КАФЕ ПАУЗА

Category: Колумни

  • Досие Екс: Зошто се опседнуваме со бившите на нашите сакани?

    Досие Екс: Зошто се опседнуваме со бившите на нашите сакани?

    Човечката љубопитност е страшна работа! Љубопитноста е меч со две острици – колку што може да ни помогне да успееме во животот, толку може и да ни ги искомплицира работите. Освен тоа, таа е бесконечна и безгранична, што го прави проблемот уште поголем, особено кога станува збор за нешта кои треба да си останат закопани во минатото. Минатото на луѓето е многу деликатна работа и некои воопшто не сакаат да зборуваат за него.rnrnДосие Екс: Зошто се опседнуваме со бившите на нашите сакани?rnrnМинатото може да биде полно со негативни емоции, болни спомени, трауматични ситуации, скршени срца, па затоа, не е ни чудо што многумина се обидуваат да го остават зад себе и да продолжат понатаму. Сите ние го знаеме тоа и токму од таа причина се интересираме за минатото на луѓето особено ако се работи за нашите сакани. Сакаме да знаеме што им се случувало, како размислувале порано, дали биле повредени, бидејќи мислиме дека тоа ќе ни помогне да дознаеме што е она што ги обликувало и ги претворило во луѓето коишто се денес. И тогаш почнуваме да копаме. Наместо да се фокусираме на нас и нашата врска во сегашноста, ние копаме по минатото и се труеме со бескорисни информации. Се распрашуваме, директно или индиректно, бараме, чепкаме, донесуваме основани или неосновани заклучоци, отвораме досиеја…rnrnПостојат многу различни досиеја од минатото на еден човек. Семејно досие, образовно досие, работно досие, пријателско досие… Но, едно од тие досиеја секогаш најмногу ни го привлекува вниманието и ни задава најсилни главоболки: Досие Екс. Тоа е досието што ги содржи информации за сите поранешни партнери на девојките или момчињата со коишто сме во врска моментално. Тоа е досието што откако еднаш ќе го отворите, нема враќање назад.rnrnПовеќето луѓе сакаат да го отворат ова досие. Тоа најчесто го прават или преку директен разговор со сегашниот партнер или посуптилно, преку копање по социјалните мрежи. Знаат дека можеби нема да им се допадне тоа што ќе го дознаат, но сметаат дека станува збор за важна информација која може многу да им открие за нивниот сакан или сакана. Каков вкус имале? Како се однесувале во претходните врски? Колку сериозни врски имале? Дали имале голем број сексуални партнери? Сите овие податоци им се многу важни за да можат да изградат целосна слика за нивните сакани.rnrnРетки се поразумните поединци кои навистина не сакаат да го отворат досието екс. Знаат дека постои голема веројатност да не им се допадне тоа што ќе го дознаат, па затоа не се плеткаат таму каде што не им е место. Сепак, понекогаш, сплетот на околности има поинаков план за нив. Понекогаш, информациите сами им доаѓаат и безмилосно ги напаѓаат. Без разлика дали некој самоволно им кажал, случајно им излегло на социјалните мрежи или пак се запознале во живо, тие дознаваат за бившите на нивните сегашни партнери и досието останува засекогаш отворено и прочитано.rnrnДосие Екс: Зошто се опседнуваме со бившите на нашите сакани?rnrnМногу е тешко да се затвори досието откако еднаш ќе се отвори. Најпрво, дознавате само име и презиме и потоа започнува целата истрага. Секако дека главната истражувачка алатка се социјалните мрежи. Пребарувате на Фејсбук и на Инстаграм. Прво во очи ви паѓаат фотографиите. Анализирате кој е поубав: Вие или тие? Откако заклучивте дека вие сте поубави, барате мислење од сите ваши пријатели. Тие ви го потврдуваат тоа сакале или нејќеле. Иако ве измачува фактот што нивните профили се преполни со професионални и уметнички фотографии со илјадници лајкови, некако успевате да се утешите со вашето последно „профи“ селфи.rnrnПотоа, преминувате на анализа на сите нивни статуси и објави. Се радувате поради фактот што имаат неколку навистина глупави статуси. Не ви се допаѓа тоа што имаат одличен вкус за музика и знаат убаво да се изразат. Не прават граматички грешки, штета! Добро, тоа е знак дека вашиот сегашен партнер знаел да направи добар избор. Тоа би требало да е нешто позитивно, се согласувате? Само што се расположивте, забележавте дека поранешната девојка или момче имаат завршено 5 факултети, магистрирале и се многу успешни во нивната работа, а вие едвај дипломиравте на 1 факултет и не сте ни сигурни што сакате да работите во животот.rnrnПочнувате да се нервирате и да се чувствувате лошо во врска со себе, но тогаш ви „светнува“ дека вашиот партнер сепак ве одбрал вас а не нив. Сигурно врската што ја има со вас е многу подобра од врската што ја имал со нив. Го чувствувате тоа, а и вашите сакани ви ја потврдиле нивната љубов повеќе од еднаш. Немате причина да се сомневате и да мислите дека тие понекогаш мислат на нивните бивши и посакуваат да ги вратат назад. Сепак, мора да проверите за да се уверите! Преминувате на следниот чекор од вашата потрага, а тоа е пребарување на сите нивни заеднички фотографии и означени објави на социјалните мрежи.rnrnУф, не очекувавте дека ќе наидете на толку многу информации! Тие си објавувале заеднички работи буквално секој ден! Од слатки статуси за тоа колку многу се сакаат и фотографии со натписи до песни и ознаки на сите места што ги посетиле заедно. За да бидат нештата уште полоши, дури и нивните пријатели ги означувале на разни фотографии од животинчиња што се гушкаат и им коментирале со срциња на сите нивни лигави статуси. Тоа се истите тие пријатели што сега коментираат на вашите слики. Почнувате да си ги поставувате следниве прашања: „Кого сакаат повеќе, мене или неа/него? Дали мислат дека јас сум подобриот избор или тој/таа? Со кого повеќе се зближиле?“. Очигледно е дека социјалните мрежи се полни со историски податоци за нивната поранешна врска. Се надевате дека биле барем доволно внимателни за да ги избришат сите нивни заеднички фотографии. Ја немате таа среќа. Сликите си стојат недопрени, како никогаш да не раскинале. Дали тоа значи дека едноставно заборавиле на тие фотографии или дека немале сила да ги избришат бидејќи сѐ уште потајно се надеваат дека еден ден ќе се смират?rnrnДосие Екс: Зошто се опседнуваме со бившите на нашите сакани?rnrnГлавата ви е полна со прашалници. Го отворивте досието екс иако длабоко во себе знаевте дека тоа не е добра идеја. Не можете да разговарате за ова со вашиот сегашен партнер, бидејќи се плашите да не си помисли дека сте луди. Можеби навистина сте луди?! Не може да е нормално олку да се опседнувате со некоја личност од минатото кога вашиот партнер или партнерка не ви дале никаков повод да се сомневате во нивните чувства кон вас! Знаете дека нема ништо меѓу нив, не контактираат, запознаени сте со целата нивна историја и сигурни сте дека нивната приказна е завршена и закопана некаде длабоко во минатото. Па, зошто тогаш вие моравте да ја откопувате? Дали причината за тоа е вашата љубопитност или пак несигурноста во себе? Дали се плашевте дека вашите сакани можеби не ви ја кажуваат вистината, па моравте да ги преземете работите во свои раце?rnrnЕве, сега знаете сѐ! Дали се чувствувате подобро? Најверојатно не. Вие сѐ уште ги проверувате профилите на бившите неколку пати неделно. Сѐ уште ги разгледувате лајковите на сите нивни фотографии и се надевате дека нема да видите лајк од вашите сакани. Сѐ уште се споредувате и се прашувате зошто вашите сакани ве одбрале вас, кога очигледно е дека нивните поранешни партнери се многу поуспешни и попаметни. Не можете да го споменете ова и отворено да разговарате, бидејќи знаете дека не е рационално. Можеби не сте свесни, но опседнувањето со бившите е голем знак на несигурност во себе. Длабоко во себе, мислите дека не го заслужувате вашиот сакан или сакана. Мислите дека тие можат да си најдат многу подобар партнер од вас. Не верувате доволно во вашите способности и квалитети.rnrnНормално е да посакате да го отворите досието екс. Нормално е и да се посомневате во себе. Сите нѐ интересираат бившите на нашите сегашни партнери. Тоа е природно и човечки. Но, не смеете да дозволите тоа да ве обземе и да влијае на вашата врска. Треба да научите кога е време да кажете „стоп“ и да го оставите минатото да почива таму каде што му е местото: Во минатото. Не заборавајте дека вашите партнери се со вас, а не со нивните бивши. Тие ве одбрале затоа што виделе нешто посебно и неверојатно кај вас. Време е и вие да станете свесни за вашите извонредни особини и таленти. Не дозволувајте му на досието екс да ја дефинира и контролира вашата врска. Затворете го и заклучете го во фиока. Фрлете го клучот и не барајте го повеќе. Ако вашите сакани можеле да го сторат тоа, можете и вие.

