш немаше да знам што се случува. Тоа, пак, звучи многу депресивно. Затоа, мило ми е што се одлучив за вистинската пилула.“

    rn

    „Тагата и загубата се работи кои никогаш не исчезнуваат. Тие остануваат со вас.“

    rn

    „Искрено, се трудам да не правам ништо што не сакам да правам.“

    rnОткако ги прочитавте најдобрите цитати на Кијану Ривс, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: parade.com

  • Тест: Изберете број и добијте порака од моќниот шаман!

    Тест: Изберете број и добијте порака од моќниот шаман!

    Доколку не можете да решите одреден проблем и се чувствувате збунето тогаш овој тест е за вас. Сè што треба да направите е да ги затворите очите, да размислите за проблемот што ве загрижува или да посакате желба. Потоа, изберете еден од овие броеви и добијте одговор од моќен шаман.rnrnТест: Изберете број и добијте порака од моќниот шаман!rnrn rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 1″ active=”false”]Набргу ќе се променат работите, а вие ќе престанете да се грижите за непотребните нешта кои ви го окупираат умот.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 2″ active=”false”]Вие сте на погрешен пат, па затоа престанете да ги слушате другите и следете го срцето за да го најдете она што го барате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 3″ active=”false”]Вашите планови ќе успеат бидејќи сте на вистинскиот пат.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 4″ active=”false”]Наскоро ќе добиете пријатни вести кои ќе бидат решението за вашиот проблем.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 5″ active=”false”]Нека приоритетот ви биде грижата за себе бидејќи здравјето е најважно.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 6″ active=”false”]Вашите планови ќе бидат успешни.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 7″ active=”false”]Се грижите за неважни работи и на тој начин ја губите можноста да бидете среќни. Сè што треба да направите е да ги оставите настрана сомнежите и да го следите вашето срце.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 8″ active=”false”]Ќе добиете повеќе отколку што барате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 9″ active=”false”]Сега не е идеален момент за спроведување на планот и затоа неопходно е да бидете трпеливи.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 10″ active=”false”]Сè ќе се случува неочекувано и ќе добиете многу повеќе отколку што можете да замислите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 11″ active=”false”]Вашиот страв ве спречува да ја достигнете целта и затоа неопходно е да ги оставите настрана сите сомнежи и да почнете да верувате. Сè е можно.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 12″ active=”false”]Среќна ѕвезда ќе ви го осветлува патот и набргу ќе ги решите проблемите кои ве мачат долго време.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 13″ active=”false”]Вложивте многу труд, па затоа време е да бидете наградени.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 14″ active=”false”]Неопходно е да вложите труд, но среќата ќе ја пронајдете токму на патот кон целта.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 15″ active=”false”]За жал, она што го барате во моментов е неизводливо. Но, не бидете тажни бидејќи судбината ќе ви даде можност да ја пронајдете вистинската среќа.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Бр. 16″ active=”false”]Не откажувајте се бидејќи сте близу до целта![/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnОткако го направивте овој тест, можеби ќе сакате да направите и друг за да откриете што ве очекува ова лето.rnrnИзвор: atma.hr

  • Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

    Моќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болката

    Чарли Чаплин, ѕвездата на немиот филм и човекот кој успеа да ги насмее луѓето ширум светот без да каже ниту збор. Познато е дека Џорџ Бернард Шо го нарекол Чаплин „единствениот гениј во филмската индустрија“. Во продолжение прочитајте ги неговите цитати за љубовта, животот, смеата и болката.rnrnМоќни цитати на Чарли Чаплин за љубовта, животот, смеата и болкатаrn

    „Животот може да биде прекрасен ако не се плашите од него. Сè што ви е потребно е малку храброст, имагинација…. и малку тесто.“

    rn

    „Ништо не вечно во овој зол свет, дури ни нашите неволји.“

    rn

    „Претпоставувам дека една од ирониите во животот е да се прави погрешната работа во вистинскиот момент.“

    rn

    „Помислете на себе барем еднаш во животот, во спротивно ќе ја пропуштите најдобрата комедија на светот.“

    rn

    „Ви треба моќ само доколку сакате да им наштетите на другите, во спротивно љубовта ви е доволна за да ги постигнете сите цели.“

    rn

    „Размислуваме премногу, а чувствуваме премалку.“

    rn

    „Огледалото е мојот најдобар пријател бидејќи никогаш не се смее кога плачам.“

    rn

    „Мојата болка може да биде причината за нечија смеа. Но, мојата смеа никогаш не смее да биде причината за нечија болка.“

