КАФЕ ПАУЗА

Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

Written by

in

Оваа направа сè уште не се наоѓа на пазарот, но има одлични критики. Филип Френзел, студент на Универзитетот Аален во Германија ја дизајнирал ADCASE, генијална маска за телефон која отвора воздушно перниче веднаш штом ќе ви падне телефонот.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnИзумот веќе му ја донел првата награда од Германското здружение за мехатроника, кое одбирало помеѓу проекти на студенти од целата држава.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrn

„Пред 3 години, на Филип му падна новиот ајфон. Екранот беше многу искршен. Потоа купуваше маски за да го заштити новиот телефон, но заштитата воопшто не му се допаѓаше“, изјавил портпарол на ADCASE.

rnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа почетокот Филип создал механизам за активирање со сензори кои забележуваат кога направата е во слободен пад. Но што би активирал? На почетокот размислувал за вистинско воздушно перниче на телефонот и алтернатива на база на пена. Сепак, овие дизајни не се покажале како практични. На крај се одлучил за нешто помеко – федери.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа Филип му биле потребни 2 и пол години за да ја направи маската. Планот бил да биде компатибилна со најновиот ајфон, почнувајќи од ајфон 6.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnЗа деловите употребил 3Д печатач. Маската се закачува на задниот дел од телефонот и не ја менува неговата естетика.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа видеото во продолжение можете да видите како функционира направата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mLoEcgAaRpIrnrnДодека овој изум да стигне кај нас, погледнете кои се тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот телефон.