  • Сами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?

    Сами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?

    Сите луѓе различно ја доживуваат новогодишната вечер. Некои се подготвуваат за неа со недели. Резервираат место цел месец однапред, ја организираат забавата до најситни детали, одлучуваат што ќе облечат и слично. Најчесто нивните очекувања се толку високи што реалноста не може да ги исполни и тие завршуваат разочарани. Од друга страна, пак, има и такви што не знаат каде ќе слават сѐ до последен момент. Не му придаваат големо значење на дочекот, бидејќи тој претставува уште една обична вечер за нив. Тие најчесто завршуваат сами, со партнерот или најблиските пријатели во домашна атмосфера или во единствениот локал каде што имало место. Несомнено е дека постојат повеќе начини да се прослави Новата година. Па, кој е најдобриот избор? Кој си помина најубаво вчера вечер?rnrnСами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?rn

    Прослава во бар/дискотека со друштво

    rnНајпрво сте чекале да излезат интересни понуди од различни локали на социјалните мрежи. Сте се собрале десетина пријатели и сте одбрале бар, кафуле или дискотека по долги расправии и групни конверзации на Фејсбук, бидејќи не сте можеле да се сложите за местото, како резултат на вашиот различен вкус за музика. По постигнатиот компромис, со тешко срце сте издвоиле 1.000 и кусур денари за 3 пијалаци и чиниче чипс на коњопоите. Сте си рекле: „Не се важни парите, важно да си поминеме убаво“.rnrnСами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?rnrnЗа жал, не сте ја имале таа среќа. Сте резервирале 2 коњопои за 10 души, но на крај сите решиле да си земат по некој човек кој не е од друштвото и бројот на луѓе се зголемил, но не и бројот на коњопоите. Цела вечер се стискавте и се туркавте, обидувајќи се да не ги истурите пијачките. Како капак на сето тоа, иако било напоменато дека нема да има турбофолк, по полноќ секогаш се менуваат приоритетите. Пијани луѓе насекаде околу вас кои „сечат вени“ на срцепарателни стихови, тепачка околу 1 часот, полиција и брутално бркање од локалот. Дома сте во 1.30 часот. Па, ако ништо друго, барем заврши целиот хорор и можете да ја соблечете неудобната облека.rnrnОцена од 1 до 5: 2, затоа што конечно направивте фотографии на кои сте дотерани и изгледате совршено.rn

    Прослава дома со друштво

    rnВи олесна што оваа година нема да морате да славите во кафуле и ќе можете да прославувате во домашна атмосфера со најблиските луѓе. Ем ќе заштедите ем ќе си пуштате каква музика сакате. Сте купиле сѐ што сакате за јадење и пиење, сте облекле нешто удобно и сте ја подготвиле најдобрата музичка плејлиста. Сте очекувале дека цела вечер ќе се забавувате, ќе танцувате и ќе разговарате со вашите најдобри пријатели.rnrnСами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?rnrn21.00: Само што пристигнавте, па решивте да направите селфиња покрај елката додека не се опијаните и не биде предоцна.rn22.00: Сите дремете на каучот и зјапате во телефоните. Немате што да си кажете, бидејќи се слушате по 10 пати дневно.rn23.00: Алкохолот почна да дејствува и малку се раздвиживте. Танцувате, се смеете, се шегувате, вечерта конечно стана забавна.rn00.00: Пукате шампањ, палите прскалки, си честитате… Чекај, каде е Горан?rnrnЗа Горан вечерта завршила малку порано и тој ја прегрнал тоалетната шолја (ако успеал да стигне до неа). Одеднаш сите сте околу него, се обидувате да го отрезните, додека тој ви кажува колку ве сака. Целата забава застанува во место, додека Горан конечно не заспие. Но, потоа сите сте премногу изморени, па решавате и вие да си легнете.rnrnОцена од 1 до 5: 5, ако сте Горан, 3 ако сте морале да се грижите за Горан и да го чистите целиот неред.rn

    Прослава дома со партнерот

    rnКонечно не ја дочекавте Новата година сингл! Имате партнер кого го сакате и среќни сте што оваа година не сте се заморувале околу дочекот, бидејќи барем сте биле сигурни со кого ќе славите. И двајцата сте ги откачиле друштвата и сте решиле да се посветите еден на друг. Сте си ги направиле омилените јадења, сте ги симнале филмовите што на обајцата ви се допаѓаат и сте се подготвиле за удобна и романтична прослава.rnrnСами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?rnrn23 часот. Се обидувате да не заспиете и барем да ја дочекате Новата година. 00.30 часот. Се будите и сфаќате дека сте го пропуштиле одбројувањето. Си честитате и прејадени се враќате на спиење. Утредента се прашувате кога сте се претвориле во еден од оние здодевни парови кои цело време спијат, гледаат филмови и не знаат да се забавуваат.rnrnОцена од 1 до 5: 4, бидејќи барем конечно се наспавте.rn

    Прослава надвор од Македонија

    rnОтсекогаш сте сакале да го направите ова! Новогодишен дочек во Рим, Виена, Будимпешта, Прага… Не може да не си поминете убаво на тие волшебно украсени места. Доста ви беше од едните исти прослави. Оваа година бевте подготвени за нови искуства. Стигнавте и веднаш почнавте да се полните со впечатоци. Не успеавте да најдете конкретно место за прославување, бидејќи или немало место или било премногу скапо. Но, не дозволивте тоа да ве разочара! И покрај сѐ, вие се наоѓате во бајковит европски град и ништо нема да може да ви го уништи поминот.rnrnСами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?rnrnПрославивте на градскиот плоштад со илјадници други луѓе. Смрзнавте и не сакате да си признаете, но едвај чекавте да се вратите во хотелот. Можеби немавте луд и незаборавен дочек, но сепак тоа не ни беше поентата на целото патување. Главната цел ви беше да избегате од дома и да доживеете нешто ново. Сега, може да продолжите со прошетката низ убавините на неверојатниот град!rnrnОцена од 1 до 5: 4, бидејќи иако самиот дочек не беше ништо посебно, го видовте најубавиот огномет и го истраживте прекрасниот град.rn

    Сами дома

    rnИма и луѓе кои одлучиле да ја дочекаат Новата година сами. Обично станува збор за поединци на кои им е смачено од класичните новогодишни прослави, се чувствуваат уморно и сакаат убаво да се одморат. Ако и вие сте дел од нив, сигурно не ве привлекла ниту една понуда, па наместо да правите нешто што не сакате, сте решиле да ги „откачите“ сите и да уживате во сопственото друштво. Доволно сте зрели за да не морате никому да се докажувате. Независни сте и нема ништо депресивно во тоа да се помине дочекот без ничие друштво. Кој вели дека воопшто морате да дочекувате нешто?!rnrnСами дома или со друштво во дискотека: Кој си помина најубаво за Нова година?rnrnСте си ги подготвиле највкусните јадења и омилениот пијалак, сте си симнале филмови или серија и сте си ветиле дека нема да го чепкате телефонот и да разгледувате што се случува на социјалните мрежи. Не ве интересира како слават другите и колку „лудо“ си поминуваат. И онака знаете дека сето тоа е лага. 23.30 часот. Сепак одлучувате да ѕирнете што има на Фејсбук. Вашиот бивш изгледа дека одлично се забавува со новата девојка. Селфиња од вашето друштво. Па, не изгледа толку лошо во кафулето колку што сте мислеле. Станувате депресивни. 00.00 часот. Си честитате со вашите родители преку телефон, затоа што и тие слават некаде со нивните пријатели. Целиот свет слави освен вас. Нема поента да ја почнете Новата година во лошо расположение. Си сипувате уште една чаша вино и продолжувате да си ја гледате серијата додека телефонот непрестајно вибрира од сите пораки што ви стигнуваат.rnrnОцена од 1 до 5: 4, бидејќи барем научивте како вистински да уживате во сопственото друштво.rnrnНе постои идеален дочек на Новата година. Немојте да се чувствувате лошо доколку не одело сѐ по планот и вашите очекувања не биле исполнети. На крајот на краиштата, станува збор за една обична вечер која не би требало да биде многу поразлична од другите ваши вечери во текот на годината. Не дозволувајте вчерашната вечер да ви ја дефинира целата година што следува. Запомнете дека не е важно каде сте биле и што сте правеле доколку сте го одбрале вистинското друштво, без разлика дали тоа биле вашите пријатели, љубовниот партнер, семејството или пак вие самите. Секој новогодишен дочек е различен и посебен на свој начин. Останете позитивни и насмеани! 2018-та нека биде ваша година!

