Трикови за подобро фотографирање градби

Сподели

Фотографирањето на знаменитостите на вашите патувања најчесто резултира со не многу импресивни слики, кои служат само колку да се знае дека сте отишле некаде. Но, ако ги следите овие неколку трикови, сликањето на зградите кои ве импресионираат, било да се во вашиот град или некаде надвор, ќе биде позабавно и резултатите ќе бидат значително подобри.

Реклама

rn

Фотографирајте од повеќе агли

rnПрепознатливиот преден дел на зградата не мора да биде вистинскиот кадар. Кружете околу архитектонското здание кое е ваш интерес и сликајте од што е можно повеќе агли. На тој начин на една фотографија можете да ја истакнете формата, а на друга фасадата, некогаш и ненамерно. Како и да е, ќе имате интересна фотографија.

rn

Одлучете која е целта на фотографијата

rnФотографијата ќе ви служи како спомен. Затоа мора да решите дали сакате таа да изгледа како разгледница, како уметничко дело или сакате да го доловите амбиентот во околината. Сликањето на зградата само по себе може да изгледа едноставно, но ако сакате да да го внесете гледачот во случувањата во моментот на фотографирањето, тогаш покрај неа треба да вклучите и луѓе и сè што може да придонесе кон тоа.

rn

Внимавајте на светлото

rnЕдна зграда може да делува различно во различен период од денот поради аголот под кој сонцето ја осветлува. На пладне таа е најдобро осветлена, но сенките при изгрејсонцето и зајдисонцето додаваат драматика, додека ноќните светла даваат величественост. Затоа, доколку можете, фотографирајте во различни делови од денот. Ќе бидете изненадени колку ќе се разликуваат фотографиите една од друга.

rn

Зумирајте

rnАрхитектурата располага со многу детали кои најчесто не се видливи со голо око од далечината од која ги гледаме. Затоа зумот може да заврши одлична работа и да истакне некој детаљ за кој во прв момент не знаете ни дека постои.

rn

Излезете надвор од рамките

rnКога вообичаеното овековечување на моментот со помош на фотоапарат ќе стане предвидливо и неинтересно, обидете се со несекојдневен пристап. Обидете се преку кадарот да кажете нешто повеќе за самата архитектура. Разгледајте ја околината и додадете дел од неа во самата фотографија, така што тоа ќе раскаже сосема поинаква приказна од онаа со едноставното фотографирање зграда.

rn

Сликајте во црно-бела техника

rnДоколку сликате некоја шарена куќа тогаш морате да ги истакнете боите, но ако прикажувате сива конструкција обидете се да додадете драматичност со црно-бела техника.

rn

Играјте си со правилото на третини

rnОва едноставно правило помага во креирањето на неверојатни фотографии. Но, понекогаш можете да отстапите од него за да направите нешто поинтересно. Наместо да ги поставите објектите прецизно во нивните полиња, пробајте малку да ги изместите и фокусот да го поставите во некој несекојдневен дел од сликата. Ќе добиете многу интересни резултати.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира