5 изненадувачки факти за љубовта и привлекувањето

Сподели

Сите знаеме дека љубовта е едно неверојатно, прекрасно чувство. Еден од најубавите начини да ја почувствуваме магијата на животот е да бидеме вљубени. Сепак, психолозите откриле дека љубовта е многу посложена отколку што веруваме, а ова се дел од фактите за љубовта кои сигурно ќе ви се чинат изненадувачки.

Реклама

rn

1. Љубовта е сложена

rnОна за кое верувате дека се должи како резултат на љубовната магија, всушност е комбинација од страст, привлечност и приврзаност која може да доведе до различни емоции почнувајќи од задоволство па сè до болка. Според истражувачите, хормоните серотонин, допамин и адреналин контролираат кого нè привлекува преку регулирање на нашето однесување во мозокот, придонесувајќи да се чувствуваме возбудено. Мозочните хемикалии или невропептиди како окситоцин и вазопресин од друга страна, ја регулираат нашата врска со друго лице.rn

2. Љубовта може да го намали апетитот

rnСте се запрашале ли зошто понекогаш пеперутките во стомакот ве тераат да заборавите на секакво чувство на глад? Факт е дека кога сте заљубени не се чувствувате гладни како вообичаено. За време на фазата на привлечност, во мозокот се ослободуваат во големи количини хормонот на среќата или допамин, хормонот на љубовта или окситоцин и хормонот на стрес норепинефрин. Овие хормони го потиснуваат вашиот апетит и придонесуваат да се чувствувате еуфорично и мрзеливо. Тоа понекогаш може да резултира и со губење на тежината и несоница.rn

3. Љубовта е зависност

rnНаучниците покажале дека љубовта може да биде позитивна зависност. Според едно истражување од 2016 година, симптомите на раната фаза на интензивна, романтична љубов како еуфорија, желба, зависност, повлекување, се слични со симптомите на зависност од дрога. За среќа, овие симптоми исчезнуваат како што напредува љубовната врска.rn

4. Љубовната болка може да биде вистинска

rnНе можете да се однесувате нормално секогаш кога ви недостига партнерот? Кога сте вљубени, се зголемува нивото на хормонот на стресот кортизол кој од друга страна може да доведе до занемарување на имунитетот. Истражувања покажале исто така дека партнерите можат да си влијаат еден на друг во поглед на менталното и физичкото здравје, па така здравствените проблеми на едниот можат да влијаат врз целокупната благосостојба на другиот.rn

5. Љубовта е лек

rnДали знаевте дека интензивното чувство на страсна љубов може да помогне при ублажувањето на болката? Љубовта може да ја зголеми или намали нашата перцепција за болка во зависност од нашата индивидуална психолошка регулација на чувствата. Љубовта е поврзана со функционалната врска на мозокот и помага да се контролира болката.

Откако откривте дел од фактите за љубовта и привлекувањето, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те неверојатни начини на кои љубовта го трансформира вашиот мозок.

Извор: themindsjournal.com

Популарно

Може ќе ве интересира