  • „Добар си?“: Едноставно прашање што го спаси човекот без волја за живот

    „Добар си?“: Едноставно прашање што го спаси човекот без волја за живот

    Родендените се депресивни. На тој ден сфаќате колку малку луѓе се грижат за вас. Сфаќате колку малку ве познаваат луѓето кои се грижат за вас. Сите имаат некакви очекувања за вашиот роденден и се однесуваат како да е нивен. Никогаш не го добивате тоа што сте го сакале. Ако решите да не славите, луѓето секогаш се појавуваат ненајавени. Ако кажете дека не сакате подароци, и навистина го мислите тоа, луѓето ви подаруваат нешто многу скапо и сосема погрешно. Ако кажете што сакате, никогаш не го погодуваат вистинскиот подарок.rnrn„Добар си?“: Едноставно прашање што го спаси човекот без волја за животrnrnЗа него роденденот беше само уште една обврска што мораше да ја заврши за да ги исполни туѓите очекувања. Требаше да глуми изненаден поради тоа што најблиските му подготвиле роденденска забава без негово знаење. Требаше да глуми дека му е драго што ги гледа сите тие луѓе на едно исто, иако некои од нив не можеше ни да ги поднесе. Требаше да глуми дека му се допаѓаат подароците што ги добил, иако ниту еден од нив не му е погоден. Требаше да глуми дека таа вечер не би сакал да прави ништо друго освен да биде со своите најблиски.rnrnЗнаеше дека не му мислат ништо лошо. Знаеше дека го сакаат и го ценеше нивниот труд. Но, тоа што го правеа за него не беше она што му треба. Тоа што го правеа го принудуваше да стави маска на задоволен, силен и исполнет човек. Маска на среќен човек. Маска што ќе ја скрие неговата рамнодушност и неспособност да почувствува каква било емоција.rnrnНе можеше да ја извади маската иако очајно сакаше. Се плашеше дека ќе биде погрешно разбран. Се плашеше дека ќе му речат дека драматизира, дека е неблагодарен и дека нема причина да биде несреќен. Се плашеше дека ќе почнат да го споредуваат со некои луѓе кои имаат помалку од него, но сепак се среќни и задоволни. Се плашеше дека ќе звучи патетично.rnrnКако да му кажеш некому дека не ти е гајле за него? Како да кажеш некому дека не можеш да почувствуваш ништо? Сакаш, но не можеш. Наместо тоа, тој реши да носи маска на силен човек кој може да ги издржи сите потешкотии. Човек кого другите го земаат за пример и му се восхитуваат поради храброста, силата и интелигенцијата. Но, веќе беше изморен од тоа. Сето тоа мислење и грижење за туѓите потреби го истошти. За прв пат во својот живот реши да се стави себеси на прво место.rnrnСи замина од забавата без збор. Мораше да се ослободи од судбинските окови. Не сакаше да живее според туѓи правила и очекувања. Животот во кој беше фрлен без да биде прашан не ги исполнуваше неговите суштински потреби. Неговиот сон талкаше некаде во длабочините на мистериозниот универзум. Се измори и не можеше повеќе да се преправа дека не е така.rnrn„Добар си?“: Едноставно прашање што го спаси човекот без волја за животrnrnНеколку часа по полноќ. Немаше жив човек на мостот. Ѕвездената светлина полека згаснуваше во придушениот трепет на небесните памукчиња. Неговиот поглед беше закован за водната шир. Непокорливите бранови го следеа ритамот на неговите очи. Беше смирен, бидејќи имаше донесено цврста одлука во која воопшто не се сомневаше. Реши да стане слободен човек. Реши да се одмори од сето тоа преправање и да му стави крај на животното незадоволство за кое немаше апсолутно никаква причина.rnrn„Што правиш тука во ова време? Да не мислиш да се фрлиш?”, еден рапав глас ја разбранува мртвата тишина.rnrn„Не е твоја работа”, мирно одговори незадоволниот човек.rnrn„Дете, ај не се глупирај и оди си дома.”rnrnЧовекот се сврте во правецот од каде што доаѓаше гласот. Виде стар бездомник со вреќа полна партали. Му упати страшен и сериозен поглед кој велеше „Остави ме, не можеш да ми помогнеш. Никој не може да ми помогне”. Бездомникот никогаш немаше видено помрачни сини очи.rnrn„Добар си?”, праша бездомникот.rnrnНикогаш никој не му го имаше поставено ова прашање толку загрижено и искрено. Секојдневното „Како си?” не можеше да се спореди со ова, бидејќи луѓето му го поставуваа туку-така, без да очекуваат вистински одговор.rnrn„Не сум добар”, му одговори како да чекал со години некој да му го постави ова прашање.rnrnМу раскажа сѐ. Ја симна маската и го покажа своето вистинско лице на безнадежен човек кој изгубил волја за живот. Не мораше да се преправа. Беше целосно искрен. Соголен.rnrnКако што изгреваше сонцето, така тој стануваше слободен човек. Никогаш претходно го немаше дочекано изгрејсонцето. Џиновскиот портокал гордо се издигнуваше на небото. Прв пат гледаше такви бои. Каква убавина!rnrnПонекогаш обичниот разговор може да спаси живот. Едноставните прашања како што е „Како си?” во себе кријат голема длабочина и не треба да се занемаруваат. Редовно поставувајте им го ова прашање на вашите најблиски и немојте да претпоставувате дека се добро, само затоа што гледате насмевка на нивното лице. Депресијата може да се јави во многу видови и не подразбира секогаш плачење и изолација од светот. Постојат луѓе кои успеваат да функционираат нормално иако секое утро се мачат да најдат причина за да станат од кревет.rnrnПонекогаш депресијата се појавува толку подмолно што никој не може да ја забележи додека не стане предоцна. Не дозволувајте да стане предоцна и бидете тука за вашите најблиски. Почнете со тоа што ќе ги прашате дали се добри. Им го поставивте денес тоа прашање?rnrnЗа да добиете повеќе информации на оваа тема, прочитајте ги 7-те работи што ги прават луѓето кои ја маскираат својата депресија.

