Безвременски цитати кои нè потсетуваат на моќта на љубовта

Сподели

Љубов… Има ли поубава емоционална состојба? Многумина веруваат дека сме живи само додека љубиме. Едно е сигурно – сите сме желни за љубов, без разлика дали станува збор за партнерот, семејството, пријателите, колегите… Важно е да научиме да се сакаме себеси, а потоа да ги сакаме другите. Љубовта е вечна инспирација и тема на безвременски уметнички дела. Многу познати уметници, историски и современи личности размислувале и пишувале за љубовта, а ние издвоивме за вас неколку безвременски цитати.

Реклама

rn

„Суштината на љубовта е кога човекот се заљубува без причина и желба. Нешто што не може да го предвиди.“ – Харуки Мураками

rn

„Љубовта е составена од една душа која живее во две тела.“ – Аристотел

rn

„Ние љубиме затоа што тоа е единствената вистинска авантура.“ – Ники Џовани

rn

„Не е важно колку работите, важно е колку љубов вложувате во она што го работите и колку им давате на другите.“ – Мајка Тереза

rn

„Љубовта што ја даваме е единствената љубов што ја имаме.“ – Елберт Хабард

rn

„Животот е цвет, а љубовта е мед.“ – Виктор Иго

rn

„Ние сами се раѓаме, сами сме во текот на животот и сами умираме. Само со помош на љубовта и пријателството можеме бар за миг да создадеме илузија дека не сме сами.“ – Орсон Велс

rn

„Таму каде што е љубовта, таму е и животот.“ – Махатма Ганди

rn

„Ако можете само доволно да љубите, вие сте најмоќната личност на светот.“ – Емет Фокс

rn

„Љубовта е најсилната сила што светот може и да си ја замисли, а истовремено и најскромната.“ – Махатма Ганди

rn

„Љубовта е игра која може да ја играат двајца без ниту еден од нив да победи.“ – Ева Габор

rn

„Нема време за досада. Има време за работа. И време за љубов.“ – Коко Шанел

rn

„Цветот не може да цвета без сонце, исто како што човекот не може да живее без љубов.“ – Макс Милер

rn

„Најголемото освежување во животот е љубовта.“ – Пабло Пикасо

rn

„Вистинската љубов мисли на мигот и вечноста, никогаш на времетраењето.“ – Фридрих Ниче

rnОткако ги прочитавте овие мали, но моќни цитати, ви препорачуваме да ги прочитате и 15-те најважни цитати на Иво Андриќ за животот, љубовта и страдањето.

Извор: wannabemagazine.com

Популарно

Може ќе ве интересира