    rn

    „Мојот живот е полн со тешкотии и проблеми. Но, моите усни не го знаат тоа. Тие секогаш се смеат.“

    rn

    „Животот е претстава без реприза. Затоа пејте, плачете, танцувајте, смејте се и живејте го максимално животот пред да се спушти завесата и пред да заврши претставата без аплауз.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси престанав да копнеам за поинаков живот и можев да сфатам дека сè што ме опкружуваше ми даваше сила да растам. Денес тоа за мене претставува ЗРЕЛОСТ.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси престанав да го трошам сопственото време и престанав да размислувам за огромни проекти во иднина. Денес го правам само она што ми носи радост и среќа, работи кои сакам да ги правам и кои ми го развеселуваат срцето, а ги правам на свој начин и со свој ритам. Денес тоа за мене претставува ЕДНОСТАВНОСТ.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси сфатив дека без оглед на околностите, јас сум на вистинското место во вистинското време и дека сè се случува во вистинскиот момент. Денес тоа за мене претставува САМОДОВЕРБА.“

    rn

    „Откако почнав да се сакам себеси се ослободив од сè што не е добро за моето здравје – храна, луѓе, нешта, ситуации и сето она кое се коси со мојата природа. Најпрвин го нареков овој став здрав егоизам. Денес тоа за мене претставува ЉУБОВ КОН СЕБЕ.“

    rnОткако ги прочитавте овие цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и 10-те најинспиративни цитати на Опра Винфри.rnrnИзвор: goalcast.com

  • Желни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација!

    Желни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација!

    Најчесто, тоа што ни недостига да бидеме она што сакаме да бидеме и онаму каде што сакаме да бидеме се храброста и волјата за промена. Од друга страна да не заборавиме и дека секогаш е вистинското време да почнеме одново и да ги промениме нашите животи. Токму овие цитати ќе ви помогнат да ја прифатите промената, но и ќе ви бидат инспирација да ги остварите вашите желби и соништа.rnrnЖелни сте за промена? Нека овие цитати ви бидат инспирација! rn

    „Кога ќе го промените начинот на кој гледате на нештата, самите нешта ќе се променат.“– Вејн В. Даер

    rn

    „Она од што најмногу се плашат луѓето е да преземат нов чекор или да изговорат нов збор.“ – Фјодор Достоевски

    rn

    „Ќе станете зрели во моментот кога ќе престанете да се жалите и да барате изговори, а наместо тоа ќе почнете со промени.“ – Рој Т. Бенет

    rn

    „Тајната на промената е да ја насочите сета своја енергија не кон борба со старото туку кон градење на новото.“ – Сократ

    rn

    „Дејствувањето е клучот за секој успех.“ – Пабло Пикасо

    rn

    „Луѓето кои се доволни луди да мислат дека можат да го променат светот се всушност оние кои вистински го менуваат светот.“ – Валтер Исаксон

    rn

    „Не очекувајте да видите промена доколку вие самите не се потрудите да ја направите.“ – Махатма Ганди

    rn

    „Сите размислуваат како да го променат светот, но никој не размислува како да се промени себеси.“ – Лав Толстој

    rn

    „Не можеме да бидеме она што сакаме доколку и понатаму продолжиме да сме она што сме.“ – Макс Депри

    rn

    „Животот е сплет на природни и спонтани промени. Не спротивставувајте им се – тоа ќе создаде само тага во вас. Нека реалноста остане реалност. Оставете ги работите да си течат природно.“ – Лао Це

    rn

    „Личноста која никогаш не згрешила во животот е онаа која не пробала ништо ново.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Промената нема да дојде ако чекаме друга личност или друго време. Ние самите сме промената што ја бараме.“ – Барак Обама

    rnОткако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да прочитате и за незапирливата моќ на промената.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

    Откријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!