  • Приказна за кучето што го уби вербата во човечката љубов

    Приказна за кучето што го уби вербата во човечката љубов

    Седев на тротоарот и гледав како минуваат автомобилите. Не ги чувствував капките дожд што паѓаа на мене. Немав сила да се затрчам кон возилата на улицата како што правев некогаш. Немав сила да се затрчам кон првиот човек што ќе ме погледне добродушно и весело да замавнам со опашката надевајќи се дека ќе добијам малку љубов, а можеби и храна. Не бев веќе гневен на луѓето. Лутината ми помина. Сега изгубив волја.rnrnПриказна за кучето што го уби вербата во човечката љубовrnrnГо изгубив мојот најдобар пријател. Луѓето што го сакаа го викаа Марфи, тие што не го сакаа го викаа џукела. Прекрасен црн пес со низок раст и долго влакно. Очите му зрачеа со топлина. Немаше ронка зло во него. Никогаш не беше агресивен ниту кон луѓето ниту кон другите кучиња од соседното маало. Лаеше само по автомобилите, бидејќи го потсетуваа на една немила случка, кога еден од нив го прегази и продолжи понатаму како ништо да не било. Многу ги мразеше автомобилите. И јас лаев по нив заедно со него во знак на поддршка.rnrnМногу ги сакаше луѓето. Иако имаше изедено ќотек од недозреани неранимајковци и имаше „попиено“ камен по глава повеќе од еднаш, лутината не му траеше долго. Брзо забораваше. Не беше злопамтило. И понатаму продолжуваше да им се радува на луѓето кои му дофрлуваа по некој убав збор и верно да ги испраќа до дома небаре ќе го земат со нив и ќе му го подарат светот.rnrnПотајно се надеваше дека еден ден тоа навистина ќе се случи, но никогаш не признаваше. Се надеваше дека ќе има топол дом и дека нема да талка по улиците како обичен скитник. Се надеваше дека ќе има кого весело да пречекува пред врата, да добива редовен топол оброк и најважно од сѐ: љубов. Да, Марфи веруваше во човечката љубов повеќе од сѐ на светов.rnrnЈас, пак, сум сосема друга приказна. Никогаш не сум им верувал на луѓето. Можеби, минатото ми одржало добра лекција, не знам. Од една страна не можев да го разберам Марфи, од друга страна му се восхитував. Тој веруваше.rnrnВербата го чинеше живот. Секогаш му велев да биде внимателен. „Внимавам!“, велеше, „Можам да препознам опасност“. Сакав да му верувам, но не знаев како да му кажам дека е наивен. Не знаев како да му кажам дека луѓето се злобни и опасни. Дека не го ценат и дека не знаат да сакаат. Тие меѓу себе не се сакаат, а не пак едно куче скитник. Немав сила да му ја скршам вербата. Тоа беше единственото нешто за коешто живееше и единственото нешто што го уби.rnrnПриказна за кучето што го уби вербата во човечката љубовrnrnСе вратив по еден час талкање барајќи корка сув леб или што било друго за јадење. Го немаше кај клупичките каде што обично се излежувавме. „Сигурно пак испраќа некој до дома“, си помислив. Си легнав под дебелото дабово дрво и се обидов да се затскријам под лисјата за да се стоплам малку. Ветрот сечеше како нож и безмилосно пробиваше низ мојата зимска покривка. Ја видов здодевната мачка што секогаш нѐ задеваше кога немаше попаметна работа. Беше црна како ѓавол! Се подготвив да ја заплашам со лаење, но ме одбегна како да криеше нешто од мене. Ми олесна. Кој ќе се бркаше со неа цела вечер?!rnrnВечерта полека минуваше, а од Марфи ни трага ни глас. „Да не го вдомил некој?“, загрижено се насмевнав во себе. Се обидов да заспијам, но се грижев повеќе одошто сакам да признам. Пак се појави проклетана мачка! Како некое сениште што не дава мир! Потрчав по неа, а таа ме погледна значајно како да ми дава знак.rnrnЈа бркав како улав иако баш таа вечер не ме ни изгреба. Ја бркав како да ќе добијам сочна коска ако ја фатам. Не знам колку време траеше бркотницата, но во еден миг мачката почна да забавува и се изгуби во толпата луѓе собрани позади највисоката зграда во маалото.rnrn„Немаше спас за него“, „За 2 минути беше готов“, „Ни млекото не му помогна“, слушав измешани гласови. Се плашев да погледнам што се случува одблизу. Се плашев затоа што знаев каква глетка ме чека. Нозете ми се пресекоа. Очите му беа ширум отворени. Од устата му течеше бела пенлива река. 100 пати му имав кажано да не прифаќа храна од непознати!rnrnОтровот не беше тоа што го уби Марфи. Него го уби вербата во човечката добрина и несебичност. Го уби вербата во човечката љубов. Којзнае уште колку Марфиевци ја доживеале истата судбина?! Којзнае уште колку невини животи згаснале поради неразумниот човечки страв?! Којзнае уште колку кучиња останале без својот најдобар пријател?!rnrnНеподвижно седев на тротоарот. Без мојот Марфи. Повторно сам. Снеможен. Го чув звукот на еден забрзан автомобил кој сѐ повеќе се приближуваше кон мене. Собрав сила и се затрчав кон улицата. Бесниот автомобил пристигна. Беше светло жолт. Залајав по него за последен пат. Во чест на Марфи. Марфи ги обожаваше жолтите автомобили.

  • Модерни суперхерои: Кои супермоќи треба да ги поседуваат младите за да преживеат во урбаната џунгла?

    Модерни суперхерои: Кои супермоќи треба да ги поседуваат младите за да преживеат во урбаната џунгла?

    Алармот ѕвони. Уште не се ни разденило целосно. Се надевате дека се работи за некаква грешка и сонливо погледнувате во саатот. Не, нема грешка. Време е за будење! Сте поспале едвај 5 часа и од вас се очекува да го започнете денот одморени, насмеани и полни со елан. Во глава веднаш почнуваат да ви се вртат сите обврски што ги имате за дента и ви се стемнува уште повеќе. По беспомошното ѕверење во таванот, ситуацијата станува критична и мора да станете ако не сакате да задоцните.rnrnМодерни суперхерои: Кои супермоќи треба да ги поседуваат младите за да преживеат во урбаната џунгла?rnrnДоцните. Гужва во сообраќај. Знаевте дека ќе ја фатите. Можеби не требаше да ѕверите во таванот толку долго? Сите се нешто нервозни на работа, а и шефот станал на лева нога. Колешката повторно „заборавила“ да ви пренесе дека имате состанок во 10.00. Работните задачи непрестајно се натрупуваат и сфаќате дека 8 часа нема да ви бидат доволни за да завршите сѐ. Не смеете ни да помислите на кафе пауза иако очајно ви треба!rnrnПовторно останавте прекувремено на работа. Па и гужвата за назад… Требаше директно после работа да одите во сала за вежбање. Добро, ништо страшно, ќе стигнете дома, ќе земете и опрема и повторно ќе излезете. Но, креветот има поинакви планови за вас. Ве стиснал толку силно што нема никакви намери да ве пушти. Не му противречите многу. Здравје, наредна недела ќе си земете опрема со себе на работа.rnrnОтворате очи растревожено. „Која година сме? Леле, задоцнив за на работа! Кај ми е телефонот? Ух, добро е! Попладне е, сум дремнал/а еден саат. Леле, не! Доцнам на часови по германски!“. Уште еден стресен почеток во текот на денот. „Кој ѓавол ме натера да се запишам на германски?“, си мислите. Но, тогаш ви текнува дека без германски нема да можете да напредувате во кариерата, нема да можете да си заминете од државава и со последни сили се измолкнувате од креветот.rnrnAufwiedersehen… Тоа можеби е единствениот германски збор што знаете да го изговорите. Додека да трепнете дошло 20.00 часот. Сега конечно можете да си одите дома и да се опуштите со омилената серија. Или сепак не… „Дај не си фер, од кога не сме се виделе? Една пијачка само! Имам да ти кажам нешто многу важно!“, гласот на вашата пријателка одекнува од телефонската слушалка. Како да одолеете?! Си ветувате сами на себе дека навистина ќе испиете една пијачка и ќе си легнете порано.rn

    3 часа подоцна

    rnМодерни суперхерои: Кои супермоќи треба да ги поседуваат младите за да преживеат во урбаната џунгла?rnrn2 часа по полноќ. Брзо во кревет да отспиете колку-толку! Ух, што било убаво да се испружат нозе после таков ден. Креветот ве прегрнува, вие му ја возвраќате љубовта и подготвени сте да потонете во длабок сон. „Леле, ја заборавив презентацијата за на работа!“. Паника! Се нервирате. Лути сте сами на себе за тоа што повторно сте заглавиле. Ви се плаче. По полчасовната агонија, се прибирате и решавате дека ќе поспиете 2 часа и ќе станете порано пред работа за да ја сработите презентацијата. Ви успеа планот?rnrnВака отприлика изгледа денот на речиси секој вработен млад човек во денешно време. Урбаното општество ни наметнува толку брзо темпо на живот што речиси е невозможно да се следи, а да се задржи здравиот разум. Од еден успешен, амбициозен млад човек се очекува да работи 8 часа дневно, да води здрав живот, да вежба, да се надградува себеси, да учи нови работи, да спие 8 часа и истовремено да има широк круг на пријатели со кои редовно ќе одржува контакт. Но, денот има само 24 часа. Велат дека добрата организација на времето е клучот за успехот. Меѓутоа, полесно е тоа да се каже отколку да се направи.rnrnНеспособноста да се исполнат сите животни очекувања може да доведе до голема фрустрација. И тоа е нормално, бидејќи од младите се очекува да бидат суперхерои за да опстанат! Но, на сите суперхерои им требаат и супермоќи! Па, кои супермоќи треба да ги поседува еден млад човек за да преживее во урбаната џунгла?rnrnМодерни суперхерои: Кои супермоќи треба да ги поседуваат младите за да преживеат во урбаната џунгла?rn

    Телепортација

    rnОва можеби е најважната супермоќ што еден млад човек треба да ја поседува! Замислете си колку би било убаво да станувате еден час подоцна за на работа или подолго да уживате во утринското кафе, знаејќи дека можете да стигнете таму за секунда! Ќе ги одбегнувате гужвите, ќе се поштедите од нервозите, ќе имате време за себе и повеќе нема да имате изговори зошто не сте отишле во салата за вежбање!rn

    Читање мисли

    rnЛуѓето денес се многу лицемерни. Малкумина го кажуваат она што го мислат. Никогаш не можете да знаете што навистина мисли некој за вас. Колешката што секој ден ве дочекува со кафе на работа можеби ви кова планови за саботажа во слободно време. Многу би било корисно кога би можеле да прочитате нечии мисли и да дознаете кои ви се вистинските пријатели. Тоа би ви заштедило многу време и енергија!rn

    Брзо полнење на батериите

    rnКога сме веќе кај енергијата, супер би било кога би ви биле доволни само неколку часа спиење за да се чувствувате одморени и наспани. Кој може да одвои цели 8 часа од животот за спиење? Знаете ли што сѐ можете да пропуштите за време на тие 8 часа? Најверојатно ништо посебно, но вашата потреба да бидете вклучени во сѐ ве тера да мислите така.rn

