КАФЕ ПАУЗА

Научете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!

Научете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!

Written by

in

Мрачни, порочни и автентични, Black & Vice Social Club е бенд чија музика содржи строго оригинални стихови, ноти и мисли. Тие не се преправаат во нешто што не се, а нивната искреност е видлива во сите нивни песни од првиот албум „Until The Road Is A Dead End“ како и во нивните моќни настапи и концерти. Публиката имаше можност да ги чуе во живо на голем број настани и фестивали, од кои последниот се одржа на главната сцена на Д Фестивал во Дојран. Кој чул – знае. Кој не – не смее да ја пропушти можноста да стане дел од овој социјален клуб во наредна прилика.rnrnНаучете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!rnrnБендот го сочинуваат докажани имиња што сигурно ви се веќе познати. Станува збор за Ади Имери како главен вокал и гитара, Горјан Стојменовски на гитара, Симон Пеоски на гитара, Стефан Стојчев на бас гитара и Благоја Антовски на тапани. Главниот музички жанр со кој се одликува оваа група е рок и алтернативен рок. Свеченото отворање на „клубот“ се одржа на 15-ти декември во 2015 година и оттогаш неговата мисија е да „обезбеди прибежиште“ за сите негови членови. Најголемо влијание на нив имаат извршено сите искуства што ги доживеале во текот на животот.rnrnНаучете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!rnrnСе сеќавам кога за прв пат го сретнав името на тогаш непознатиот бенд. Налетав на настан на Фејсбук за некаква свирка/концерт/промоција во Маракана насловена со Black & Vice Social Club. Немав поим за што станува збор. Во Маракана се отвора нов клуб кој ќе работи од 21.00 до 24.00? Какво е ова необично долгометражно име? Морам да признаам дека мистеријата со која беше обвиен настанот ме привлече и тоа ми беше доволна причина за да ѕирнам и да дознаам за што станува збор. Музичката интуиција не ме излажа и одлуката се покажа како правилна!rnrnНаучете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!rnrnДенес, Black & Vice Social Club можат да се пофалат со музичко видео за песната „Црна црква“, а новиот спот е најавен за септември оваа година и ние ви препорачуваме психички да се подготвите за нешто изопачено и невидено. Ќе ви откриеме само дека главната улога ја толкува актерот Рубенс Муратовски кој ќе можете да го видите во едно поинакво и поженствено издание. Членовите од бендот пред некое време се вратија од нивниот тим-билдинг во Лефкада чии убавини го поттикнале Ади да „изнапише гадни песни“. Тие ни открија дека имаат многу материјал и дека по краткиот одмор неуморно „работат на случајот“.rnrnНаучете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!rnrnСо оглед на тоа што станува збор за екстремно талентирани музичари, ние решивме да им поставиме малку потежок предизвик и не побаравме да состават обична плејлиста туку целосна музичка абецеда! По една песна за секоја буква од латиничната азбука! Звучи како невозможна мисија, се согласувате? Не и за Black & Vice Social Club! Не беше никакво изненадување тоа што оваа задача сепак не беше толку тешка колку што мислевме и слободно можеме да кажеме дека членовите од бендот успешно ја извршија без никакви потешкотии.rnrnНаучете ја моќната музичка абецеда на Black & Vice Social Club!rnrnПроследете го часот по музичко на Black & Vice Social Club и научете ја нивната музичка абецеда! Задржете го вниманието до самиот крај, бидејќи ве очекува вистинско изненадување помеѓу последните неколку песни…rnrnПродолжете на следната страница за да ја слушнете нивната музичка плејлиста…rnrn