КАФЕ ПАУЗА

„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната страна

„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната страна

Written by

in

Изгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Ок, тогаш зошто се трудиш да бидеш убава? Зошто се дотеруваш? Зошто правиш фризура, зошто ставаш шминка?rnrnИзгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Ама ако си згодна плавуша и те застане полиција, доволно ќе ти биде „Се извинувам нема да се повтори“. Ако си ќелав 50-годишник со пивско меше ќе си платиш казна.rnrnИзгледот не е сè. Проценувањето на луѓето според нивниот изглед е сосема погрешно и плитко размислување. Тогаш зошто Пепелашка не си појде на балот облечена во парталави алишта?rnrn„Изгледот не е важен“ – рече девојката од насловната странаrnrnОценувањето на луѓето според тоа како изгледаат е плитко, навистина. Ама изгледот е важен.rnrnМислите дека не е така?rnrnВо ред. Ако видите девојка која на работно место е дојдена со минич кој „со напор“ ѝ го покрива само задникот, со длабоко деколте и евтина шминка придружена со вртоглаво високи потпетици, ќе си речете таа е способна и паметна само не ѝ се погодил денот? Не, нема да мислите така.rnrnАко во дискотека ти пријде тип облечен како од 90-тите години на минатиот век, ќе го откачиш. Ако на интервју за работа некој се појави по тренерки нема некои големи шанси. Ако си заболекар а имаш расипани заби или си фризерка а имаш катастрофална фризура, твоите клиенти ќе имаат доверба во твојата способност? Ако си шеф и се појавуваш на работа по маички со тинејџерски натписи и логоа, мислиш дека уживаш авторитет кај твоите вработени? Ако кажеш дека работиш како манекенка, никој нема да верува дека си паметна.rnrnЗошто упорно тврдиме дека изгледот не е важен, дека важно е она што доаѓа од внатре кога всушност не веруваме во тоа? Дали сме големи хипокрити поради тоа? И дали воопшто мора сè да биде така црно-бело, нема ли средина? Да речеме дека е важно она што го носиш во себе, ама дека изгледот е она што го претставува тоа што си ти, тоа е прва и основна слика за тебе.rnrnДа речеме, на пример, дека продаваш прекрасни и вкусни тортички, но си ги завиткал во многу глупава амбалажа. Што фајде од добриот вкус? Не, не кажувајте глупости дека изгледот не е важен во вакво време. Милиони се трошат на маркетинг кампањи кои треба да го презентираат најдоброто, кои треба сè да спакуваат во „украсна кутија“, да те хипнотизира, да те привлече.rnrnНекогаш скапите фустани се „шминка“ за евтината душа, и во денешно време релативно лесно е да „му замачкаш“ очи некому. Набилданиот батка не мора да значи дека е силен, нашминканата женска не мора да значи дека е убава.rnrnАма тоа е. И книгата ја одбираме според кориците.rnrnЕлиrnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.