    Ширење позитивна енергија

    rnСтигнувате на работа и веднаш ве пречекуваат намуртените лица на колегите. Колку и да сте биле насмеани, нивниот мрак паѓа и на вашето ведро расположение. Се прашувате зошто моќта на позитивните вибрации не е поголема од моќта на негативните. Колку би било убаво кога би можеле магично да го промените тоа!rn

    Брзо учење и извонредна меморија

    rnВи требаат неколку години за да го усовршите германскиот јазик. Кој има толку време и волја?! Зар не би било подобро кога би можеле да научите сѐ што треба да знаете за неколку месеци? Замислете си колку многу вештини би можеле да усовршите кога не би ви требало толку време за учење и помнење! Сакате да научите салса? За неполни 3 месеци вие станувате професионални танчари! Отсекогаш сте сонувале да свирите гитара? Вашиот сон станува реалност и за 1 месец станувате идниот Џими Хендрикс! Животот би ни бил многу полесен и повозбудлив кога би ја имале оваа супермоќ!rnrnМодерни суперхерои: Кои супермоќи треба да ги поседуваат младите за да преживеат во урбаната џунгла?rnrnДали се согласувате дека младите луѓе треба да ги поседуваат овие супермоќи за да опстанат во денешното општество и да бидат успешни? Дали вашата ситуација ви делува безнадежно? Не очајувајте! Добрите вести се тоа што во секој од нас се крие по еден суперхерој! Исто како што сите суперхерои поседуваат различни супермоќи, така и ние поседуваме различни таленти и вештини. Некои од нас одлично знаат да управуваат со своето време и никогаш не доцнат. Некои луѓе не дозволуваат да им влијае туѓото расположение и постојано се насмеани и покрај негативната атмосфера што владее околу нив. Некои, пак, навистина многу брзо учат и никогаш не ги забораваат важните информации.rnrnСите ние сме различни и сите се справуваме на различен начин со животните предизвици. Сите сме посебни и сите сме суперхерои во некои животни области. Не можеме да бидеме совршени и не можеме да исполниме сечии очекувања, но тоа е сосема во ред! Во тоа лежи убавината на секој од нас. Понекогаш не можете да влијаете на работите што ви се случуваат, но можете да направите едно нешто. Можете да не се нервирате. Доцните на работа? Не се нервирајте, ќе стигнете. Учењето странски јазик ви оди тешко? Не се нервирајте, ќе научите. Се лутите сами на себе што не сте си легнале порано? Не се нервирајте, и тоа се случува.rnrnОпуштете се и уживајте! Притисокот што го наметнува брзото темпо на живеење ќе биде огромен ако постојано се нервирате. Најважно е да бидете присутни во моментот и да уживате во секоја секунда од животот. Тоа е единствената супермоќ што ви треба!

  • Дали универзитетската диплома ги подготвува младите за реалниот свет?

    Дали универзитетската диплома ги подготвува младите за реалниот свет?

    Уште од самото раѓање, животот на повеќето луѓе е предодреден на некој начин, барем во однос на образованието. Децата прво почнуваат да одат во градинка, па во основно и средно училиште. По завршувањето на средното училиште, матурантите имаат можност да одберат дали ќе го продолжат образованието. Иако станува збор за личен избор, современото општество наметнува одредени критериуми со кои го мери успехот на поединецот. Еден од тие стандарди е завршувањето факултет.rnrnДали универзитетската диплома ги подготвува младите за реалниот свет?rnrnЛистот хартија, наречен универзитетска диплома, служи како доказ дека поединецот ги поседува потребните вештини и знаења за да најде работа и да даде општествен придонес. Меѓутоа, реалноста е многу поразлична од ова оптимистичко верување. Токму затоа, некои луѓе сметаат дека универзитетската диплома не ги подготвува студентите за реалниот свет. Тие не се согласуваат дека дипломите се гаранција за знаењето и способностите на студентите и веруваат дека постојат многу други поважни вештини што човек треба да ги поседува за да напредува во животот.rnrnНеспорно е тоа дека универзитетските дипломи се од големо значење за понатамошниот развој на студентите. Следниот логичен чекор по дипломирањето е да се најде работа, а дипломата се смета за отскочна штица кон успехот и идниот професионален напредок. Генерално гледано, ова е вистина, бидејќи речиси сите работодавци бараат кандидати со завршен факултет. Многу е тешко да се најде добра работа без овој документ. Работодавците тоа го сметаат за доказ дека поранешниот студент е доволно вешт и способен за да може да се снајде на работното место за кое аплицирал.rnrnОсвен тоа, универзитетската диплома нуди многу други можности покрај вработувањето. Таа ја отвора вратата кон светот преку тоа што им овозможува студентите да го продолжат образованието во странство и да започнат нов живот. Повеќето универзитети ширум светот со задоволство ги примаат студентите со одличен просек без оглед на земјата од каде што доаѓаат. Тоа значи дека би можеле да продолжите со магистерски студии надвор од Македонија, а ова е одлука што несомнено би ви го променила животот.rnrnДали универзитетската диплома ги подготвува младите за реалниот свет?rnrnПокрај тоа, универзитетската диплома им помага на луѓето да остават подобар впечаток. Кога ќе чуете дека некој има завршено факултет, веднаш добивате повисоко мислење за човекот, го почитувате и го сметате за успешен. Поединците со завршен факултет се сметаат за интелигентни, вешти и способни луѓе кои можат да ја подобрат околината во која живеат и да направат позитивна промена во општеството.rnrnСето ова звучи одлично во теорија, но, за жал, реалноста е малку поинаква. Дали познавате луѓе со завршен факултет кои не можат да најдат работа по струка? Колкумина од нив се незадоволни од животот и не можат да го постигнат посакуваниот успех? Во вистинскиот живот, универзитетската диплома не гарантира дека еден човек е подготвен за професионален развој во областа за којашто завршил факултет. Главниот проблем лежи во образовниот систем. Поголемиот дел од факултетите во Македонија ја нагласуваат потребата од теоретско знаење, а ја занемаруваат практичната работа. Студентите мораат да учат обемен материјал за да ги положат испитите и како последица на тоа, обрнуваат многу мало внимание на праксата. На крајот, студентите ги помнат работите што не се толку важни, а ги забораваат тие што се од големо значење. Да не го заборавиме и фактот што некои студенти добиваат диплома без да вложат многу труд. Со други зборови, тие не ја заслужуваат дипломата, но успеваат да дипломираат благодарение на некои надворешни фактори, како што се „врските“ и корумпираните професори.rnrnТочно е тоа дека универзитетите даваат знаење, но што е со другите вештини што им се потребни на луѓето за да преживеат во реалниот свет? За време на студиите, студентите се заштитени од вистинските животни проблеми со кои сѐ уште немале прилика да се соочат. Меѓутоа, по дипломирањето, тие се принудени да се справат со многу сериозни работи, како што се наоѓањето работа, пристојната заработка и соочувањето со суровата реалност. Вистина е дека тие се здобиваат со потребното теоретско знаење за нивната професија. Но, за жал, тие не дознаваат како да се справат со авторитети, како да изградат цврсти и стабилни врски со нивните колеги и како да бидат добри лидери. Сите овие вештини се многу значајни и секој успешен поединец би требало да ги поседува.rnrnДали универзитетската диплома ги подготвува младите за реалниот свет?rnrnРазочарувањата на студентите по дипломирањето се огромни, бидејќи реалноста не се поклопува со нивните очекувања. Некои од нив стануваат свесни дека професијата што ја одбрале е многу поразлична од она што го учеле на факултет и сфаќаат дека повеќе не сакаат да градат кариера во таа област. Како резултат на тоа, тие почнуваат да се чувствуваат збунето, изгубено и безнадежно. Не можат да се пронајдат себеси и тонат заглавени во носталгијата за безгрижното минато.rnrnИако универзитетската диплома навистина им нуди многу можности на младите, сепак не ги подготвува да се соочат со проблемите што ги наметнува вистинскиот свет. Постојат многу други вештини што треба да се стекнат, покрај теоретското знаење, за да може човек да се прилагоди во општеството и да успее. Универзитетските дипломи се преценети и не треба да се сметаат за единствен доказ за нечии способности. Не постои сомнеж дека тие значително го олеснуваат професионалниот и личниот развој, меѓутоа не треба да се земаат здраво за готово.rnrnЛуѓето треба да станат свесни дека самата диплома не е доволна за да се напредува и да се остварат животните цели. Но, тоа не значи дека не мора да дипломирате за да си ги исполните соништата. Образованието е многу важно и не треба да се занемари, меѓутоа дипломата не смее да биде вашата конечна дестинација. Учењето не завршува откако ќе дипломирате. И понатаму мора да го збогатувате вашето знаење и да ги усовршувате вашите вештини што можеби немаат никаква врска со вашиот факултет, но затоа се од големо значење за вашиот иден напредок. Колку и да ви звучи клише, не заборавајте дека човек учи додека е жив!

