КАФЕ ПАУЗА

Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбната

Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбната

Врвниот провајдер на услуги за сателитска навигација „Гармин“ излезе со нов GPS продукт кој овозможува конектирање на уредот со вашиот смартфон преку блутут и проектирање на податоците за навигација од телефонот на шофершајбната.Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбнатаУредот Head-Up Display (HUD) ги проектира инструкциите на транспарентен филм или на рефлектирачка леќа која е закачена за шофершајбната. На овој начин, „Гармин“ се обидува да им понуди на корисниците решение за држење на погледот право низ ветробранското стакло, односно им овозможува тие да не мора да гледаат настрана додека возат кога им е потребна навигациска помош.Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбнатаДисплејот може да се поврзе со секој компатибилен мобилен телефон преку блутут, а податоците кои ги користи се од апликациите на Гармин, StreetPilot за ајфон или NAVIGON за ајфон, андроид или Виндоус 8 телефон.Систем за навигација кој ги проектира насоките на шофершајбнатаУредот проектира индикатори за вртење, информации за сообраќајот, моменталната и дозволената брзина, па дури и локациите на безбедносните камери во близина.rnrnСпоред производителот, на дисплејот автоматски му се прилагодува степенот на осветленост за да може инструкциите секогаш да бидат добро видливи за возачот.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.