    Живееме во свет полн со спектакуларни места кои чекаат да бидат откриени, па така поривот да се патува по светот се должи на нашата исконска потреба од нови искуства и доживувања. Во продолжение прочитајте го нашиот список на најубавите цитати за патување и талкање кои сме сигурни дека уште повеќе ќе ви ја разгорат страста да се впуштите во нова авантура!rnrnОткријте ја магијата на патувањето преку овие цитати!rn

    „Не сите оние кои талкаат се изгубени.“ – Толкин

    rn

    „Еднаш годишно отидете некаде каде што никогаш не сте биле порано.“ – Далај Лама

    rn

    „Живејте без изговори, патувајте без жалење.“ – Оскар Вајлд

    rn

    „Со староста доаѓа мудроста. Со патувањето доаѓа разбирањето.“ – Сандра Лејк

    rn

    „Вистинското патување не се состои во откривање нови пејзажи туку откривање нови светогледи.“ – Марсел Пруст

    rn

    „Преку патувањето доаѓате до сознание дека секој од нас греши кога се работи за другите земји.“ – Олдус Хаксли

    rn

    „Ако ја презирате храната, ги игнорирате обичаите, се плашите од религијата и ги избегнувате луѓето, можеби е подобро да останете дома.“ – Џејмс А. Мишенер

    rn

    „Соло патувањето не секогаш значи дека сте сами. Најчесто, по патот среќавате прекрасни луѓе со кои воспоставувате врски кои траат цел живот.“ – Жаклин Бун

    rn

    „Доколку ни беше судено да останеме на едно место, ќе имавме корени наместо стапала.“ – Рејчел Волчин

    rn

    „Подобро да видите нешто еднаш со своите очи, отколку да слушнете за него илјада пати.“ – Азиска поговорка

    rnОткако ги прочитавте најубавите цитати за патувањето, можеби ќе сакате да прочитате и инспиративни цитати за паровите кои сакаат да патуваат.rnrnИзвор: passportsymphony.com

  • Најубавите цитати од Руми за животот и љубовта

    Најубавите цитати од Руми за животот и љубовта

    Руми бил поет и научник од тринаесеттиот век. Тој го поминал животот пишувајќи ги најубавите цитати за љубовта и животот на кои и денес им се восхитуваме. Во продолжение прочитајте дел од нив.rnrnНајубавите цитати од Руми за животот и љубовтаrn

    „Ако куќата на светот е темна, љубовта ќе најде начин да изгради прозорци.“

    rn

    „Половината од животот го трошиме во шармирање на другите. Другата половина, пак, ја трошиме во нервози предизвикани од другите. Оставете ја оваа игра. Доволно долго ја игравте.“

    rn

    „Збогувањата се само за оние кои љубат со своите очи. Затоа, за оние кои сакаат со срцето и душата не постои такво нешто како разделбата.“

    rn

    „Откриј ја сладоста во сопственото срце, тогаш можеби ќе ја најдеш сладоста и во срцата на другите.“

    rn

    „Мудроста ни вели дека не сме достојни, а љубовта ни кажува дека сме. Мојот живот се одвива меѓу овие две идеи.“

    rn

    „Љубовта е река. Пијте од неа.“

    rn

    „Не можете да се пазарите со љубовта. Овде изборот не е повеќе ваш.“

    rn

    „Препуштете му се на она што вистински го посакувате. Тоа никогаш нема да ве однесе на погрешен пат.“

    rn

    „Љубовта е религија, а универзумот е книга.“

    rn

    „Се срамам да ја наречам човечка оваа љубов, но и се плашам од Бога да ја наречам божествена.“

    rnОткако ги прочитавте најубавите цитати на Руми, можеби ќе сакате да ги прочитате и 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.rnrnИзвор: yourtango.com

  • Почувствувајте ја велигденската магија преку овие цитати!

    Почувствувајте ја велигденската магија преку овие цитати!

    Велигден е симбол на надежта и новиот живот. Освен тоа, велигденските денови преставуваат и време за обнова, па заедно со убавината на пролетта ни носат убава енергија. Цитатите кои ќе ги прочитате во продолжение на совршен начин ни ја доловуваат велигденската магија!rnrnПочувствувајте ја велигденската магија преку овие цитати!rn

    „Бог е љубов која го победи злото.“ – Папа Франциск

    rn

    „Воскресението е сржта на нашите верувања како христијани. Без него нашата вера е бесмислена.“ – Џозеф Б. Виртлин

    rn

    „Повторното појавување на светлината е исто како и опстанокот на душата.“ – Виктор Иго

    rn

    „Блажени се оние кои веруваат, а не виделе.“ – Јован 20,29

    rn

    „Тој го знае патот затоа што Тој е патот.“ – Џефри Р. Холанд

    rn

    „Велигден е божји доказ дека животот во суштина е духовен и безвременски.“ – Чарлс М. Кроу

    rn

    „Можете да ги искорнете сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“ – Пабло Неруда

    rn

    „Секогаш се тука цвеќињата за оние кои сакаат да ги видат.“ – Анри Матис

    rn

    „Нека радоста на воскреснувањето нè издигне од осаменоста, слабоста и очајот и ни даде сила, убавина и среќа.“ – Флојд В. Томкинс

    rn

    „Таму каде што цутат цвеќињата, таму цути и надежта.“ – Лејди Берд Џонсон

    rnОткако ги прочитавте овие велигденски цитати, можеби ќе сакате да прочитате и зошто јајцето е симбол на Велигден.rnrnИзвор: countryliving.com

  • Инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата

    Инспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјата

    Во текот на историјата, жените напорно работеле за да се слушне нивниот глас. Без разлика дали станува збор за подеднаква застапеност во политиката и активизмот за општествени промени, кршење на бариерите во спортот и образованието, жените покажале дека неуспехот не треба да им биде пречка во исполнувањето на нивните цели. Заедничко за сите нив е тоа што сите се бореле за еднаков, правичен свет. Во продолжение прочитајте инспиративни цитати на дел од најмоќните жени во историјата.rnrnИнспиративни цитати на дел од најмоќните жени низ историјатаrn

    „Жените треба да го направат за себе она што мажите веќе го направиле – понекогаш она што мажите не го направиле – а тоа е да се етаблираат како личности и можеби и да ги охрабруваат другите жени за поголема независност на мислата и дејствувањето.“ – Амелија Ерхарт, првата пилотка која летала сама над Атлантскиот Океан

    rn

    „Жените се способни исто толку колку и мажите. Понекогаш нивната имагинација е поголема од онаа на мажите.“ – Кетрин Џонсон, математичарка и дел од првите вселенски мисии на НАСА

    rn

    „Успехот на секоја жена треба да биде инспирација за друга. Треба да се грижиме едни за други. Бидете храбри, бидете силни, бидете исклучително понизни и пред сè, бидете љубезни.“ – Серена Вилијамс, професионална тенисерка, поранешен светски рекет број 1 во женскиот тенис

    rn

    „Жената никогаш не треба да очекува посебни привилегии поради нејзиниот пол, ниту пак да им се потчини на предрасудите и дискриминацијата.“ – Бети Фридан, американска писателка и феминистка

    rn

    „Го кревам гласот, не за да можам да викам туку да бидат слушнати оние без глас…“ – Малала Јусуфзаи, пакистанска активистка и најмлада добитничка на Нобеловата награда за мир

    rn

    „Секогаш поставувајте си високи цели, вложете го сите напори и борете се за она во кое верувате. Кога ќе наидете на пречки, продолжете да верувате. Кога ќе паднете, веднаш станете и никогаш не слушајте ги оние што велат дека не можете или не треба да продолжите во оваа насока.“ – Хилари Клинтон, поранешен државен секретар на САД

    rn

    „Не плашете се од совршенството – никогаш нема да го достигнете.“ – Марија Кири, првата жена добитничка на Нобелова награда

    rn

    „Никој не може да направи да се чувствувате инфериорно без ваша дозвола.“ – Еленор Рузвелт, поранешна прва дама на САД

    rn

    „Размислувајте како кралица. Кралицата не се плаши од неуспех. Поразот е само отскочна штица кон успехот.“ – Опра Винфри, американска медиумска личност, една од највлијателните жени во светот

    rn

    „Техниката и способноста сами по себе нема да ве однесат до врвот – најважна е волјата.“ – Јунко Табеи, првата жена која се искачила на Монт Еверест

    rnОткако ги прочитавте овие инспиративни цитати, можеби ќе сакате да ги прочитате и инспиративните цитати од Сузан Сарандон што ќе ви докажат дека жените се непобедливи.rnrnИзвор: mymodernmet.com

  • Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

    Цитати за војната и мирот што ќе ве подзамислат

    Денес живееме во свет растргнат од омраза во кој заканата од терор и војна постојано демне над некое делче од земјината топка. Ја чувствуваме болката на угнетените, понижените и оние кои ја немале таа среќа да се родат и да живеат во нормални човечки околности. Бесни сме секогаш кога ќе видиме дека постојат луѓе некаде, на некое друго место, кои се борат за основните човекови права. Во овие несигурни времиња, кога секој од нас се плаши за сопствената и иднината на своите деца и внуци, да се обидеме да најдеме зрак утеха во зборовите на овие големи борци.rnrnЦитати за војната и мирот што ќе ве подзамислатrn

    „Господ е ист насекаде.“ – Толстој

    rn

    „Лишувањето на луѓето од нивните човекови права е како да им се оспорува нивната човечка природа.“ – Нелсон Мандела

    rn

    „Прошката ја лечи душата и го отстранува стравот. Затоа е толку моќно оружје.“ – Нелсон Мандела

    rn

    „Темнината не може да ја сотре темнината: само светлината го може тоа. Омразата не може да ја сотре омразата: само љубовта го може тоа.“ – Мартин Лутер Кинг

    rn

    „Ненасилството не значи само избегнување на надворешното физичко насилство туку и отсуство на внатрешното насилство на духот. Не само што одбивате и да пукате во човекот туку одбивате и да го мразите.“ – Мартин Лутер Кинг

    rn

    „Не дозволувајте нечие однесување да ви го уништи внатрешниот мир.“ – Далај Лама

    rn

    „Доколку самите себе не се промениме, доколку не носиме мир во себе, тогаш не може да има светски мир.“ – Далај Лама

    rn

    „Мојата религија се заснова на вистината и ненасилството.“ – Махатма Ганди

    rn

    „Колку повеќе пари трошите на оружје, толку помалку пари трошите на луѓе! Повеќе оружје, помалку среќа; повеќе пушки, повеќе мизерија!“ – Мехмет Мурат Илдан

    rn

    „Ништо нема да стави крај на војната доколку самите луѓе не одбијат да војуваат.“ – Алберт Ајнштајн

    rn

    „Никогаш немало добра војна или лош мир.“ – Бенџамин Френклин

    rn

    „Мирот е доблеста на цивилизацијата. Војната е неговото злосторство.“ – Виктор Иго

    rnОткако ги прочитавте овие безвременски цитати, можеби ќе сакате да прочитате и за предвидувањето на следната светска војна со помош на статистика.rnrnИзвор: themindsjournal.com

  • Тест: Маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите!

    Тест: Маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите!

    Изберете ја маската што најмногу ве привлекува, а таа ќе ви открие што е тоа што не сакате другите да го дознаат за вас.rnrnТест: Маската која ќе ја изберете ќе ви каже што сакате да скриете од другите! rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Маска бр. 1″ active=”false”]Вие ги криете вашите идеи и тоа од сосема едноставна причина – се плашите дека некој ќе ви ги украде или дека ќе ви се смее поради вашиот начин на размислување. За вас идеите претставуваат важен дел, не само од професионалниот туку и од личниот живот. Затоа, не е чудно тоа што не сакате да ги откривате своите планови, барем додека не ги реализирате.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Маска бр. 2″ active=”false”]Честопати ги криете своите чувства. За многумина, вие сте „кул“ личност, но вашата природа е топла и добронамерна иако тоа не е лесно воочливо. Причината за таквото однесување е тоа што се плашите другите да ја искористат вашата добрина здраво за готово.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Маска бр. 3″ active=”false”]Потајно ги набљудувате другите без да им дадете до знаење. Вие сте нем посматрач и понекогаш се случува да ги одгатнете мистериите на другите. Сепак, вашите заклучоци ги чувате само заа себе и не сакате со никого да ги споделите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Маска бр. 4″ active=”false”]Она што го криете од другите е вашата страст. Не станува збор само за физичката, туку понекогаш може да се работи и за онаа страст поврзана со вашите цели и соништа. Се плашите дека вашите желби можат да бидат погрешно разбрани и дека другите би можеле да ве критикуваат поради тоа. Затоа ја криете страста и се однесувате како едноставно ништо да не се случува.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Маска бр. 5″ active=”false”]Вие сте личност која никогаш не ја открива својата болка. Секогаш кога и да наидете на тешкотии, вие со насмевка се обидувате да ги пребродите. Сметате дека вашата болка ви припаѓа само вам и дека никој друг не може да ја разбере. Затоа се чувствувате сигурно во вашиот свет, а на надворешниот му се обраќате само со насмевка.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn[toggle_box]rn[toggle_item title=”Маска бр. 6″ active=”false”]Вие сте личност која ја криете љубовта кон другите и ја изразувате само кога станува збор за посебна личност. Тоа не значи дека во своето срце негувате љубов кон само една личност, туку едноставно не секогаш сакате да ја споделите.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrnДоколку се забавувавте со овој тест, ви препорачуваме да направите и друг во кој универзумот ќе ви открие што ве очекува во животот.rnrnИзвор: atma.hr