  • Дали е глупаво да се жртвува сопствената среќа во име на љубовта?

    Дали е глупаво да се жртвува сопствената среќа во име на љубовта?

    Во врска сте веќе некое време и забележувате дека постојано морате да правите некакви жртви за да ја зачувате љубовта помеѓу вас и партнерот или партнерката. Сте се откажале од цигари бидејќи ним им пречеле, сте престанале да одржувате контакт со бившите, не останувате излезени до раните утрински часови бидејќи тие ве замолиле, сте станале вегетаријанци поради нивната љубов кон животните и слично.rnrnДали е глупаво да се жртвува сопствената среќа во име на љубовта?rnrnСте сфатиле дека за да ви успее врската, вашите животи мора да се претопат и да станат едно. Но, кога реалноста на партнерите почнува да ве впива толку многу што полека го губите вашиот личен идентитет?rnrnСе вели дека мора да правите одредени жртви доколку сакате да опстои вашата љубов и да имате успешна врска со партнерот. Но, што се подразбира под поимот „жртва“? Генералната дефиниција би била „безусловно откажување од нешто што ве прави среќни во името на среќата на другиот“. „Безусловно“ значи дека несебично би се жртвувале без да го барате истото за возврат.rnrnНо, што се случува кога иако се трудите да се жртвувате безусловно, вашиот партнер никогаш не е подготвен да го стори истото за вас? Вие сте се откажале од цигарите, но тој или таа одбиваат да се откажат од алкохолот и покрај тоа што знаат дека тој го буди најлошото во нив и е главниот причинител на вашите расправии. Вие сте го прекинале контактот со вашите бивши иако вашиот однос бил строго пријателски,  додека вашите партнери постојано се допишуваат и гледаат со личности од спротивниот пол и одбиваат да ви дадат објаснување за тоа од каде се познаваат со нив. Сте се согласиле да се преселите во друга држава и притоа зад себе да оставите одлична кариера и пријатели за да почнете од нула и вашите партнери да ги следат своите соништа, но кога дошло време тие да го сторат истото за вас, не сакале ни да чујат.rnrnКолку и да се обидувате да не барате ништо за возврат, доколку жртвувањето е еднострано, порано или подоцна ќе почнете да им замерувате на вашите сакани поради жртвите што сте ги направиле за нив. Тоа ќе доведе до презир, а презирот е најголемиот убиец на најсилните љубови. Со текот на времето, тивко и незабележливо, вашата љубов ќе згаснува и ќе сфатите дека не сте среќни во врската. Доколку не се реши проблемот, а најчесто не се решава, доаѓа до уште едно раскинување.rnrnПа, зошто се случува сето ова ако правите сѐ како што треба и безусловно се жртвувате во име на љубовта? Проблемот е во самото користење на зборот „жртва“. Колку и да ви звучи херојски, немојте да го романтизирате овој поим. Зборот „жртва“ нема позитивно значење, напротив. Жртвите се повредени луѓе кои неправедно изгубиле нешто. Во овој случај тоа сте вие, повредени жртви кои ја изгубиле својата среќа.rnrnДали е глупаво да се жртвува сопствената среќа во име на љубовта?rnrnНаместо зборот „жртва“ обидете се да го користите и практикувате зборот „компромис“. Наместо да се жртвувате, правете компромиси. И вие и вашиот партнер. Што значи тоа? Тоа значи дека никогаш нема да морате да се откажете од вашата среќа за да ги направите среќни вашите сакани, бидејќи љубовта не функционира на таков начин. За да бидете добри партнери, мора прво да бидете задоволни од себе и вашиот живот, а тоа не ќе може да се случи доколку постојано се жртвувате.rnrnАко навистина не сакате да се откажете од цигарите, договорете се со партнерите дека нема да пушите дома и дека ќе ги сведете цигарите на минимум кога сте заедно. За возврат, тие нека прифатат да испијат 2 чашки алкохол наместо 5 кога ќе излезете заедно навечер. Доколку тие сакаат да се преселите во странство и бараат од вас да се откажете од вашата кариера, пријатели и семејство, обидете се да најдете држава што на обајцата ви се допаѓа и каде што и двајцата ќе имате подеднакви шанси за успех.rnrnЗа сѐ е возможно да се најде компромис, само што тоа понекогаш бара повеќе труд од жртвувањето. Кога се жртвувате, вие само ги прифаќате барањата на партнерот и безрезервно се согласувате со нив. Не разговарате и не ги искажувате вашите чувства и мислења. На тој начин, ги одбегнувате конфликтите и многу полесно доаѓате до решение, но тоа е сосема погрешно.rnrnОд друга страна, пак, за да направите компромис потребна е отворена комуникација и директно соочување со проблемот. Тоа понекогаш значи дека ќе мора да разговарате со часови, што може да доведе до караница, па дури и раскинување во случај да не успеете да пронајдете заеднички јазик.rnrnОва можеби ви звучи страшно, но вреди да го преземете ризикот. Доколку вашата врска е стабилна и помеѓу вас постои љубов, разбирање, почит и искреност, нема да погрешите и нема да се изгубите во преводот. Да, глупаво е да ја жртвувате сопствената среќа во име на љубовта. Но, не е глупаво да пронајдете компромис што обајцата ќе ве направи среќни и исполнети. Не заборавајте дека смислата на љубовта не е да го правите партнерот среќен по секоја цена, туку да пронајдете заедничка среќа која ќе ви помогне да станете едно без притоа да се изгубите себеси.

  • Неправдите во светот се должат на смелоста на глупавите и несигурноста на паметните луѓе

    Неправдите во светот се должат на смелоста на глупавите и несигурноста на паметните луѓе

    „Тивките луѓе имаат најгласни умови.“ – Стивен Хокинг

    rnНеоткриените таленти и генијалци се насекаде околу нас. Дали имате пријателка со ангелски глас која одлично пее, но никогаш не се осмелила да го покаже својот талент во јавност? Од друга страна, постојано гледате како „пејачи“ без ронка музикалност снимаат видео спотови и храбро настапуваат пред илјадници луѓе. Дали познавате дечко кој сите мисли знае да ги преточи во зборови и пишува извонредна поезија што никој ја нема прочитано? А сепак, секојдневно гледате како неписмени луѓе објавуваат по неколку книги годишно. Нивната поезија се состои од „Ако не е само твоја, брат, не е твоја“ и тоа го читаат илјадници луѓе, па дури и му се восхитуваат, а ливчињата на вашиот пријател кои се полеани со вистинска емоција стојат затрупани во некоја фиока.rnrnНеправдите во светот се должат на смелоста на глупавите и несигурноста на паметните луѓеrnrnОвие примери не завршуваат тука. Луѓе кои газеле преку лешови за да добијат улога во театар стануваат познати глумци, „режисери“ без идеја, но со многу кеш, режираат претстави и филмови, поединци кои крадат туѓи визии, но имаат „врски“ основаат свои бизниси, лажливци кои ги интересира само материјалното богатство стануваат лидери и владетели на држави, додека индивидуите кои навистина се грижат за општото добро никогаш не се осмелуваат гласно да ги кажат своите мислења и решенија.rnrnПостојано гледаме како погрешни луѓе зафаќаат важни места во светот и донесуваат одлуки што влијаат на целото човештвото. Тоа нѐ тера да си помислиме дека нема правда на светов и дека понекогаш луѓето не го добиваат тоа што го заслужуваат. Па, на што се должи сето тоа? Зошто глупавите луѓе успеваат во животот, а голем дел од талентите и генијалците остануваат неоткриени?rnrnМожеби ќе помислите дека многу од паметните луѓе се мрзеливи и немаат волја да ги следат своите соништа, додека тие што не се толку интелигентни, сонуваат на големо и работат напорно. Во некои случаи тоа е точно, бидејќи сепак интелектот нема да може да го исполни својот потенцијал доколку не се негува и развива преку вложениот труд и работата. Но, понекогаш станува збор за нешто сосема друго.rnrnШто мислите, која е разликата помеѓу паметните и глупавите луѓе? Под „глупави“ не се мисли на луѓе со понизок коефициент на интелигенција, туку на поединци кои се површни, лицемерни, полни со предрасуди и кои негуваат погрешни морални вредности. Тоа се луѓето кои секогаш го одбираат полесниот пат и се обидуваат да ги искористат другите за да ги постигнат своите цели. И покрај недостатокот на талент, писменост и интелект тие успеваат да фасцинираат голема толпа на луѓе. Паметните луѓе, од друга страна, пак, се слободоумни, добродушни и талентирани, но сепак им недостига клучната особина од која зависи нивниот успех.rnrnНеправдите во светот се должат на смелоста на глупавите и несигурноста на паметните луѓеrnrnГлавната разлика помеѓу овие два типа луѓе лежи во начинот на размислување. „Глупавите“ луѓе не размислуваат премногу за последиците од нивните постапки. Тие знаат која е нивната цел и се обидуваат да го најдат најлесниот можен начин за да ја постигнат. Нивниот начин на размислување е едноставен и лишен од претерани грижи. Тие не се плашат од неуспех и не се грижат многу за реакциите на другите луѓе. Подготвени се да преземаат ризици и големи чекори, без оглед на цената што ќе треба да ја платат. Кога ќе им дојде некаква идеја, не остануваат заглавени во своите мисли, туку веднаш дејствуваат. Не ја обмислуваат доволно добро, па затоа резултатите се површни. Нешто ќе им успее, нешто не, но тоа не им ја намалува самодовербата. Тие никогаш не се сомневаат во своите способности, па оттаму произлегува и нивната храброст.rn

    „Вистинскиот проблем не е во тоа што многу скромни, благородни и надежни луѓе страдаат, туку во тоа што некои воопшто не страдаат.“ – К. С. Луис

    rnТаквиот начин на живот им носи успех, бидејќи повеќето луѓе сакаат едноставни работи за кои нема потреба да го вклучуваат мозокот. Тоа им го одвлекува вниманието од сериозните проблеми што ги имаат и го одложува нивното решавање. Токму затоа, многумина читаат бестселери наместо класици, гледаат комедии со лош хумор наместо трагедии, слушаат турбофолк наместо џез и се восхитуваат на едноставни мислења и реченици, бидејќи тие не им го заморуваат умот, туку им служат како бегство од реалноста. Покомплицираните идеи бараат од нив да анализираат, прашуваат и да се соочат со своите демони и стравови.rnrnПаметните луѓе имаат сосема поинаков начин на размислување. Кога тие ќе добијат некаква идеја, не избрзуваат со нејзината реализација, бидејќи секогаш мислат на последиците. Тие ја разгледуваат ситуацијата од секој можен агол и се обидуваат да го најдат најдоброто решение, а не првото што ќе им дојде на памет. Откако ќе дознаат како да ја остварат својата замисла, дури тогаш започнуваат вистинските проблеми. Тие се грижат за тоа како ќе реагираат луѓето, дали ќе сметаат дека идејата е добра, дали нејзината реализација ќе биде успешна и дали ќе ги постигнат посакуваните резултати. Овој процес трае со денови, месеци, па дури и години. Паметните луѓе никогаш нема да се осмелат да ги претстават своите визии во јавност, доколку имаат макар и ронка сомнеж за нив. Токму затоа, тие многу ретко ја собираат потребната храброст за да преземат големи ризици.rnrnНивниот најголем страв е неуспехот. Многу тешко ги прифаќаат поразите кои ги обесхрабруваат и ја намалуваат нивната самодоверба. Тие се толку многу свесни за своите недостатоци што наместо да ги прифатат и да научат нешто од нив, им дозволуваат да ги попречат во остварувањето на нивните соништа. Извонредните писатели не се осмелуваат да објават ниту статус на Фејсбук, а не па книга, бидејќи се плашат од реакциите што ќе ги предизвикаат. Талентираните музичари пејат и свират само во парк пред друштво, бидејќи секогаш мислат дека нивните дела не се доволно добри и дека можат да станат уште подобри.rnrnНеправдите во светот се должат на смелоста на глупавите и несигурноста на паметните луѓеrnrnТоа е главниот проблем кај паметните луѓе. Тие не се задоволуваат со површни и просечни работи. Кај нив важи правилото „Сѐ или ништо“. Тие веруваат дека секогаш можат подобро и нема да се осмелат да преземат што било, додека не се уверат дека нивното дело е најдобро. Но, она што мора да го сфатат сите таленти и генијалци на светот е дека не постојат совршени идеи, замисли и визии, а уште помалку совршени реализации. Нема ништо лошо во тоа да се биде претпазлив, меѓутоа за да се сонува на големо, мора и да се ризикува на големо.rnrnПаметните луѓе треба да ги сфаќаат неуспесите како можности за учење и напредок, а не како крај на светот. Во ред е да пробаат дури и да не се сигурни во генијалноста на својата идеја. Не мора сите дела да бидат ремек-дела. Сѐ додека не станат свесни за грешката што ја прават, ќе продолжат и понатаму да живеат во туѓа сенка, уверени дека не постои правда на овој свет. Погрешни луѓе и понатаму ќе заземаат значајни позиции и ќе владеат со човештвото, а големите маси нема да знаат да препознаат квалитет, бидејќи никогаш немале можност да сретнат такво нешто.rnrnПаметните луѓе мора да соберат храброст и да излезат од својата глувчешка дупка. Човештвото не смее да биде лишено од нивната генијалност само поради нивната несигурност во себе. Тоа си го должат не само себеси, туку и на целиот свет. Секоја чест за интелигентните индивидуи кои покрај тоа што се талентирани, истовремено се и многу храбри. Сигурно ја стекнале потребната храброст по потешкиот пат, но најважно е тоа што стигнале таму каде што треба да бидат. Иако тие се многу ретки, треба да ни послужат како пример и инспирација за да се осмелиме и да ги оствариме и нашите соништа. Не плашете се од вашата генијалност – дозволете ѝ да процвета!

  • Забава до бесвест: Дали во Македонија има квалитетен ноќен живот?

    Забава до бесвест: Дали во Македонија има квалитетен ноќен живот?

    Петок вечер. Со нетрпение сте го чекале викендот за да се опуштите и да излезете со друштвото. Возбудени сте поради вечерното излегување, сѐ додека не сфатите дека не знаете каде би оделе. Ниту едно место не ве привлекува, а не ви се трошат пари на глупости. Не сакате да поминете уште една вечер исполнета со лоша музика, „мртва“ атмосфера и „тапа“ луѓе, па на крајот решавате да си останете дома. Колку пати ви се случило ова досега?rnrnЗабава до бесвест: Дали во Македонија има квалитетен ноќен живот?rnrnЧестопати се вели дека не постои ноќен живот во Македонија. Дали е тоа вистина? Дали државата навистина нема што да им понуди на младите или пак тие се многу пребирливи и не знаат да се забавуваат?rnrnМислењата на оваа тема се поделени. Некои се задоволни од ноќниот живот, други, пак, непрестајно го критикуваат, а тоа во голема мера зависи и од местото на живеење. Пред да почнеме да зборуваме за главниот град, да ја разгледаме ситуацијата во помалите места.rnrnФакт е дека во другите градови нема толку избор на места за излегување како во Скопје. Обично во секој град има по неколку кафулиња и 1 до 2 дискотеки. Забавите што ги нудат се журки на локални диџеи, свирки на бендови и неизбежниот турбофолк кој најчесто преовладува. Музиката се сведува на електронска, рок, хип хоп и турбофолк. Ретки се исклучоците каде што може да се чуе џез или блуз. За време на учебната година, најголемиот дел од студентите се селат во Скопје, така што ноќниот живот во другите градови замира и прашање е дали воопшто постои.rnrnВо Скопје работите се малку поинакви. Има многу локали кои нудат секаков тип музика. Во секој ден од неделата се случуваат различни настани. Хип хоп во вторник, караоке во среда, латино во четврток, хитови за време на викенд. Има барови и пабови каде што се слуша рок, џез и блуз музика, дискотеки само со електронска музика, па дури и места што се наменети само за љубителите на турбофолк музиката. Освен тоа, речиси секоја недела доаѓаат музички изведувачи од странство и се одржуваат голем број фестивали. Мора да признаеме дека во Скопје има разновидност кога станува збор за места за излегување. Па, тогаш каде лежи проблемот? Зошто младите се незадоволни од ноќниот живот?rnrnНајголемиот проблем не е во застапеноста на разните видови музика или во недостигот од места и настани. Проблемот лежи во менаџирањето на локалите и монотонијата што завладува со нив. Секој ден од неделата се случуваат едните исти работи. Во ред е секој петок да има ист тип музика во иста дискотека, па дури и да настапува истиот диџеј, ама станува малку здодевно кога ќе го научите редоследот на песните што ги пушта. Истото важи и за бендовите кои никогаш не го менуваат репертоарот на песните. Нема ништо лошо во тоа да има резидентни диџеи и бендови, но музичките изведувачи мора да станат малку поинвентивни, одвреме-навреме да го менуваат начинот на работа и да напредуваат, а не да тапкаат во место.rnrnЗабава до бесвест: Дали во Македонија има квалитетен ноќен живот?rnrnОсвен тоа, многу луѓе се откажале од одењето во одреден клуб, поради тоа што биле разочарани од услугата. Обезбедувањето не ги пуштало на врата, се однесувало лошо со нив, ги дискриминирало поради облеката, а има и случаи кога дошло до физичка пресметка. Откако конечно ќе успееле да влезат во клубот, нивната резервација магично исчезнала, а тоа било проследено со неуспешна нарачка за пијалаци, бидејќи има премалку келнери, па предолго се чека, а пробивањето низ гужвата до шанкот делува како невозможна мисија. Сето ова е знак за неквалитетна услуга и лош менаџмент. Менаџерите треба да сфатат дека не е важно само да донесат познат диџеј и да им пишат на сите пријатели од Фејсбук дека „во петок ги чека луда забава“ со цел да го наполнат локалот со луѓе. Треба да се обрне поголемо внимание на персоналот што работи таму, на хигиената и сите останати услови од кои зависи дали посетата на местата ќе биде пријатна или не.rnrnПостои уште еден голем проблем кој исто така придонесува за „лошиот“ ноќен живот во Македонија, а тоа се самите луѓе. Мнозинството од нашите млади не знаат да се забавуваат, поради тоа што излегуваат само за да бидат видени. Се дотеруваат како да одат на бал и тука не би имало ништо лошо кога би го правеле тоа за себе, а не за другите. Стојат на коњопоите, си ја пијуцкаат пијачката, цупкаат во место, а кога не зјапаат во телефоните, прават селфиња или снимаат „live“ видеа за нивните следбеници да видат колку многу се забавуваат. Никој ниту разговара со некого, ниту танцува. Најважно е да кажат дека излегле, дека успеале да влезат во најпознатиот клуб пред сите останати и дека ги виделе тие што требале да ги видат. Не излегуваат за да си поминат убаво и да се дружат со пријателите. Нивните причини за излегувањето се површни и наместо да им донесе задоволство, им носи фрустрација и разочарување од ноќниот живот.rnrnМожеби ноќниот живот во Македонија не е идеален, но сепак најголемиот проблем лежи во нас самите. Разликата помеѓу нашите и странските клубови не е во просторот, разновидноста и музиката, туку во начинот на кој луѓето се забавуваат. Ако некогаш сте имале прилика да излезете во друга држава, сигурно сте забележале дека сите танцуваат, се дружат и никој не се грижи за изгледот и облеката што ја носи. Нивната главна цел е забавата! Атмосферата најмногу зависи од луѓето и нивното расположение. Кога главната цел на нашите излегувања ќе биде забавата, тогаш можеби и ние ќе станеме позадоволни од ноќниот живот во Македонија.

  • Тажно е тоа што сѐ уште постојат девојки кои се очајни за машкото внимание

    Тажно е тоа што сѐ уште постојат девојки кои се очајни за машкото внимание

    Во денешно време постојано се зборува за женската моќ, независност и рамноправност. Жените се посилни од кога било и секојдневно се обидуваат да докажат дека можат да опстанат без машкиот род, дека не мора да се омажат и да раѓаат деца доколку не сакаат и дека можат да имаат огромно влијание во деловниот свет каде што порано владееле мажите. Машкиот свет полека станува женски и половите улоги почнуваат да се менуваат.rnrnТажно е тоа што сѐ уште постојат девојки кои се очајни за машкото вниманитеrnrnИ покрај сите овие револуционерни промени, сѐ уште постојат девојки кои се очајни за машкото внимание. Тука не се мисли на оние коишто силно посакуваат да си „фатат“ дечко или да се омажат, туку на оние коишто се подготвени да направат буквално сѐ, само за да привлечат машки погледи и додворувачи.rnrnТажно е кога ќе се види убава, згодна и млада девојка како се качува по столови и маси, кревајќи го здолништето и седнувајќи во скутот на секој што ќе се најде во близина на нејзиното сепаре. Сте ги забележале овие девојки во дискотека? Тоа се тие што имаат премногу испиено, прават осмици додека одат, но решени се да уловат некого со помош на нивните атрибути кои ги нудат на тацна исто како што бабичките нудат слатко кога ќе им дојдат гости. Па, што си помислувате кога ќе ги видите? Сигурно си мислите дека се лесни, промискуитетни и дека никогаш нема да си најдат нормален дечко. Вистината е дека иако не ја знаете нивната целосна приказна, тие се мета на вашите озборувања и чудења.rnrnТажно е кога ќе се видат прекрасни млади девојки во придружба на „мрсни“ чичковци, само затоа што им ветиле шише скап алкохол на коњопој и превоз во луксузни автомобили. Тажно е тоа што овие девојки ја одредуваат својата вредност според сумата на пари што мажите се подготвени да ја потрошат за нив. Не се свесни дека и самите би можеле да заработуваат исто толку колку и нив. Не веруваат во себе и своите интелектуални способности, па затоа целосно се посветуваат на негата за физичкиот изглед. Уште на млади години почнуваат да се развиваат во погрешна насока, паѓајќи во бездната на погрешни морални вредности, заслепени од блесокот на минливите материјални богатства.rnrnТажно е тоа што сѐ уште постојат девојки кои се очајни за машкото вниманитеrnrnТажно е кога ќе се видат паметни девојки без ронка критериуми. Тоа се оние заводливи предаторки кои неуморно го ловат сето она што ќе им застане на патот. Тие самите се обезвреднуваат на тој начин што се подготвени да флертуваат дури и со дечкото на нивната најдобра пријателка само за да си докажат себеси дека можат. Овие девојки се постојано жедни за машкото внимание од кое никогаш не им е доста. Сета нивна вредност зависи од мажите: Дали ќе ги забележат и дали ќе посакаат да бидат со нив? Вечер помината без додворувачи е залудно потрошена вечер. Тие никогаш не се дотеруваат за себе, не знаат да се забавуваат и да уживаат сами, туку сета нивна среќа и задоволство зависат од погледот и зборот на еден маж.rnrnТажно е кога ќе се видат способни девојки како се разголуваат на социјалните мрежи само за да добијат по некој лајк повеќе. Напрчени усни, гради на мегдан и истакнат задник – тоа е тајната формула за добивање лајкови. Мажи како мажи, „паѓаат“ на ваквите провокации и ги опсипуваат разголените девојки со пораки во инбокс кои служат за пумпање на женското его. Колку повеќе лајкови – толку поголема насмевка на лицето, бидејќи социјалните мрежи станаа главна алатка за одредување на сопствената вредност. Расположението на овие девојки строго зависи од бројот на лајкови на фотографиите. Дефицитот на лајкови ги доведува до длабока фрустрација и разочарување, бидејќи тоа е знак дека потфрлиле во машкиот свет. Тие се толку преокупирани со впечатокот што го оставаат на Фејсбук и Инстаграм што забораваат да ги развиваат вистинските животни вредности.rnrnТажно е кога ќе се видат силни и интелигентни девојки, заробени во канџите на насилни мажи кои не ги заслужуваат. Овие девојки, иако вредат многу, секојдневно се изложени на навреди, малтретирања и непочитување. Партнерите се однесуваат со нив како да се нивна сопственост и глуви се за нивните потреби и желби. Овие девојки постепено го губат својот идентитет и се претопуваат во светот на нивниот партнер. Стануваат дел од неговиот инвентар, украс што служи само за покажување и предизвикување восхит кај останатите. Тие стануваат обични предмети чија вредност се сведува на машкото одобрување и прифаќање.rnrn(3) Тажно е тоа што сѐ уште постојат девојки кои се очајни за машкото вниманитеrnrnТажно е тоа што овие девојки не се свесни за сопствената сила. Не знаат дека се доволно моќни за да се ослободат од овој емоционален затвор и дека не треба да се плашат од осаменоста. Тие можат да опстојат без својот партнер и сингл животот не е толку лош колку што делува. Но, за жал, тие многу ретко решаваат да ги остават старите навики зад себе и да свртат нов лист каде што ќе можат да ја пишуваат својата нова животна приказна. Приказна во која нема да играат споредна улога на нечија марионета, туку ќе бидат непобедливи хероини кои ја поседуваат сета моќ на планетава.rnrnИ покрај тоа што денес постојано се зборува за женската сила, сѐ уште постојат многу девојки кои не се свесни дека ја поседуваат. Сѐ уште постојат девојки на кои им треба маж во животот за да се чувствуваат исполнети, задоволни, целосни и сакани. Добро е да имате машки сопатник, но тој не смее да стане центарот на вашиот универзум. Вие мора да бидете центарот на својот универзум околу кој ќе ротираат сите одлуки и избори. Бидете сонце, а не планета што се врти околу туѓите замисли и идеи. Не заборавајте дека за да ве цени некој, прво мора да се цените самите. Не дозволувајте никому да ве згази и поколеба. Само тогаш кога ќе ги препознаете сопствените квалитети, ќе можете да заблескате во полн сјај и целосно да се ослободите од туѓите влијанија што го попречуваат вашиот личен развој.